MoneyBookers (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата -X- Manager
  • Време на започнување Време на започнување
Да добиваш payoneer masterCard преку oDesk. Па данокот зависи од тебе пошто сакаш пријави дека зимаш пари сакаш не пријавувај :)
какво е твоето искуство со пријавување/непријавување?
пиши ми по пп ако не е за пред сите ;)
 
Абе сте имале досега проблем со поврзување на payoneer со Skrill ? 2 недели се заебавам, не ми ја прифаќаат на скрил таа сметка, викаат не е до нив проблемот, од payoneer исто викаат не е до нив проблемот. Нешто слично некој да искусил ?
 
побарај ги на твитер. Зезнато е со пејонир исто и на пејпал некад не пуштаат некогаш без проблем ги врзуваш.
 
кој да ги побарам на твитер, во случајов кај скрил е проблемот ? за нив ми викаш да ги барам таму ?
 
Да. Работата е што payoneer ги рачунаат како виртуелни сметки и ради тоа некогаш ги примаат некогаш не...не е до пејонир. На нив им одговара т.е. сеедно им е.
 
Ај ако сака некој да ме извести за плаќање персонален данок на доход од скрил? Примив 50 долари пред месец дена на транскациска, да не ми мрчат во ујп дека се преку скрил? Парите ги заработив преку одеск.
 
Ај ако сака некој да ме извести за плаќање персонален данок на доход од скрил? Примив 50 долари пред месец дена на транскациска, да не ми мрчат во ујп дека се преку скрил? Парите ги заработив преку одеск.
И мене ова не ми е јасно. Значи што ако јас од тебе позајмам 50евра и заминам америка и после тоа од америка ти ги пуштам на скрил? Нормално да после тоа ќе си ги повлечеш на сметка и за тоа ли ке треба да те даночат? На скрилл нели освен ти никој друг нема пристап па како ке знаат дали ти си ги заработил парите или едноставно некој друг ти ги врајка позајмените пари и ти нормално мораш да си ги извадеш.
Ај од поискусниве некој нека обелодени? :D
 
Секој приход мора да се пријави (ете и к-15 пријавуваа вработените иако тоа е нели платено). Во пријавата ќе си наведеш по кој основ си ги добил парите. Е сега ако пријавиш дека си добил 5.000 евра од баба ти од тексас малку ќе биде сомнително па може дополнителни документи да ти бараат :-)
 
Онда тука добра варијанта е да се соговореш со некоја фирмичка тука во мкд. Да ти даде swith code etc. и директ да им пратеш пари т.е. да си купеш пц, телевизор итн. Тие ќе ги пријават парите како приход и ќе си платат данок а ти ќе си земеш хардверот :)
Тука мислам нема начин да те откријаат.
 
Секогаш може да смислиш нешто...или пак да платш данок:-)
 
Ве молам за совет,

Имам Скрил акаунт, направив верификација на Виза од Тутунска (повлече околу 2 евра), ми стигна маил дека картичката е верифицирана, и за проверка ги повлеков назад на картичка 0.87 евра колку што останаа одкога Скрилл си зема провизија за повлекување на картичка. Тоа беше минатиот вторник, тие 0.87 евра уште не се стигнати на картичка. Денес е 5ти работен ден од денот кога ги префрлив од Скрил на Виза НЛБ.

Дали има некој проблем затоа што домашната адреса не ми е верифицирана( Скрилот ми е отворен пред неколку години, ама не го користев до сега, не ми текнува дали ми стигнало писмо за верификација...). Кај трансакцијата на Скрил пишува "Processed".

Значи, дали може да се префрлат пари од Скрил на Виза од Тутунска со верифицирана картичка без верифицирана домашна адреса?

Поздрав
 
Ќе ти стигнат без гајле некогаш им треба повеќе од 5 дена. Само не ми е јасно зошто си повлекувал 0.87 евра...
 
Фала за одговорот, ги повлеков чисто да видам дали функционира повлекување од Скрил на Виза, за зимање(верификација) знам дека ќе ти земат 100%, ама кога треба да земеш, макар и твои пари...

Ме збуни дали треба или не треба верификација на домашна адреса ( со пасош, сметка, возачка дозвола итн итн...), кога картичката ти е верифицирана? И ако не треба варификација на домашна адреса, во кој случај треба да ја верификуваш домашната адреса на Скрил?
 
Фала за одговорот, ги повлеков чисто да видам дали функционира повлекување од Скрил на Виза, за зимање(верификација) знам дека ќе ти земат 100%, ама кога треба да земеш, макар и твои пари...

Ме збуни дали треба или не треба верификација на домашна адреса ( со пасош, сметка, возачка дозвола итн итн...), кога картичката ти е верифицирана? И ако не треба варификација на домашна адреса, во кој случај треба да ја верификуваш домашната адреса на Скрил?
Верификација е потребна доколку исполниш одреден годишен лимит. Мислам дека е 2000 или 2500 евра годишно. Ако не го надминеш тој лимит за една година, ти се ресетира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom