Доколку вадите преку скрил пари а немате никаков договор на дело и други договори.
Почитуван,
Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи - Генерална
дирекција Скопје, Ве известува дека:
Согласно член 3 од Законот за персоналниот данок на доход (“Сл весник на
РМ” бр.80/93...13/14 во понатамошниот текст: ЗПДД), доходот што подлежи на ода-
ночување го сочинуваат следните видови на приходи остварени во земјата и во
странство:1) лични примања;2) приходи од самостојна дејност;3) приходи од имот и
имотни права;4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;5)
приходи од капитал;6) капитални добивки;7) добивки од игри на среќа;и 8) други
приходи.
На оданочување подлежат сите приходи од став 1 на овој член што се оства-
рени во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.
Според наведеното, подарокот на готови пари не преставува оданочив
приход според одредбите од ЗПДД.
Истото е регулирано со одредбите од Законот за даноци на имот во кој се
уредува начинот на оданочувањето на следните видови даноци на имот: данок на
имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности.
Согласно горе наведеното, потребно е да се обратите до општинската
администрација, администрацијата на општините во градот Скопје и
администрацијата на градот Скопје.
Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и за даноци
во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема
правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово
користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции
за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен
орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република
Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република
Македонија.