Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Прво, не беше протест, туку марш без никакви барања (макар што би требало да има во врска со имиграционата политика на Франција).

И не си давај автоголови, дискутираш и на друга тема за еден протест, може некој да ти го цитира постов.
Аман, толку ли не го сфати што сака да каже? :D
 
Сите што се надеваа дека ќе има верски конфликт се излажаа на големо..
 
Сите што се надеваа дека ќе има верски конфликт се излажаа на големо..
Тук не станува прашане на верски конфликт,а за нешто многу,многу по битно - довербата во етносите. Целта не е денес да има конфликт или утре или след месец,а со години напред. Создаване на jaзил, страх мегу етносите и религиите.
 
Сите што се надеваа дека ќе има верски конфликт се излажаа на големо..
Да, ваквите случаи само ја зајакнаа довербата помеѓу припадниците на различните религии во Франција.

Инаку, неверојатно е колку игнорантни идиоти се европскиве лидери. И после се чешаат од разноразни СИРИЗИ и Златни зори.
 
Да, ваквите случаи само ја зајакнаа довербата помеѓу припадниците на различните религии во Франција.

Инаку, неверојатно е колку игнорантни идиоти се европскиве лидери. И после се чешаат од разноразни СИРИЗИ и Златни зори.

Се сложувам со првото.

За второто, поради што мислиш така
 
Се сложувам со првото.

За второто, поради што мислиш така
Второто е повеќе поврзано со политика. Тактика на Кремљ е да истура пари на екстремните елементи. Така во Бугарија ги финансираше Социјалистите и АТАКА, во Грција ги финансира Златна зора и СИРИЗА, во Франција Ле Пен и чека можност да влезе во екстремната левица, во Германија почнаа со Линке, сега и Пегида.

Е сега, традиционално силниве партии се чувствуваат нападнато. И наместо да го покријат тој дел од спектарот што е нападнат, тие прават идиотска грешка и сите се впикуваат во центар. А центарот секогаш бил декор, не може да биде носечка сила.

Ако треба да типувам, во Европа ќе гледаме се повеќе коалициони влади составени од демохристијани и социјалдемократи, додека „екстремниве“ партии јакнат од избори во избори додека не настане таков хаос во кој нема да се знае ни кој пие, ни кој плаќа.

Ова што го гледавме денес е само доказ за дезориентираноста. Меркел и Оланд рака под рака во марш за мир, кога добар дел од електоратот отворено ги мрази муслиманите, а уште поголем дел заради таа форсирана либералност крие дека ги мрази. Тоа што тие не го разбираат е дека зад параванот стравот го снемува. Можеби никој не би се побунил јавно зошто Меркел се појавила овде, ама ќе заокружи поинаку на избори.
 
Освен кај нас. Кај нас и кога се зад параванот се чуствуваат како да ги гледа the all seeing eye.
И во внатрепартиските избори кои се случуваа сега, кога немаше „погрешен“ избор што носи реперкусии, луѓето гласаа спротивно од тоа што го декларираа предходно. Друг феномен е нашиот, уште потажен.
 
Мелек Мерабет, брат на убиениот париски полицаец Ахмед, рекол дека она што се случи во главниот град на Франција е акт на варварство извршено од „лажни муслимани“.

Оддавајќи му почит на својот брат, тој повикал на единство и толеранција. Мерабет рекол дека терористите со неговиот брат можеби го делат алжирското потекло, но ништо повеќе од тоа.

„Исламот е религија на мирот и на љубовта. Мојот брат беше горд со своето име, беше горд што ја претставува полицијата и ги брани вредностите на Републиката“, рекол Мелек Мерабет.

Тој ги потсетил Французите дека се соочуваат со борба против терористите, а не против муслиманските граѓани.

Немојте да ги мешате екстремистите со муслиманите. Лудите луѓе немаат ни бои ни религија. Немојте на сè да гледате исто и немојте да ги палите џамиите или синагогите. Напаѓате луѓе, а тоа нема да ги врати нашите мртви“, рекол Мерабет во краткиот говор.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/bratot...te-da-gi-meshate-ekstremistite-so-muslimanite
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: L.A

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom