Чисто информативно, еве кои канали се преведени на македонски јазик:
Иначе откако се случија низа работи со преводите на канали и АААВМУ, пратив преставка, која од АААВМУ се препрати кај МИОА, која најверојатно ќе се разгледа за измени на Законот, кој на операторите освен на македонски и рамковен, не се дозволуваше друг јазик кај операторите.
Но и покрај низа образложенија кои им ги пратив, јас дадов предлог на начин како Владата (кога веќе не сакаат операторите) да ги локализираат каналите:
Првиот: да формира државно тело (Агенција, Совет, Дирекција, Комисија и сл.) која ќе биде задолжена за локализирање на странските ТВ канали, но локализирањето да не подразбира само превод на македонски (и/или на албански јазик) на серии, филмови и документарни програми, туку и синхронизација на програмите за деца како и воведување на коментатори кај спортските ТВ канали. Финансирањето нека се врши преку сметките на корисниците на операторите на јавни комуникациски мрежи и/или на друг основ кој самите ќе го предвидите.
Вториот: Министерството за култура да субвенционира странски ТВ мрежи и/или самостојни странски ТВ канали да ја преведуваат својата програма на македонски јазик. Како субјект кој ќе го финансира субвенционирањето според мене може да биде и Министертсво за култура, АААВМУ, како и Министертсвото за информатичко општество и администрација. Субвенционирањето нека биде на одреден период, по што самите канали и/или мрежи би го продолжиле процесот на локализација.
Јас искрено се надеавам дека МИОА ќе ги разгледа моите предлози и забелешки, кои искрено, покрај мои мислења, вметнав и размислувања и образложенија земени од некои форуми.
Еве го известувањето од АВМУ, на 9ти што ми го испрати:
http://upload.the9day.com/?di=3OJT