Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Извини, ама играчи платени во 2001 година по 40тина милиони евра не може да не биле класа играчи. Ти се молам :)
Може до утре да се дебатира, но на оваа тема не можеш да ме разубедиш, никако. Едноставно, не можеш да ме разубедиш дека Буфон во тоа време бил подобар или барем на ниво од она што е Де Геа во моментов, или пак Турам со Компани.Не 40 милиони, 100 нека бидат. Недвед, еве го тргнав и претходно настрана оти сметам дека само тој беше класа потврдена.

Точно е дека беа толку платени, но тука беше и фактот што Моџи многу лукаво и успешно ја процени состојбата и знаеше каков потенцијал имаат во себе Буфон и Турам, и затоа искешира толку за нив. Подоцна се исплати.

Глупо е да се надеваме дека ако го продадеме Погба, ќе се случи истото како во 2001 со продажбата на Зидан.... сватете, такви моменти се once in a lifetime.


Кажете ми искрено, еве колку се процентите да донесеме 2-3 играчи кои би прераснале во World Class players при евентуалната продажба на Погба?

Со Марота не гледаме таков филм... не го мислам тоа во негативна конотација, туку реално гледам на работите. Со парите од Погба, ќе се закрпи тимот со некоиси надежни фудбалери од Удинезе, Сасуоло или пак некој си талент од другите земји
Од кај процени дека е глупаво?! И дај еден релевантен доказ (а не твоја лична проценка) дека ако го продадат Погба, Марота нема да го направи истото како што и Моџи?! Од каде си толку сигурен дека со Марота не гледаме таков филм?! Иднината никој не ја предвидел точно, или грешка сум?

Фрлате со дрва и со камења по Марота, и после ќе направи трансфер (Погба, Тевез и др), и после пу пу не важи. Марота цар, ваков, таков. Си замина Конте, отидовте на баци рака им честитавте титула во Фан Клуб Рома. Почна Алегри да дава резултати, оп, Шампиони итн.

Сега ќе го пишиш Мартинез и сл, ама факт е дека 95% од трансферите на Марота во Јуве му се полн погодок, сакале или не да го признаете тоа. Фактите говорат, 3 титули со ред, и главни конкуренти за четвртата. Конте? Па не беше само Конте..Некој требаше и играчи да му донеси...End of story!
 
Последно уредено:
Може до утре да се дебатира, но на оваа тема не можеш да ме разубедиш, никако. Едноставно, не можеш да ме разубедиш дека Буфон во тоа време бил подобар или барем на ниво од она што е Де Геа во моментов, или пак Турам со Компани.Не 40 милиони, 100 нека бидат. Недвед, еве го тргнав и претходно настрана оти сметам дека само тој беше класа потврдена.

Точно е дека беа толку платени, но тука беше и фактот што Моџи многу лукаво и успешно ја процени состојбата и знаеше каков потенцијал имаат во себе Буфон и Турам, и затоа искешира толку за нив. Подоцна се исплати.

Од кај процени дека е глупаво?! И дај еден релевантен доказ (а не твоја лична проценка) дека ако го продадат Погба, Марота нема да го направи истото како што и Моџи?! Од каде си толку сигурен дека со Марота не гледаме таков филм?! Иднината никој не ја предвидел точно, или грешка сум?

Фрлате со дрва и со камења по Марота, и после ќе направи трансфер (Погба, Тевез и др), и после пу пу не важи. Марота цар, ваков, таков. Си замина Конте, отидовте на баци рака им честитавте титула во Фан Клуб Рома. Почна Алегри да дава резултати, оп, Шампиони итн.

Сега ќе го пишиш Мартинез и сл, ама факт е дека 95% од трансферите на Марота во Јуве му се полн погодок, сакале или не да го признаете тоа. Фактите говорат, 3 титули со ред, и главни конкуренти за четвртата. Конте? Па не беше само Конте..Некој требаше и играчи да му донеси...End of story!
Брат, не се споредени Моџи и Марота, туку Серија А пред 15 години и сега. Затоа мислиме дека нема да се повтори тој успех.
 
Во 2001 секој играч би сакал да игра во Јувентус. Во 2015 не е така. Тогаш бил продаден Зидан, но сигурно било многу лесно да се надокнади составот со ѕвезди. Денес повеќе ни се исплаќа да се обидеме да го задржиме тоа што го имаме, отколку да се обидеме да надокнадиме отпосле. Бидејќи отпосле може да биде предоцна.

Иако нема да биде крај на светот ако си отиде Погба, затоа што сите знаеме дека неговата продажба нема да биде по ничија вина.
 
И како тоа Буфон и Турам не биле класа играчи во Парма? Па зар заборавивте дека Парма во 90тите беше топ клуб? Буфон тогаш беше и боље него што е Де Геа денес, ама сетете се какви голмани имаше во Италија тоа време (Перуци, Паљука, Толдо итн). Нормално дека не може 23 годишен голман да дојде до израз. За Турам не ми се праи муабет. Столбот на француската репрезентација 1998ма и 2000та.
 
Од кај процени дека е глупаво?! И дај еден релевантен доказ (а не твоја лична проценка) дека ако го продадат Погба, Марота нема да го направи истото како што и Моџи?! Од каде си толку сигурен дека со Марота не гледаме таков филм?! Иднината никој не ја предвидел точно, или грешка сум?

Фрлате со дрва и со камења по Марота, и после ќе направи трансфер (Погба, Тевез и др), и после пу пу не важи. Марота цар, ваков, таков. Си замина Конте, отидовте на баци рака им честитавте титула во Фан Клуб Рома. Почна Алегри да дава резултати, оп, Шампиони итн.

Сега ќе го пишиш Мартинез и сл, ама факт е дека 95% од трансферите на Марота во Јуве му се полн погодок, сакале или не да го признаете тоа. Фактите говорат, 3 титули со ред, и главни конкуренти за четвртата. Конте? Па не беше само Конте..Некој требаше и играчи да му донеси...End of story!

А кај виде во мојот пост дека го вреѓам Марота? Само пишав дека човекот не е како Моџи што се расфрла со пари, такада сигурно ако го продадеме Погба, прашање е колку од тие пари ќе ги вложи во квалитетни (Читај: Скапи) засилувања. Можда има забрана одозгора да не се расфрла со пари, можеби има грижа на совест ако фрли некое милионче +, ама сепак според мене не го гледаме тој филм како Марота се расфрла со пари... и со ова мислење не го навредувам него, туку ја согледувам реалната слика што ќе се деси ако го продадеме Погба.

И друго нешто, гледам постојано зборуваш дека Буфон и Турам не биле класа кога сме ги купиле... па човек тие двајцата имаа освоено Куп на УЕФА, и имаа завршено една сезона како второпласирани, во тогаш најјаката лига во свет. Турам беше столбот на Франција 98-ма и 2000 година, а Буфон топрва ги седна на клупа сите поискусни голмани што бранеа за репрезентацијата. Недвед кога дојде кај нас беше просечен играч, ако добро се сеќаваш првата сезона му беше просечна, дури наредната година почна да му чури главата (косата де
blackhair.gif
)


Го најдов и Давидс на емот иконите
hamish.gif



:icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Во 2001 секој играч би сакал да игра во Јувентус. Во 2015 не е така. Тогаш бил продаден Зидан, но сигурно било многу лесно да се надокнади составот со ѕвезди. Денес повеќе ни се исплаќа да се обидеме да го задржиме тоа што го имаме, отколку да се обидеме да надокнадиме отпосле. Бидејќи отпосле може да биде предоцна.

Иако нема да биде крај на светот ако си отиде Погба, затоа што сите знаеме дека неговата продажба нема да биде по ничија вина.
Ако се прашувам јас, и јас не сакам да биде продаден Погба. Ама од друга страна, едно е да се има желба, а сосема друга е реалноста. Да го задржиме Погба уште ова лето ќе биде екстремно тешко, можам да кажам скоро невозможно. Особено ако продолжи да покажува онакви игри како досега. Е сега, или Марота и компанија, цела година ќе работат заминувањето на Погба да го свртат во корист на Јуве со реинвестиција од парите на неговата продажба и извлекување на поголема сума, или ќе се караат со Раиола, а тој е многу добро познат како работи па Погба ќе почни да прави опструкции итн.

Јас не велам дека е лесно да се замени, и правилно да се потрошат парите, свесен сум дека ситуацијата не е иста како во 2001 година од продажбата на Зидан, но верувам дека Јуве може да испадне посилен на крајот.

Според мене во клубот не смее да има ниту чистач кој не го сака Јувентус, а камоли да игра играч кој не сака да биде во тимот.

А кај виде во мојот пост дека го вреѓам Марота? Само пишав дека човекот не е како Моџи што се расфрла со пари, такада сигурно ако го продадеме Погба, прашање е колку од тие пари ќе ги вложи во квалитетни (Читај: Скапи) засилувања. Можда има забрана одозгора да не се расфрла со пари, можеби има грижа на совест ако фрли некое милионче +, ама сепак според мене не го гледаме тој филм како Марота се расфрла со пари... и со ова мислење не го навредувам него, туку ја согледувам реалната слика што ќе се деси ако го продадеме Погба.
Погледни трансфер историја на Моџи,и тој не се одликува многу со енормно трошење на средства. Моџи потроши многу пари 2001 после продажбата на Зидан, и 2005/06. Другите сезони што беше во Јуве немаше некои огромни суми кои се давани на трансфери. Јуве има традиција на клуб кој создава класа играчи.

Втора работа. Марота е CEO на Спортскиот сектор во Јувентус. Него му даваат одредена сума на пари, и тој со таа сума треба да направи тим што освојува трофеи. Марота досега си ја исполнува задачата, освојува Сериа А, три сезони со ред. Во ЛШ, сеуште не го имаат достигнато квалитетот кој е потребен, и тука треба вложување, но Марота не е тој што дава пари.Колку му даваат, толку троши. Ако некој се критикува за пари, се критикува тој што ги дава парите. А не тој што ги троши.

И друго нешто, гледам постојано зборуваш дека Буфон и Турам не биле класа кога сме ги купиле... па човек тие двајцата имаа освоено Куп на УЕФА, и имаа завршено една сезона како второпласирани, во тогаш најјаката лига во свет. Турам беше столбот на Франција 98-ма и 2000 година, а Буфон топрва ги седна на клупа сите поискусни голмани што бранеа за репрезентацијата. Недвед кога дојде кај нас беше просечен играч, ако добро се сеќаваш првата сезона му беше просечна, дури наредната година почна да му чури главата.
Јас не велам дека не биле добри играчи, ама според мене, Турам и Буфон кога дојдоа во Јуве, не можеш да ги мериш со Де Геа и Компани што се денес. Тие беа супер играчи и се останато, ама не и класа од овие што ги спореди. Тоа што освоиле Куп на Уефа, и второ место во Италија не ги прави класа играчи. Карико од Севиља, лани освои Куп на Уефа/ЛЕ. Тој класа играч е?

И за ова, дека Недвед бил просечен играч во Лацио, сериозен си?!

И уште работа (не се однесува на тебе), добро е познато, кога некој ќе нема факти, е дека дебатата ќе ја врти или на искажување духовитост или на кавга, но пак нема факти. Се се само лични мислења и проценки, ама фактите друго зборуваат.
 
Последно уредено:
Не заебавајте со Недвед сеа. Недвед у Лацио беше играчиште. Во Јувентус стана уште подобар од тоа.
Тогаш за просечен играч не се фрлале ~40мE. Тогаш со таква сума, се знаело што се купува, а тоа е класа играч.
 
Јас не велам дека не биле добри играчи, ама според мене, Турам и Буфон кога дојдоа во Јуве, не можеш да ги мериш со Де Геа и Компани што се денес. Тие беа супер играчи и се останато, ама не и класа од овие што ги спореди. Тоа што освоиле Куп на Уефа, и второ место во Италија не ги прави класа играчи. Карико од Севиља, лани освои Куп на Уефа/ЛЕ. Тој класа играч е?

