"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

M

mordekaj

Гостин
Не сте ми јасни воа Скопјани. Како тоа барате тие шо идат да живеат у Скопје да го прифатат скопскиот дијалект? Ами не идат они од друга држава! Од Македонија идат да го ебам. И они и ви зборувате Македонски јазик.
 
W

wicked_1

Гостин
@Триптико коа вадиш веќе некои идеи да маршираш народ надвор од Скопјето пошо ти го грдат градот и зимаат некои "места", образложи ја подобро има тука читачи доста, ќе се јават и приврзаници
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Заеби. Јас кажувам едно, муабетот се врти на 10то.
Јас студирав во Скопје 4 години, па на пост дипломски бев таму. Никогаш не сум имал никаков проблем со Скопјани. Ама заради постови како твојот ми доаѓа да го научам најопскурниот македонски дијалект и на цел глас да вриштам по Скопје на тој дијалект. Чисто да видам некој како тебе како ќе ми каже МАРШ НАЗАД.
 
Т

Триптико

Гостин
Никој нема проблем, ако некој доаѓа во Скопје за подобар живот. Јасно ми е дека оваа ебана држава не вложува во другите градови, па и тие да бидат солидно место за живеење. Ама проблем е
- ако дојдеш и се вработиш за половина од реалната плата
- ако зборуваш на дијалект од инает, само за да покажеш дека ти се може
- ако очекуваш дека Скопје треба да ти го развие твоето место, па ти да се вратиш дома
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Никој нема проблем, ако некој доаѓа во Скопје за подобар живот. Јасно ми е дека оваа ебана држава не вложува во другите градови, па и тие да бидат солидно место за живеење. Ама проблем е
- ако дојдеш и се вработиш за половина од реалната плата
- ако зборуваш на дијалект од инает, само за да покажеш дека ти се може
- ако очекуваш дека Скопје треба да ти го развие твоето место, па ти да се вратиш дома
Ти пак не разбираш. Ти имаш проблем со тоа, овие кои доаѓаат ги боли таквото за твоите проблеми. Тебе ти останува само да џавкаш по форуми.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
@Триптико во кој закон друже или дел од уставот стои дека-Тој што е роден во Скопје или било кој град (ако сакаш ова замени го со општина пошто само Ск е град) од Македонија, има право да бара гаранција и заштита на местото, пошто бил роден во тој град, од секој друг ,,доселеник" од надвор?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
@Bojan Van Buuren зошто провинцијалец е навредлив збор? тој збор значи дека не си од главниот град,дека си настрана,ништо повеќе
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@Триптико значи според тебе е добро и полезно сите ние скопјани да си земеме по 1-2ца нескопјани како робови, за да платат што на некој му го земале работното место ?
Демек само тие шо не се од Скопје прифаќаат да работат за помала плата ?
Баш ја го мислам спротивното. Тие што не се од Скопје, а се факултетски образовани се ценат исто толку како што се цени скопјанецот со истото образование. Тоа што не потекнува од Скопје сигурно нема да го натераат да работи за минималец, а уште помалку да работи за минималец од инат за да им го земе местото на скопјаните...
Дај малце земи да ја користиш главата...[DOUBLEPOST=1421169385][/DOUBLEPOST]
@Bojan Van Buuren зошто провинцијалец е навредлив збор? тој збор значи дека не си од главниот град,дека си настрана,ништо повеќе
Ако сам не си го сфатил значењето со кое се употребува зборот провинцијалец, џабе ќе ти објаснувам...
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
@Триптико значи според тебе е добро и полезно сите ние скопјани да си земеме по 1-2ца нескопјани како робови, за да платат што на некој му го земале работното место ?
Демек само тие шо не се од Скопје прифаќаат да работат за помала плата ?
Баш ја го мислам спротивното. Тие што не се од Скопје, а се факултетски образовани се ценат исто толку како што се цени скопјанецот со истото образование. Тоа што не потекнува од Скопје сигурно нема да го натераат да работи за минималец, а уште помалку да работи за минималец од инат за да им го земе местото на скопјаните...
Дај малце земи да ја користиш главата...[DOUBLEPOST=1421169385][/DOUBLEPOST]
Ако сам не си го сфатил значењето со кое се употребува зборот провинцијалец, џабе ќе ти објаснувам...
Епа тоа е проблемот,ваквите ко триптико демек со анвредливо го употребува коа самиот збор нема такво значење
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Епа тоа е проблемот,ваквите ко триптико демек со анвредливо го употребува коа самиот збор нема такво значење
Ајде не сум сеа толку многу по историјата, ама провинцијалци не се користел и за означување на сите оние кои не биле од Рим и не бил синоним за луѓе од втор ред ?

Дури и историски зборот да нема такво значење, денес во тој смисол се употребува и затоа мене ми е несфатливо зошто самите вие си се нарекувате така...
Затоа и често се карам со моиве колеги...
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Ја знам дека се користел за луѓе кои се надвор од Рим родени,а ако е и тоа дека се несофистцирани какошо викаш ти ,во право си тогаш за косритењето[DOUBLEPOST=1421169907][/DOUBLEPOST]аn inhabitant of the regions outside the capital city of a country, especially when regarded as unsophisticated or narrow-minded.

Така е.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
http://www.makedonski.info/show/провинцијалец/м

Речников дава двојно значење на терминот, а негодувањето иди до израз кога терминот се користи точно во второво дефинирање.

1. Тој што живее во провинција, во внатрешноста на една земја.
2. Тој што е културно заостанат.

Ете тука настануваат караниците, затоа што зачестена е употребата на тој термин со цинизам и иронија. А што се однесува до сликата во реалноста, имаме отстапка. Јас со мојот прилепски или Ставро со својот битолски, можеме комотно да дојдеме во Скопје и да држиме предавања за правилно говорење и пишување, веќе кога ги спомнавте дијалектите, како мерило кое веројатно спаѓа во втората дефиниција.
 
W

wicked_1

Гостин
Не сум бил у некои кругови на луѓе кои не им пречело зборот провинцијалец @Bojan Van Buuren , само доркови на форум може така да се квалификуваат.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ја знам доста луѓе кои не се од Скопје, а во муабет самите себе си се нарекуваат провинцијалци, затоа и сум со став дека голем дел од тие што се од внатрешноста ете така да се изразам, не се ценат самите себе. Ја тоа никако не можам да го сфатам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom