Се сложувам со првото.
За второто, поради што мислиш така
Второто е повеќе поврзано со политика. Тактика на Кремљ е да истура пари на екстремните елементи. Така во Бугарија ги финансираше Социјалистите и АТАКА, во Грција ги финансира Златна зора и СИРИЗА, во Франција Ле Пен и чека можност да влезе во екстремната левица, во Германија почнаа со Линке, сега и Пегида.
Е сега, традиционално силниве партии се чувствуваат нападнато. И наместо да го покријат тој дел од спектарот што е нападнат, тие прават идиотска грешка и сите се впикуваат во центар. А центарот секогаш бил декор, не може да биде носечка сила.
Ако треба да типувам, во Европа ќе гледаме се повеќе коалициони влади составени од демохристијани и социјалдемократи, додека „екстремниве“ партии јакнат од избори во избори додека не настане таков хаос во кој нема да се знае ни кој пие, ни кој плаќа.
Ова што го гледавме денес е само доказ за дезориентираноста. Меркел и Оланд рака под рака во марш за мир, кога добар дел од електоратот отворено ги мрази муслиманите, а уште поголем дел заради таа форсирана либералност крие дека ги мрази. Тоа што тие не го разбираат е дека зад параванот стравот го снемува. Можеби никој не би се побунил јавно зошто Меркел се појавила овде, ама ќе заокружи поинаку на избори.