И за ова, дека Недвед бил просечен играч во Лацио, сериозен си?!

И уште работа (не се однесува на тебе), добро е познато, кога некој ќе нема факти, е дека дебатата ќе ја врти или на искажување духовитост или на кавга, но пак нема факти. Се се само лични мислења и проценки, ама фактите друго зборуваат.
Не можеш да ја споредуваш денешнава ЛЕ или Серија А со онаа од пред 14,15,16 години.Друга работа и сам си кажа дека никој не може да те разубеди дека Турам и Буфон од Парма биле класа играчи како Компани и Де Геа денес,така да џабе се и факти во дебатава.А факти има колку сакаш.

Прво тука е цената за играчите која ја даде Јуве тогаш,кој е исто така показател за какви играч се работи.Пред 14 години 30-40 милиони не се фрлале на млад и талентиран играч,како што прават денес арапиве.Во тоа време таква сума на пари се давале за класа играчи, какви што биле Недвед,Буфон,Турам.Не бил Моџи луд да дава толкава сума на пари само за добри и талентирани играчи.Така да Турам и Буфон си биле класа играчи и во Парма,а во Јуве станаа уште подобри.

Друга работа се успесите што ги постигнале во Парма каде беа едни од најдобрите играчи и нивните индивидуални признанија.Покрај второто место со Парма и купот на Уефа,го имаат и освоено и купот и супер купот на Италија.
Турам во 98 го освои и Светското првенство со Франција,во полуфинале дал два гола против Хрватска.Ја добил бронзената топка како трет МВП на првеството,бил еден од столбовите на таа одбрана на Франција која примила само два гола на 7 натпревари.А бил избран и во ФИФА All Star тимот на првенството.

Подоцна со Франција го освојува и Европското првенство 2000,каде исто бил избран во All Star тимот на првенството.А и во 97 ја добил наградата French Player of the year.Све ова пред да дојде во Јуве,така да бил на исто рамниште како Компани сега и затоа е донесен за 41 милион евра.

За Буфон исто важи.Додека играл во Парма,иако млад бил два пати номинаран за Златна топка.А и самиот факт што поред голмани како Перуци,Паљука,Толдо два пати го добил признанието за најдобар голман во Серија А(најаката лига на свет),кажува све.Така да иако млад бил класа голман и во Парма,по мене и подобар од Де Геа,затоа и е донесен за таа сума тогаш.Во Јуве потоа стана и најдобар на свет
 
Пуји легенда :cuc:

Туку замислете Ливерпул сценарио,го прадаваме Погба и носиме 5-6 бош играчи.Е дури тогаш ќе биде весело :pipi:

Ако ништо друго од таков евентуален трансфер ќе лапнеме добра пара,ако се реинвестира паметно може само да се засилиме како тим.Ја сум сепак за негово останување освен ако тој самиот изрази желба за трансфер.
 
Има некакви гласини дека нашиве вчера во Милано се состанале со челниците на Тотенхем за Паулињо.
 
@kikomcjuve Другар и ти самиот велиш дека според тебе Турам и Буфон не биле класа играчи, така да искажуваш лично мислење и овде нема никаков факт од твоја страна. Од друга страна повеќе луѓе со факти ти укажаа дека грешиш и дека и те како Турам и Буфон биле класа кога дошле во Јуве. Прв факт е тоа цената за која се платени, а втор се нивните индивидуални и тимски успеси. Покрај тоа ќе те разберам за Буфон што кажуваш, бидејќи бил млад 23 години тогаш. Иако уште тогаш бил ѕвезда ајде тоа држи вода по малку. Ама сакаш да кажеш дека Турам со неговите речиси 30 години тогаш не бил докажан играч?! Сакаш да кажеш дека тогаш со неговите веќе 60-70 настапи за Франција и со освоена светска и европска титула не бил докажан играч? Па Турам тогаш бил барем пет пати од она што е Компани денес. Не ме зафркавај ти се молам, фактите се целосно спротивни на она што ти го кажуваш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom