За болдот не е оправдано погрешка сум напишал, не ја оправдувам надворешната политика на франција, еве тоа да го земем за овој случај, за останатиот исламски радикализам кој го спомнав: окупации и последици што ги набројав за кои не одговори ништо а се дирекно поврзани со менталниот склоп на муслиманите.
Види, јас не го оправдувам шеријатот, само не треба некои работи да ти ги заслепуваат очите за тоа што се случува. Еве види во светот кој е најголем борец против политиката на КСА и исламската држава во регионот, пак се регионалните муслимани. Сирија на Асад, Иран, Курдите.... Додека да се подсетиме, западот ги вооружуваше во Сирија, воено ги подржа во Либија. Западот е крив воопшто за постоењето на Исламската држава.
Гледам дека си за цензура на слободно изразување заради чуствата на одредена група во врска со нивниот пророк, и да ми објасниш доколку се воведе таква цензура што ќе ги спречи да барат понатаму банирање на свинско од учебници списанија месари, банирање на незабулени жени по улица, банирање на алкохол и ред други работи што ги навредуват муслиманите се до веведување шеријат?
Јас не сум за никакво ограничување на мислењето, се додека тоа не ме загрози физички. Провокацијата на карикатурите може да има последици и по нас, а можеби тоа ние ќе го осетиме меѓу првите. Овие провокации имаат за цел радикализирање на сите муслимани, диференцијација на светско ниво, што всушност и се случува.
Јас го кажав моето мислење за ситуацијата кое ти го истовести со Хитлер а не одговори зошто, освен дека и хитлер така викал, сподели го твоето гледиште за овие работи да знаеме бар за што дискутираме
Не е тоа твое мислење, тоа е наметнато мислење, да беше твое мислење немаше да има 3.5 милиони луѓе излезено во Франција. Како што кажав 17 луѓе се само капка во морето. Каде се децата од Смилковци? Каде се 2000 во Нигерија? Каде се 100 деца во Пакистан? Или тие не се важат. Еве ќе ја насочам дебатата во друг правец, што е со жртвите на бомбардирањето во Србија? Во таа интервенција учествуваше и Франција и таму имаше повеќе жртви од 17 и тоа беше пред 15 години, не пред 150.
Јас не го истоветив твоето мислење со Хитлер, туку само покушавам да ти укажам на сличностите. Едно од најопасните оружја на нацистите била пропагандата. Истата таа опасна пропагандна шема ја употребува западот.[DOUBLEPOST=1421499107][/DOUBLEPOST]
Гледам дека си за цензура на слободно изразување заради чуствата на одредена група во врска со нивниот пророк, и да ми објасниш доколку се воведе таква цензура што ќе ги спречи да барат понатаму банирање на свинско од учебници списанија месари, банирање на незабулени жени по улица, банирање на алкохол и ред други работи што ги навредуват муслиманите се до веведување шеријат?
И повторно, што биле криви тие во 4 христијани во Нигер кои биле егзекутирани заради карикатурите на Чарли Ебдо?
Додека Франција извади на улиците 10000 војници. Но дали може да ги заштити сите што ќе бидат засегнати од бесот на муслиманите низ светот? Мислиш дека карикатуристите имаат грижа на совест за овие 4 во Нигер?