Преводи на странски ТВ канали

  • Креатор на темата Креатор на темата Daddy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви пречи тоа што не се преведени повеќето од содржините на странските ТВ канали на македонски?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Добра анкета иако мене лично не ми смета немањето МК коментатори, пошто реално за коор не ги бива, но истотака не ми се допаѓаат ни Хрватскиве коментатори на СпортКлуб (со исклучок на оние што коментираат НФЛ). Ми фалат Вишко, Баки, Срџан, Дарко и остали, и би сакал да остане опција да се менува аудио јазикот на програмата ако веќе воведат наш јазик. Не сме ние криви што не е милозвучен нашиот јазик како српскиот.
 
И јас се надевам исто. Но гледајќи ги првичните резултати, да ми ти кажам, на народов не му пречи многу многу што спортските канали не се со македонски коментатори... :) Едино се прашуваш зошто имаме држава ако не ни пречи странски, туѓ јазик...
Зошто некој би сакал да слуша потпросечен македонски коментатор наместо странски експерт?
 
Добра анкета иако мене лично не ми смета немањето МК коментатори, пошто реално за коор не ги бива, но истотака не ми се допаѓаат ни Хрватскиве коментатори на СпортКлуб (со исклучок на оние што коментираат НФЛ). Ми фалат Вишко, Баки, Срџан, Дарко и остали, и би сакал да остане опција да се менува аудио јазикот на програмата ако веќе воведат наш јазик. Не сме ние криви што не е милозвучен нашиот јазик како српскиот.
Зошто некој би сакал да слуша потпросечен македонски коментатор наместо странски експерт?

Не се работи за квалитетот на коментаторот и неговите компетенции, целта на анкетата и анализата што ќе биде наскоро, е заштитата на македонскиот јазик.
Иако не следам воопшто спорт, знам по стариов и брат ми дека не ги обожаваат премногу нашите коментатори а богами и хрватските...
Но ако треба да избирам, јас лично, би одбрал македонски наместо странски коментатор.
 
Ние не сме способни да обезбедиме пренос кога наш тим игра во Финал 4 на национална телевизија во најголемо ракометно натпреварување, не па да се избориме за македонски превод на спортските канали. Исто така веќе ни преноси од МК фудбалска репрезентација нема на ниедна наша телевизија доколку сте заприметиле :) Најважно содржината е пополнета од сите и со секаква нарачана политичка пропаганда.

Чорба Македонче.
 
Кога ги гледам вака резултатите од анкетата, се плашам дека не ни заслужуваме да имаме држава... Но ај да се среди целата анализа и да заврши анкетата, па ќе објави во целост.
 
Не се работи за квалитетот на коментаторот и неговите компетенции, целта на анкетата и анализата што ќе биде наскоро, е заштитата на македонскиот јазик.
Иако не следам воопшто спорт, знам по стариов и брат ми дека не ги обожаваат премногу нашите коментатори а богами и хрватските...
Но ако треба да избирам, јас лично, би одбрал македонски наместо странски коментатор.
Прво, јазикот не се зачувува со спортски коментатори. ТВ правата и спортските преноси на денешницава се огромна индустрија. Кој ќе понуди квалитет и најважно, кој ќе плати - тој ќе диктира услови. За вакви работи апсолутно не постои место.
И, да, баш за квалитетот на преносот и коментаторите се работи. Чак и ако странскиот пренос касни секунда-две или нешто слично, никој нема да одбере да го слуша Југо наместо странецот, а истото би го сторил и ти доколку активно би следел спорт.
2019-та сме, а МТВ сеуште прави емисии со лош грин скрин и две маси на првенства на кои што учествува наша репрезентација. Дај, молим те.

Второ, виновниците треба да ги барате дома. Почнувајќи од шарлатаните - преведувачи, до професорите во училиштата, па се до Спенџарска и останатите ТВ лица кои на дневна база ги сакатат пропишаните јазични норми. Тоа дали Фокс ќе има македонски или српски превод нема да смени ништо ако ние самите си го закопуваме јазикот.
 
Ова е многу точно, еве на Хрватскиов СК има еден коментатор така дебелко пристаро човече, кое коментира тенис, и секојпат кога ќе го слушнам ми иде да замразам и тенис и све, толку иритантен коментатор не сум чул до сега.
 
Прво, јазикот не се зачувува со спортски коментатори. ТВ правата и спортските преноси на денешницава се огромна индустрија. Кој ќе понуди квалитет и најважно, кој ќе плати - тој ќе диктира услови. За вакви работи апсолутно не постои место.
И, да, баш за квалитетот на преносот и коментаторите се работи. Чак и ако странскиот пренос касни секунда-две или нешто слично, никој нема да одбере да го слуша Југо наместо странецот, а истото би го сторил и ти доколку активно би следел спорт.
2019-та сме, а МТВ сеуште прави емисии со лош грин скрин и две маси на првенства на кои што учествува наша репрезентација. Дај, молим те.

Второ, виновниците треба да ги барате дома. Почнувајќи од шарлатаните - преведувачи, до професорите во училиштата, па се до Спенџарска и останатите ТВ лица кои на дневна база ги сакатат пропишаните јазични норми. Тоа дали Фокс ќе има македонски или српски превод нема да смени ништо ако ние самите си го закопуваме јазикот.

Па ајде да ги затвориме телевизиите на македонски јазик!
Јазикот и тоа како се зачувува со спортските коментатори кои треба да се на македонски јазик (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со цртаните филмови кои треба да се на македонски јазик (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со талент шоута кои треба да се на македонски (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со реклами на македонски јазик (а не на српски, словенечки или бугарски).

Врска нема дека: кој ќе плати тој ќе ги диктира услови. Државата е таа која треба да ги диктира условите, а не приватна компанија.

*среќа што турските серии се на македонски зошто тогаш само на вестите ќе се слушаше македонскиот јазик.
 
Џабе ако не се на ниво на коментаторите на Арена кои коментираа Вардар, ова не е комунизам, се гледа само кој има најдобар производ, ако ти е производот тапа, никаков закон нема да ти помогне.
 
Па ајде да ги затвориме телевизиите на македонски јазик!
Јазикот и тоа како се зачувува со спортските коментатори кои треба да се на македонски јазик (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со цртаните филмови кои треба да се на македонски јазик (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со талент шоута кои треба да се на македонски (а не на српски).
Јазикот и тоа како се зачувува со реклами на македонски јазик (а не на српски, словенечки или бугарски).

Врска нема дека: кој ќе плати тој ќе ги диктира услови. Државата е таа која треба да ги диктира условите, а не приватна компанија.

*среќа што турските серии се на македонски зошто тогаш само на вестите ќе се слушаше македонскиот јазик.
:popce::popce::popce:

Дај ако не државата да наложи се да се натсинхронизира, така нема кај да бега јазикот, засекогаш ќе ни биде зачуван.

:popce:[DOUBLEPOST=1559663123][/DOUBLEPOST]А, да, цртаните.

Замисли јас како мал постојано гледав Картун Нетворк и така научив перфектно англиски и замисли не си го заборавив мајчиниот јазик. А, замисли пак, еден школски не ги бендисувал многу тие на Картун Нетворк па си цепал РТЛ по цел ден, перфектно научил германски и замисли човече не го заборавил мајчиниот. Замисли.....
 
Замисли денешниве деца прво прозборуваат на српски а после на македонски. На РТЛ само германски јазик се слуша. Замисли...
 
Ајде и алкохолот да го забраниме пошто има стоки од луѓе што не знаат за мерка.

Што е подобро, германскиот начин каде 24/7 си опркужен само со еден јазик и затупуваш или она „нашето“ и на сиот разумен свет каде секоја емисија/филм/било што ги гледаш со оригинален звук, при што ем го гледаш делото во автентична форма, ем слушаш странски јазици (и учиш)?
 
Да, германците се еден од најзатупаните народи, баш затоа што целата програма им е на својот јазик. Исто и французите и шпанците и италијанците.
 
Се губи на квалитет со синхронизирање на тв програма.
Да, тоа синхронизирање го прават многу држави, и во Бугарија синронизираат, и во Полска, Русија и многу држави, но не треба тоа и кај нас да се направи.

Во Србија во нивниот парламент пратениците на Унгарското малцинство иако по закон имаат право да зборуваат на Унгарски јазик тие кажаа дека ќе зборуваат на Српски јазик бидејќи при преведување се губела понекогаш содржината и значењето на текстот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom