Ајде и јас за да се "запишам" на темава со мојот прв пост.
Нема да се правам експерт, никогаш ги немам гледано Тунис, Босна и Иран, но според анализава на Томасино, очекувам да изгубиме од Тунижаните, или да е тесна во најмала рака. Едноставно не ни одат, а и никогаш не сме знаеле да играме против физички екипи и екипи кои играат агресивна одбрана.
Од друга страна, очекувам Босанците и Иран лесно да ги добиеме.
Со Австрија очекувам тесен натпревар, ама и победа. Како што е и погоре споменато на неколку пати, умееме да игра против екипи како Австрија, и нивниот стил на игра. А како му вријам тоа копилето Бауер уште од пред 2 години (година и пол) кога го игравме баражот со нив. Гнаса смрдена.
Околу нашите....за првпат можам да кажам дека имаме солиден ростер. Неспособниот Митков е заменет со Вугринец (иако знаеше понекогаш да изигра добро во одбрана), тука е и Прибак (кој рака на срце уште го очекувам да блесне во Репрезентативниот дрес), Ф.Лазаров, кој ите како може да помогне во нападот (само да не се форсира премногу и да не форсира шутеви од 12 метри во првите 5 секунди од нападот), што значи дека сега имаме одлични играчи и на ред е Обрван да успее сите нив да ги вклопи и конечно да гледам организирани напади, и изработени акции, а не секоја втора да биде под пасивен напад. За мене најголем проблем се десните крила....Козла е во крш форма цела сезона, а Злате не вреди ни да се спомене. Како само ни фали Темелков, отсекогаш високо го оценував, а и одлично комбинираа со Кире по таа десна страна.
Можеме да пишуваме до утре, што и како, но факт е дека нашите не смеат да разочараат, на чело со Обрван кој ја предводи веројатно најдобрата генерација од нашето осамостојување.
Едвај чекам да дојде Петок и 15 часот, па да уживаме на уште едно натпреварување во која ќе ја гледаме Македонија.
