- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.854
- Поени од реакции
- 36.921
Мое видување на номинациите:
ФИЛМ: Немаше некои изненадувања. Само Nightcrawler кој и онака беше меѓу најслаборангираните не влезе, на сметка на American Sniper.
РЕЖИЈА: Изненадување, и тоа големо, е номинацијата на Бенет Милер за Foxcatcher, а извиси Демиан Шазел за Whiplash. Но сепак - тоа е само втор долгометражен филм на младиот режисер кој допрва треба да се докажува - мислам дека тоа влијаело на Академијата.
АКТЕР: Ги нема Дејвид Ојелово и Џејк Гиленхал, а на нивно место се Бредли Купер за American Sniper кој е можеби едно од најголемите изненадувања на номинацииве и Стив Карел кој доби БАФТА номинација за споредна улога во истиов филм, па затоа сите веруваа дека припаѓа во таа категорија. Академијата очигледно мисли поинаку од сите.
АКТЕРКА: Анистон извиси, а Котиљард влезе место неа. Другото се очекуваше во категоријата каде и врапчињата знаат кој ќе го земе Оскарот. Мене лично ме изненади што ја нема Ејми Адамс за Big Eyes - пред само неколку дена собра Златен глобус за таа улога.
СПОРЕДНА МАШКА УЛОГА: Наместо Стив Карел кој влезе во Главна машка улога добива номинација Роберт Дувал - очекувани номинации.
СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА: Наместо Рене Русо, номинирана е Лора Дерн. Другото - очекувано. Мене најмногу ме изненади што Частеин која беше кандидатка за дури три филма не доби номинација за ниту еден.
АДАПТИРАНО СЦЕНАРИО: Недостасуваат Wild и Gone Girl. А Inherent Vice и American Sniper се изненадувањата.
ОРИГИНАЛНО СЦЕНАРИО: Овде се изгледа според предвидувањата, за среќа!
СТРАНСКИ ФИЛМ: Timbuktu пред Force Majeure? WTF?
АНИМИРАН ФИЛМ: Е ова е најголемото изненадување годинава: најголемиот фаворит за освојување на Оскар го нема ни меѓу номинираните. Ама ако!
Горе-долу, според очекувањата со некои мали отстапки. И јас имам изгледано 4 од номинираните, ми остануваат уште Boyhood, American Sniper, The Theory of Everything и Selma. Од четирите што ги гледав многу ми е тешко да издвојам фаворит, особено што три од нив ми оставија ептен силен впечаток. Ќе оставам да легнат импресиите и да ги догледам другите филмови пред да зборувам за мои фаворити.