Значи треба малцинството да ја уредува државата за да не биде како Хитлер така? тоа сакаш да ми кажеш, или дека списание за хумор и сатира = Хитлер
Французите го окупирале Алжир, тоа не е неоправдано, но е надвор од дискусијата.
Темата е за забрана на слобода на говор наметната од малцинство од 7% заради повреда на нивните чуства, значи чуства и фантазии за нивниот измислен односно недокажен лик од приказните кое ти го ставаш на исто рамниште со Хитлер и холокаустот.
Процентот е горе доле ист со процентот на Евреите во нацистистичка Германија. Што се однесува до хумоорот и сатирата, на крајот на 19 век, во Австрија почнале да се појавуваат карикатури на Евреите што за чудо се совпаѓа со перидот кога почнал антагонизмот против Евреите, а кулминирал со холокаустот.
Чарли Хебо или како и да се вика весникот, прави карикатури, политички мотивирани. На хуморот и сатирата не му е место во политиката, и не треба да биде што би рекол Чорба „
забава у служби режима“.
За болодот, не е неоправдано, значи е оправдано ? Не може да не е тема причинско последична поврзаност. Франција не постои во последните 10 години, па ајде сега да се правиме слепи. Ајде и да го заборавиме Алжир, што е се бомбардирањето на Либија? Што е со Сирија, Авганистан, Ирак, Србија....[DOUBLEPOST=1421496885][/DOUBLEPOST]
На која окупација е дирекна последица забраната во СА да бидеш христијанин?
На која окупација е дирекна последица жената да не смее да вози и да биде дискриминирана коко стока во исламските земји?
На која окупација е дирекна последица жртвите од Смилковско езеро?
............ од каде толкава желба да се одбрани ставот на муслиманите кај тебе? да не се забули и ти, што не отрча да ги подржуваш кога кај нас дивееа по градот за случајот монструм, заедно ќе извикувавте алах е голем и ке колневте каури.
Кој рече дека го бранам ставот на радикалниот ислам? Тоа што се случува во Европа иде во корист на радикалниот ислам. Европа ги подржа воено, исламистите во Либија, Сирија, Тунис Египет....
Тоа што се случува кај нас и што се случува во Европа се 2 различни работи. Или живеете во заблуда дека „
Европа конечно ќе свати кои се муслиманите“, слично како што имаше заблуда за 9/11. Но кај нас и по 2001 ништо не се смени, а ништо нема да се смени и сега. Сега да се деси кај нас ново Смилковско Езеро истите тие Европјани ќе дојдат да ни го покажуваат часовникот дека е 5 до 12.
Едноставно, како што кажав, тие 17 луѓе што се убиени во Париз се само мала капка во морето на злоделата на таа иста идеологија, кое за жал ќе биде политички искористено исто како што е политички испровоцирано и политички мотивирано. Радикалниот ислам е во служба на разни политички идеологии во различен временски период. Во втора светска војна, во служба на Хитлер, после втора светска војна во служба на источниот блок, и од пред крајот на студената војна, па се до денес, во служба на западните либерални земји.
Е сега не секогаш нивните разгалени деца можат да се држат под контрола. Или како што би рекле, кој си игра со огин некад и сам бива изгорен.
А причини за напади на западот има многу, почнувајќи од крстоносните војни, преку колонизацијата, па се до модерните воени интервенции. Така да карикатурите се само повод.