Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Ако не сакаат да се црта ликот на Мухамед нека не го цртаат. Толку е едноставно. Муслиманите не сакаат да им се прави карикатура од религијата. Слобода на говор не значи дека некој може да вреѓа се околу себе. Сепак има граници.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.448
Поени од реакции
4.936
Хуморот не убива луѓе.Луѓето убиваат луѓе(особено оние на кои им смета ваквиот хумор).
Thanks Sherlock, ова не го знаев.

Иначе прашав и порано, зошто имате двојни стандарди, зошто за дронот викавте не требаше да се провоцира, а овде подржувате слобода на говор, зошто дронот не беше слобода за навивање? Уметност?

Зошто овде терористите се виновни, а таму се албанците?
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
187
Поени од реакции
27
ne opravduvam nikakov vid na odzemanje covecki zivot, no ova sto se sluci sega mislam deka site znaea deka ke se sluci porano ili podocna. igranje so custvata na nekoja vera ili nacija e opasna rabota, nekoj toa go svakja premnogu licno. isto mu se sluci i na palestinskiot karikaturist sait al-ali 1987 so negovite karikaturi nasoceni kon izrael
 
?

..........

Гостин
Ако не сакаат да се црта ликот на Мухамед нека не го цртаат. Толку е едноставно. Муслиманите не сакаат да им се прави карикатура од религијата. Слобода на говор не значи дека некој може да вреѓа се околу себе. Сепак има граници.
Многу е едноставно да се свати, ако им смета на муслиманите тоа што французите го исмеваат нивниот пророк нека се вратат назад во пустината[DOUBLEPOST=1421492000][/DOUBLEPOST]
ne opravduvam nikakov vid na odzemanje covecki zivot, no ova sto se sluci sega mislam deka site znaea deka ke se sluci porano ili podocna. igranje so custvata na nekoja vera ili nacija e opasna rabota, nekoj toa go svakja premnogu licno. isto mu se sluci i na palestinskiot karikaturist sait al-ali 1987 so negovite karikaturi nasoceni kon izrael
Истото може да го кажеме и за национализмот, сведоци сме дека секојдневно во некој медиум се исмејува или омалуважува некој народ или држава, и што ако сега се кренат тие навредените на војна заради нивните чуства и емоции?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.773
Поени од реакции
26.337
Многу е едноставно да се свати, ако им смета на муслиманите тоа што французите го исмеваат нивниот пророк нека се вратат назад во пустината
Ставот е еднаков на ставот на Хитлер спрема Евреите, ако не ви се свиѓа нацизмот, можете слободно да одите на Мадагаскар.

Исто така имај во предвид дека голем број на муслимани во Европа се населиле таму како бегалци од ситуација која самите Европјани ја произвеле, било на Блискиот исток било во Африка.
 
Западна европа барем во последните 50 години е либерално општество, каде секој може да ги искаже своите ставови и хуморот и сатирата се дел од тоа општество, муслиманите се малцинство во западна европа, нив тоа слободно општество слободно им дозволува да ја практикуват својата религија, но не и да наметнуват правила, ѓто е следно? ќе им засмета сланината во месарниците, ќе им засмета жена без бурка ....ако им смета нека не го читат тоа списание нека не ги гледат тие програми каде се исмејува нивниот пророк, ако пак толку многу им смета нека се вратат во пустина, во СА е забрането да си христијанин, во Русија е забрането да си педер, своја држава како сакат ќе си ја уредува мнозинството во таа држава.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Thanks Sherlock, ова не го знаев.

Иначе прашав и порано, зошто имате двојни стандарди, зошто за дронот викавте не требаше да се провоцира, а овде подржувате слобода на говор, зошто дронот не беше слобода за навивање? Уметност?

Зошто овде терористите се виновни, а таму се албанците?
Прва работа,никој не ги испука нив поради дронот.Второ,тоа е стадион со илјадници загреани навивачи,што се очекува таму?Смешно е кога некој од Албанциве се бунеа со аргументи од типот,да ама они нас први не вреѓаа на стадион.За ова и сам знаеш дека СЕКОГАШ на стадион има вакви препуцавања.Комити не пеат,чиста,чиста,чиста Македонија?Шверцери не пеат Тоше педер/Учк или нз што?Контра прашањето е до нив,зарем они од едни обични навивачки препукувања беа до толку навредени па дронот го пуштија?
И трето,која слобода на изразување е тоа со мапа на голема албанија?Сакаш да ми кажеш дека знамето беше уствари апстрактна форма,која ги претставува уствари парадоксите на земниот живот,љубовта кон астрономијата и вечната борба на генетски модифицираните црнци од западен Тимбукту?НЕ.Тоа беше акција,Чисто направена за да се направи проблем и да се постигне Х цел,што не ја ни постигнаа,бидејќи ја изгубија утакмицата.
А и сите тие што славеа вечерта во Мкд,не славеа поради слободата на говор,туку поради херојското дело,што го направиле албанските маченици во срцето на нивниот вечен непријател.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.773
Поени од реакции
26.337
Западна европа барем во последните 50 години е либерално општество, каде секој може да ги искаже своите ставови и хуморот и сатирата се дел од тоа општество, муслиманите се малцинство во западна европа, нив тоа слободно општество слободно им дозволува да ја практикуват својата религија, но не и да наметнуват правила, ѓто е следно? ќе им засмета сланината во месарниците, ќе им засмета жена без бурка ....ако им смета нека не го читат тоа списание нека не ги гледат тие програми каде се исмејува нивниот пророк, ако пак толку многу им смета нека се вратат во пустина, во СА е забрането да си христијанин, во Русија е забрането да си педер, своја држава како сакат ќе си ја уредува мнозинството во таа држава.
Слично како и нацизмот за време на Хитлер.

Ако е така прашањето е што барале Французите да го окупираат Алжир? Ова што се случи е директна последица на таа окупација.
 
?

..........

Гостин
Слично како и нацизмот за време на Хитлер.

Ако е така прашањето е што барале Французите да го окупираат Алжир? Ова што се случи е директна последица на таа окупација.
Значи треба малцинството да ја уредува државата за да не биде како Хитлер така? тоа сакаш да ми кажеш, или дека списание за хумор и сатира = Хитлер

Французите го окупирале Алжир, тоа не е неоправдано, но е надвор од дискусијата.
Темата е за забрана на слобода на говор наметната од малцинство од 7% заради повреда на нивните чуства, значи чуства и фантазии за нивниот измислен односно недокажен лик од приказните кое ти го ставаш на исто рамниште со Хитлер и холокаустот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.060
Поени од реакции
80.947
Зошто овде терористите се виновни, а таму се албанците?
Кој вика дека терористите се криви?
Како може тие маченици, кои сега се здобија со по 72 девици и кои уживаат сега во џенетот, да се криви?
Тие загинаа за да се оствари ниетот на секој Албанец:

Озбилно, колку може да е некој глуп, да го спореди дронон, со масакр на недолжни луѓе?
 
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Ова што се случи е директна последица на таа окупација.
На која окупација е дирекна последица забраната во СА да бидеш христијанин?
На која окупација е дирекна последица жената да не смее да вози и да биде дискриминирана коко стока во исламските земји?
На која окупација е дирекна последица жртвите од Смилковско езеро?
............ од каде толкава желба да се одбрани ставот на муслиманите кај тебе? да не се забули и ти, што не отрча да ги подржуваш кога кај нас дивееа по градот за случајот монструм, заедно ќе извикувавте алах е голем и ке колневте каури..[DOUBLEPOST=1421495502][/DOUBLEPOST]
Thanks Sherlock, ова не го знаев.

Иначе прашав и порано, зошто имате двојни стандарди, зошто за дронот викавте не требаше да се провоцира, а овде подржувате слобода на говор, зошто дронот не беше слобода за навивање? Уметност?

Зошто овде терористите се виновни, а таму се албанците?
Затоа што тој случај со дронот беше на гости, исто како да одиш во СА и да извадиш крст и кандило и да шеташ по улица, а французите дома си цртат карикатури, и не го дрвете веќе за тој дрон..
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.773
Поени од реакции
26.337
Значи треба малцинството да ја уредува државата за да не биде како Хитлер така? тоа сакаш да ми кажеш, или дека списание за хумор и сатира = Хитлер

Французите го окупирале Алжир, тоа не е неоправдано, но е надвор од дискусијата.
Темата е за забрана на слобода на говор наметната од малцинство од 7% заради повреда на нивните чуства, значи чуства и фантазии за нивниот измислен односно недокажен лик од приказните кое ти го ставаш на исто рамниште со Хитлер и холокаустот.
Процентот е горе доле ист со процентот на Евреите во нацистистичка Германија. Што се однесува до хумоорот и сатирата, на крајот на 19 век, во Австрија почнале да се појавуваат карикатури на Евреите што за чудо се совпаѓа со перидот кога почнал антагонизмот против Евреите, а кулминирал со холокаустот.

Чарли Хебо или како и да се вика весникот, прави карикатури, политички мотивирани. На хуморот и сатирата не му е место во политиката, и не треба да биде што би рекол Чорба „забава у служби режима“.

За болодот, не е неоправдано, значи е оправдано ? Не може да не е тема причинско последична поврзаност. Франција не постои во последните 10 години, па ајде сега да се правиме слепи. Ајде и да го заборавиме Алжир, што е се бомбардирањето на Либија? Што е со Сирија, Авганистан, Ирак, Србија....[DOUBLEPOST=1421496885][/DOUBLEPOST]
На која окупација е дирекна последица забраната во СА да бидеш христијанин?
На која окупација е дирекна последица жената да не смее да вози и да биде дискриминирана коко стока во исламските земји?
На која окупација е дирекна последица жртвите од Смилковско езеро?
............ од каде толкава желба да се одбрани ставот на муслиманите кај тебе? да не се забули и ти, што не отрча да ги подржуваш кога кај нас дивееа по градот за случајот монструм, заедно ќе извикувавте алах е голем и ке колневте каури.
Кој рече дека го бранам ставот на радикалниот ислам? Тоа што се случува во Европа иде во корист на радикалниот ислам. Европа ги подржа воено, исламистите во Либија, Сирија, Тунис Египет....

Тоа што се случува кај нас и што се случува во Европа се 2 различни работи. Или живеете во заблуда дека „Европа конечно ќе свати кои се муслиманите“, слично како што имаше заблуда за 9/11. Но кај нас и по 2001 ништо не се смени, а ништо нема да се смени и сега. Сега да се деси кај нас ново Смилковско Езеро истите тие Европјани ќе дојдат да ни го покажуваат часовникот дека е 5 до 12.

Едноставно, како што кажав, тие 17 луѓе што се убиени во Париз се само мала капка во морето на злоделата на таа иста идеологија, кое за жал ќе биде политички искористено исто како што е политички испровоцирано и политички мотивирано. Радикалниот ислам е во служба на разни политички идеологии во различен временски период. Во втора светска војна, во служба на Хитлер, после втора светска војна во служба на источниот блок, и од пред крајот на студената војна, па се до денес, во служба на западните либерални земји.

Е сега не секогаш нивните разгалени деца можат да се држат под контрола. Или како што би рекле, кој си игра со огин некад и сам бива изгорен.

А причини за напади на западот има многу, почнувајќи од крстоносните војни, преку колонизацијата, па се до модерните воени интервенции. Така да карикатурите се само повод.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Слобода на Говор:
France Arrests 54 For Defending Terrorism, Announces Crack Down
Individuals charged with “inciting terrorism” face a possible 5-year prison term, or up to 7 years for inciting terrorism online. None of those arrested have been linked to the attacks.

http://talkingpointsmemo.com/news/france-prosecutors-crack-down-hate-speech

И за оние кои испуштија, благодарение на шок третманот, на 12 Јан - во јавноста помина незабележано новото буџетско оптоварување на Франција за осигурување “нов ангажман во Ирак“.

Се разбира под водство на САД, кој се обидува да прогура нова легислатива која ќе им овозможи Неограничена Воена Интервенција без оглед на географските граници:

Senate GOP leaders said after the White House meeting that Obama told them he’s preparing to send a legislative framework to Capitol Hill directing an Authorization of the Use of Military Force against ISIL in Iraq and Syria.

Read more: http://www.politico.com/story/2015/01/hill-leaders-war-authorization-white-house-114226.html#ixzz3P51XCbzP

Secretary of State John Kerry Pushes for Endless War Authorization

We do not think an AUMF should include a geographic limitation,' Kerry told Senate committee
http://www.commondreams.org/news/2014/12/10/secretary-state-john-kerry-pushes-endless-war-authorization
 
?

..........

Гостин
Процентот е горе доле ист со процентот на Евреите во нацистистичка Германија. Што се однесува до хумоорот и сатирата, на крајот на 19 век, во Австрија почнале да се појавуваат карикатури на Евреите што за чудо се совпаѓа со перидот кога почнал антагонизмот против Евреите, а кулминирал со холокаустот.

Чарли Хебо или како и да се вика весникот, прави карикатури, политички мотивирани. На хуморот и сатирата не му е место во политиката, и не треба да биде што би рекол Чорба „забава у служби режима“.

За болодот, не е неоправдано, значи е оправдано ? Не може да не е тема причинско последична поврзаност. Франција не постои во последните 10 години, па ајде сега да се правиме слепи. Ајде и да го заборавиме Алжир, што е се бомбардирањето на Либија? Што е со Сирија, Авганистан, Ирак, Србија....
За болдот не е оправдано погрешка сум напишал, не ја оправдувам надворешната политика на франција, еве тоа да го земем за овој случај, за останатиот исламски радикализам кој го спомнав: окупации и последици што ги набројав за кои не одговори ништо а се дирекно поврзани со менталниот склоп на муслиманите.
Гледам дека си за цензура на слободно изразување заради чуствата на одредена група во врска со нивниот пророк, и да ми објасниш доколку се воведе таква цензура што ќе ги спречи да барат понатаму банирање на свинско од учебници списанија месари, банирање на незабулени жени по улица, банирање на алкохол и ред други работи што ги навредуват муслиманите се до веведување шеријат?
Јас го кажав моето мислење за ситуацијата кое ти го истовести со Хитлер а не одговори зошто, освен дека и хитлер така викал, сподели го твоето гледиште за овие работи да знаеме бар за што дискутираме
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Kajgana Shop

На врв Bottom