Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Јас навистина не разбирам што гледате во Блинд. Тој е класичен алиби играч. Не ги греши додавањата, но од неговите алиби додавања никаква корист не излегува. Или се паралелно со голот, или одат наназад. Во дуели не е баш некој звер, а офанзивно е скоро бескорисен. За мене тој е комплетно промашување, многу промет малку ќар.
Керик го прави тоа веќе некој период во Јунајтед. Блинд е доста интелегентен играч и секогаш од одбрана бара да ја прими топката па да ја движи до останатите средни играчи или бочно. Добро ја чита противничката игра и знае да пресечи противнички напади. Смирен е доста и не паничи. За мене неговиот трансфер е кражба.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.527
Поени од реакции
2.383
Блинд и Ерерa се сoсемa рaзлични типoви нa везњaци. Блинд дoбивaше минутaжa рaди oтсуствoтo нa Керик и меѓу нив бирa Вaн Гaл кaкo диктaтoри нa темпo сo дoстa пoдoбри дефaнзивни кaрaктеристики, дoдекa Ерерa вo мoментoв пaрирa сo Фелaини и Руни зa пoзицијa кoјa е пooфaнзивнa пo срединaтa, пoплејмејкерскa. Јa би сaкaл еден нaтпревaр кoгa Руни би бил истурен шпиц, a Ерерa сo Фели и Керик/Блинд би игрaле пo срединa.
Ја би сакал да го видам еднаш Фелаини баш онака во стилот на Матич пошто тие двајца ми се ептен слични играчи а Ерера до него како креатор на играта.Сепак греота е да седи на клупа играч како Ерера.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Керик го прави тоа веќе некој период во Јунајтед. Блинд е доста интелегентен играч и секогаш од одбрана бара да ја прими топката па да ја движи до останатите средни играчи или бочно. Добро ја чита противничката игра и знае да пресечи противнички напади. Смирен е доста и не паничи. За мене неговиот трансфер е кражба.
Интелигентен играч, ајде во ред. Која е природна позиција во тимот на Блинд? Кај и да го стават игра просечно. На бековската позиција е преспор и премек. За заден везен нема ниту доволно физичка сила, ниту знаење. За офанзивен везен нема доволно техника ниту фантазија. Мене тој ми е мек играч, воопшто не ми е калибар за Манчестер.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.941
Поени од реакции
4.457
Баш заради тоа што не се забележителни Блинд и Керик се генијални. Незнам колку ги пратиш на утакмици, но имаат одлична поставеност во одбрана. Покриваат во дефанзива агли што не дозволуваат проигрувања меѓу противниците. Пробај (@Ставрогин ) прати ги интензивно на некоја утакмица ќе видиш на што мислам.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Ја би сакал да го видам еднаш Фелаини баш онака во стилот на Матич пошто тие двајца ми се ептен слични играчи а Ерера до него како креатор на играта.Сепак греота е да седи на клупа играч како Ерера.
Епа кај нас улогата на Матич ја имаат Керик и Блинд моментално. Фели е преопасен да се ограничи на таква позиција моментално, а и ми се чини не би бил доволно дисциплиниран да се ограничи на таа позиција зошто доста е лукав и често знае да влета доста длабоко напред и да се заборави каде е позициониран, а пасерски и визионер е далеку зад Керик и Блинд. Сакам и јас Ерера да го гледам во прв тим пошто е голем работник, ама мислам дека ќе добие соодветна шанса во вториов дел од сезонава.

Интелигентен играч, ајде во ред. Која е природна позиција во тимот на Блинд? Кај и да го стават игра просечно. На бековската позиција е преспор и премек. За заден везен нема ниту доволно физичка сила, ниту знаење. За офанзивен везен нема доволно техника ниту фантазија. Мене тој ми е мек играч, воопшто не ми е калибар за Манчестер.
Блинд ти е класичен заден везен кој не мора да има физички предиспозиции за да биде успешен. Макелеле профил на играч (не скроз ист). Доста е интелегентен и баш напротив има доста знаење ако ја следиш играта негова. Знае да покрие доста што ги онеспособува противниците да градат напади, а исто е доста технички поткован. Не знам како заклучи дека нема знаење и техника кога види го само пасот кон Вилсон кога му ја поместија на Фалкао или центаршутевите колку му се предобри. Сети се на голот на РВП против Шпанија таа долга топка од центар кој му ја прати. Настрана од тоа, нешто што го краси и него и Керик е игра без топка која онеспособува противнички напади, прави простор за проигрување меѓу нашите влечејќи луѓе за него (исто ова е добра особина и на Ерера).
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.527
Поени од реакции
2.383
Епа кај нас улогата на Матич ја имаат Керик и Блинд моментално. Фели е преопасен да се ограничи на таква позиција моментално, а и ми се чини не би бил доволно дисциплиниран да се ограничи на таа позиција зошто доста е лукав и често знае да влета доста длабоко напред и да се заборави каде е позициониран, а пасерски и визионер е далеку зад Керик и Блинд. Сакам и јас Ерера да го гледам во прв тим пошто е голем работник, ама мислам дека ќе добие соодветна шанса во вториов дел од сезонава.
Значи тоа зависи и од Ван Гаал,кога тој би го ставил да игра дифензив мидфилдер и би го ограничил таму мислам дека Фелаини би немал проблем.Блинд и Керик се океј не викам не,ама со екипи кои играат со по двајца на тие позиции би можело да се проба со Фелаини и Ерера пошто и двајцата се добри со топка посебно Ерера кој мислам дека превише го ограничуваат во играта а е доста креативен играч.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Значи тоа зависи и од Ван Гаал,кога тој би го ставил да игра дифензив мидфилдер и би го ограничил таму мислам дека Фелаини би немал проблем.Блинд и Керик се океј не викам не,ама со екипи кои играат со по двајца на тие позиции би можело да се проба со Фелаини и Ерера пошто и двајцата се добри со топка посебно Ерера кој мислам дека превише го ограничуваат во играта а е доста креативен играч.
Се сложувам, но најмногу зависи од противникот. Ван Гал се изгори против Лестер и во прво против ВБА кога го извади Ерера и кога влезе Фелаини и од тој период Ван Гал го промени пристапот.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Или евентуално Матиа Перин од Џенова ако не го собере некој друг тим пошто и тој е во страшно добра форма во моментов као замена за Де Геа ако веч се деси да си оди од кај нас.
Овај па кога ќе ископа некој играч од некој тим налик Љорека :facepalm:
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.527
Поени од реакции
2.383
Овај па кога ќе ископа некој играч од некој тим налик Љорека :facepalm:
Добар е мајке ми,го имам гледано сезонава доста и баш ми има остаено утисак.:)[DOUBLEPOST=1421871136][/DOUBLEPOST]
Се сложувам, но најмногу зависи од противникот. Ван Гал се изгори против Лестер и во прво против ВБА кога го извади Ерера и кога влезе Фелаини и од тој период Ван Гал го промени пристапот.
Тогаш играше ако не се лажам со Блинд и Ерера кои не беа премногу дефанзивно организирани.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Добар е Перин бе, не го напаѓајте одма Ацета наш. Баш неколку пати го имам гледано годинава, а и порано кога Пескара играше во Серија А беше добар, ама сега е стварно уште повеќе подобрен. Арсенал го следи некој период веќе. Мада не го даваме Де Геа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.641
Поени од реакции
6.468
На Блинд и Керик им фали агресивност. Кога би ја имале би биле комплетни за таа позиција.
Ова особено доаѓа до израз кај Блинд бидејќи е поситен и во дуели лета како пердув.
Керик е поснажен и поцврст во дуели и тоа го прави подобар од Блинд за мене.
Баш на форумов мислам пред 2-3 години се критикуваше Керик дека не прави стартови. Ова е тоа што му фали за да биде најдобар во свет на таа позиција.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.052
Поени од реакции
68.048
Се сложувам, но најмногу зависи од противникот. Ван Гал се изгори против Лестер и во прво против ВБА кога го извади Ерера и кога влезе Фелаини и од тој период Ван Гал го промени пристапот.
Против Лестер се изгоре што на 1-3 не ја згусна средината на сметка на нападот.
Пушти Мата место Фалкао, нека ја пимплаат со Ерера цел ден на средина на терен.

Он сакаше да ги утепа скроз, нели, претходниот ги прегазивме QPR со 4 гола, па мислеше пак истото да го направи.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
http://www.telegraph.co.uk/sport/football/teams/manchester-united/11361451/Manchester-United-climb-to-second-behind-Real-Madrid-in-worlds-highest-earning-clubs.html

United had been top in the eight years before that and Austin Houlihan, senior manager at Deloitte, said: “Their absence this season from European competition will be felt in next year’s Money League position. But if they can return to the Champions League in 2015-16, there is a strong possibility they could be top in two years’ time.”

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
"@MikeKeegan_DM: Strootman? Hummels? Pay off the debt? Expand the south stand? A look at #mufc financial planning: http://t.co/GI2YOb43LE"

Освен за трансфери, парите ќе одат и за отплаќање на долгот и за завршување на реконструкцијата на ОТ за да собира 100,000 како што собирал првично.

Ван Гал одбил да потврди дека останува Флечер, значи ќе оди некаде. Јанг, Смолинг и Еванс нема да играат утре, Шо најверојатно ќе игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom