Натпревар во рамки на очекувањата. Не е срамота воопшто да изгубиш од Хрватска, ама останува мала горчина, бидејќи не бвме толку далеку од изненадување. Реално и не одигравме лош натпревар ама за против топ 4 екипа треба повеќе, ова не е доволно. Неколку коментари:
1. На меч против ваква екипа најдобро се гледаат 2те позиции кои вистински чкрипат во екипата: лев бек и голман. На другите позиции колку толку се држиме и имаме доволно добри играчи за да се носиме со врвните екипи. Ама на овие две немаме (особено не по повредата на Наумче - веќе не е истиот од порано) и можеме да се надеваме на изненадување само ако им тргне.
2. Немаше воопшто да ми биди жал за поразот ако не бевме реално толку блиску до победа. Текот на натпреварот и резултатот и не ми се толку битни. Реално примивме премногу наивни голови, а таман помислив дека можеби ги излечивме овие бубачки а згора на тоа и промашивме неколку зицери. Натпреварот според мене го изгубивме во првото полувреме кога дозволивме со неколку полуконтри прелесно го изгубивме водството. Наместо да ги дотолчиме тогаш изгубените хрвати, ние им дозволивме да се вратат во игра пред се затоа што малку ни падна концентрацијата и се одиграа 2-3 последователни недисциплинирани напади. Позитивното и она кое ветува во целата ситуација е дека реално не одигравме максимално, можеме и подобро.
3. Некои гледам се жалат дека тоа што ни фали е полуконтра. Во голема мера се согласувам, ама тоа е пред се бидејќи ни фалат играчи за два правци. Не може да имаме полуконтра која Миркуловски сам треба да ја организира. Фактот што ги менуваме Велко и Ацо за Кире и Наумче ја убива во старт секоја можност за полуконтра. А не дека не пробуваме. Тука барем сме подобрени во однос на минатото кога бевме катастрофа во транзиција.
4. Го плукате Маркоски, требало Димовски место него да се земе
. Ако го игравме Димовски место Маркоски, 10 разлика ќе изгубевме на овој натпревар. И вака пола голови Хрватите ги дадоа во транзиција, така којзнае колку ќе примевме. Тотално бесмислено е кога веќе и онака имаш двајца кои мора да ги менуваш напад-одбрана да играш уште еден против екипа која има убиствена полуконтра. На Маркоски може уште 10 зицери да му одбранат и пак да биде покорисен од Димовски. А за промашените зицери, јбг се дешава. Се на се јас сум задоволен од него и треба да се посвети повеќе внимание имаме пикер за два правци во него само треба да се доизбруси. Не велам дека ќе биде добар колку Столе, ама и не мора. Неговото повикување и играње е еден од најдобрите потези на Обрван на ова првенство, а не да го пцуете за тоа.
5. Да се надеваме дека Борко ќе има ден во осминафиналето. Бидејќи вака, како и да играме нема да можеме никогаш да се одлепиме од противникот. Реално знае да фати по некој зицер и да одбрани тешки удари од време на време, ама претерува со проценки при шутеви од надвор од бековска позиција. Имаше неколку гола кои и тоа како одат на негова сметка, мораше да биде пофокусиран и да има подобра реакција во тие случаи.
6. Има забелешки гледам за уфрлањето на Ф.Лазаров, ама да не се лажеме тоа беше повеќе очајнички обид отколку си некаква глупава стратегија. Наумче беше тотално изгубен против високата зона на хрватите, па Обрван реши да проба со доста повисок играч кој можеби е и подобар проигрувач кон пикер и крило (кога ја нема изгубено самодовербата). Не успеа, ама не би кревал премногу прашина околу тоа.
Следно Словенија или Катар. И едните и другите не ги сакав за противници, ама ако играме како против Тунис или Хрватска имаме реални шанси да поминеме...
П.С. Credit where credit's due: Хрватите ја кренаа на многу повисоко ниво играта, особено во одбрана, во однос на претходните нтпревари. Вака може да се надеваат на медал.