Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Дали модераторот ќе се откажи од функцијата ако рејдиохед го изгуби дуелов? :cujte:
Да бе, одма ито :D После курле од орле, че ви поставува дуели :coffee:

Инаку нема споредба. Мјуз кога ги слушнав најпрво реков wtf чоече, која е копијава на Редиохед. Потоа ги расчепкав и сфатив дека се свои и посебни, попрогресив, подинамични, и фала богу поплитки и не толку длабоки и силни во вредноста, но сосема ок бенд, со квалитетен фронтмен. :)

Редиохед се еден од најгенијалните бендови на сите времиња, а со сигурност најгенијален во 21 век без конкуренција од ниту еден друг. Несекојдневна музика, не за секој, а оној што природно ја опипал и ја воспримил и ја засакал, со сигурност музиката ќе постане како дел од неговиот организам, како некоја молекула внатрешно испикана, која мора да се негува и одржува ,,како со кислород" т.е со слушање на бендов одвреме навреме, затоа што истата е зависна и покажува непослушност и мутација во случај на неодржување на ваков контакт.

Уметноста е некое внатрешно бранување, некое исполнување, некоја состојба на заситеност на некои внатрешни апетити. Редиохед постојат за презаситување на истите. Нешто како најомиленото јадење кое го внесуваш, те исполнува и задоволува, па после се друго што јадиш, во случајов слушаш, ти е онака мезенце кое или ти одговара или не.

Рејдиохед убер алес! :aplauz:

Radiohead Kid A Full Album

Toj e албумот со најсилна вредност во 21 век.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Aбе инаетот зборува од вас :D А не ве обвинувам пошто сличен ефект на филмови и книги имам кркано и јас, па и на музика кога некој ги доживеал, и сега јас им влегувам со скепса, со огромни очекувања чии граници и јас не ги познавам, ниту сум ги дефинирал точно. Тука лежат грешките во понатамошно оценување и објективно. Така да нема гајле :)
 
S

StormRage

Гостин
Еве ја турви, т.е. бивши турви сеа некој бош ник тежок за памтење имаш.

радиоглава не ги варам, премногу депресивни бош музика коа да зеам да снимам деца што плачат на микрофон. Освен Крип шо валда според сите вас е лоша пошо е мејнстрим, се останато е срање а таа ми е нешо ко... средна песна. Шо да ти кажам друго, не е инает, инает е во ситуацијава ради вас секташиве овдека :D Плус, за вкус нели не се разговара, али ако го водиме тој муабет, radiohead ќе ги ставам до Џастин Бибери пошо толку ми се одбивни.

Иначе, издржан факт дека Radiohead се подобри од Muse нема да најдам и тешко дека било кој ќе ме убеди. Така да, тој дел, не е за инает :)

А уствари општо на форумов, @DaniBMW кажа: префорсирани се.[DOUBLEPOST=1420988270][/DOUBLEPOST]п.с.
Hysteria
 
Последно уредено од модератор:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Еве ја турви, т.е. бивши турви сеа некој бош ник тежок за памтење имаш.

радиоглава не ги варам, премногу депресивни бош музика коа да зеам да снимам деца што плачат на микрофон. Освен Крип шо валда според сите вас е лоша пошо е мејнстрим, се останато е срање а таа ми е нешо ко... средна песна. Шо да ти кажам друго, не е инает, инает е во ситуацијава ради вас секташиве овдека :D Плус, за вкус нели не се разговара, али ако го водиме тој муабет, radiohead ќе ги ставам до Џастин Бибери пошо толку ми се одбивни.

Иначе, издржан факт дека Radiohead се подобри од Muse нема да најдам и тешко дека било кој ќе ме убеди. Така да, тој дел, не е за инает :)

А уствари општо на форумов, @DaniBMW кажа: префорсирани се.
Е сега и ти муабетив за на бањи ебаго. До Џастин Бибер :D

Еве мене баталете ме, земете го гуглов и прочепкајте онака, радознало, да видите на светска сцена општо како оди работава.

http://www.last.fm/music/Muse?ac=mus
http://www.last.fm/music/Radiohead?ac=rad

Еве број на слушатели :)

Ластов е за сериозни музикомани.
 
S

StormRage

Гостин
Е сега и ти муабетив за на бањи ебаго. До Џастин Бибер :D

Еве мене баталете ме, земете го гуглов и прочепкајте онака, радознало, да видите на светска сцена општо како оди работава.

http://www.last.fm/music/Muse?ac=mus
http://www.last.fm/music/Radiohead?ac=rad

Еве број на слушатели :)

Ластов е за сериозни музикомани.
Е шо муабет... Ај кликови на јутуб да глеаме па свињана дебела звана Rick Ross што благе везе нема од животот ќе ги победи и Muse и "thou must not be named" заедно. Нема релевантно ништо, како сакаш и кого сакаш објаснувај, вкусови се во прашање.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Е шо муабет... Ај кликови на јутуб да глеаме па свињана дебела звана Rick Ross што благе везе нема од животот ќе ги победи и Muse и "thou must not be named" заедно. Нема релевантно ништо, како сакаш и кого сакаш објаснувај, вкусови се во прашање.
Aбе и за вкусови се расправа :) Јас и тој став го имам. Еве клаваме на рамниште некоја чкљ турбофолк песна, и еве нека не бидат Редиохед, нека бидат некои класика, Дорс пример. И сега ти иди некој пич ти вели, јас слушам турбофолк, за вкусови не се расправа, па не можи да ги токмиме. Фала курцу дека можи, лајното е лајно во случајов, само шо не е во очите на оној кој го восприма. Јас можам да го почитувам вкусот, и да речам-Те радува брат, ме радува ми вели. Биди здрав и жив, и ако сакаш некош ќе се очукаме на твојата музика. Но и понатаму вредносно ќе го рангирам ниско :)

Инаку ласт со јутуб не го мешај пошто од старт имаш грешка. На јутуб обично кликаат дечишта, што значи Редиохед немаат некоја страшно милионска прегледност. Moжда само Лотус и Хаус оф Кардс да делат со по до кај 30 милиони, но ако согледаме со некој кој на заебанција ги вади, во два дена истите, се нула.

На ласт.фм сметнуваш музика, отчитува од музичкиот плеер, што значи немаш само клик клик како на јутуб, каде еден Тајзи вади миљиони, и Слаткар.

Kрај краева на јутуб, Мјуз имаат поголма прегледност.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
MUSE! :cujte:because fuck you that's why :D :D :D

музички: Мuse > Radiohead
лирикално: Radiohead > Muse
во живо: Muse >>>>>>> Radiohead :kuracc:

A вие шо сте гласале за Muse, олабајте малце со тралалајќите како Undisclosed Desires и Мadness давеебам :icon_mrgr: и слушajте им ги постарите песни. Албуми број 2,3 и 4, и некои песни од првиот.
Eве ви еден добар текст за почетници, со линкови до песни.

Овие да се изгледаат од прва до последна секунда, нема да сте пишман... второто има рејдиохед шмек :icon_lol:
Muse - New Born (Live Wembley 2007) - Концертов на Вембли е лектира за секој фан...
Muse - Ruled by Secrecy (Live Glastonbury 2004)

For the sake of споредбава, Citizen Erased e песна што многу ме потсеќа на Paranoid Android, дури и ја викаат Мuse's Paranoid Android. Не се слични во мелодија туку во структура. Двете песни имаат три различни дела, и на двете 3тиот дел им е бавен и хипнотизирачки, и во двете тој дел ми е омилен дел.

Ако веќе си ги мериме со бројки. Јавете се кога рејдиохед ќе распродадат 2 вечери на Вембли за 45 минути :Кезец:

И на крај ќе го оставам ремек делово, песниште!
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Во ред собрав доволно храброст да гласам и официјално за Музата.

Нема ни да пробам да направам објективна споредба на музичките опуси. Не вреди, не ми се спори до толку. Гласам крајно субјективно. Едноставно, се погодило така, да ми станат подраги. Ама озбилно, на 15 години што може повеќе да те запали? Па Muse, со нивниот потврд и посензационалистички пристап. Млад си уште да пливаш длабоко. Не дека Muse се плитки, и не дека нема деца што слушаат Radiohead, ама ете, мене вака ми се погоди.
И сум сигурен дека кога-тогаш ќе си дојдеа и Radiohead на дневен ред кај мене, онака на детално преслушување, ама фан-клубот тука со својата бројност некако постојано го одложува тој ден. :D Не се лутете дечки, супер сте си сите, си знаете и сами, али што знам, инает галиба ќе да е. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom