Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.248
- Поени од реакции
- 34.835
На твое место бев до лани и имав слична дилема.Ми треба помош да одберам фрижидер комбиниран од Нептун со цена до 17.(8)000 ден..
Еве ти пар совети од сознанијата до кои дојдов со распрашување и истражување по наши и балкански форуми:
- Горење денес не ги бива, лош квалитет за високи (или средни) цени. Далечно минато е тоа кога биле добри, денес само склапаат делови кои 95% се произведени во Кина или Индија (во зависност каде е моментално поевтино).
- Аристон и нивните деривати како Индесит се тешко страње за било кој вид на бела техника. Посебно од аспект на цената.
- Ако сакаш добар телевизор, а не жалиш пари: земи си Кореец, Самсунг или ЛГ. Предупредување, навистина се скапи.
- За парите, по мене најдобар избор се Беко. Нептун даваат 5год гаранција (сега мислам има акција и за неплаќање ДДВ). Башка што во некои сервиси каде што прашував какви се Беко, ми кажаа дека се релативно ОК и дека деловите за нив се евтини и ги има во изобилие. (што ќе те интересира после 5те години гаранција)
Предупредување за Нептун: не оставај да поминат 14 дена без да ги вклучиш производите за да видиш дека нешто не е како што треба. До тој рок мењаат со ново, после се расправаш со сервиси. Мене гумата од фрижидерот не ми дихтуваше идеално на еден крај и морав да викам сервис да ја менуваат.[DOUBLEPOST=1392809376][/DOUBLEPOST]Ех да, дилемата No-Frost наспроти Автоматско одмрзнување.
Еве ги фактите, па ти види сам што ти одговара:
- Функционираат сосема добро и No-Frost и Автоматското одмрзнување (не замрзнува фрижидерот).
- No-Frost фрижидерите имаат едно 20% помал внатрешен простор (волумен), во споредба со надворешниот волумен. Во превод за иста величина фрижидер, тој со Автоматското одмрзнување има многу повеќе простор внатре. Ова можеш да го видиш и сам, или да прочиташ два однадвор исти фрижидери (No-Frost и Автоматското одмрзнување) колкава внатрешна литража имаат секој одделно.
- No-Frost фрижидерите го сушат овошјето и се друго што е нехерметички затворено.
- No-Frost фрижидерите се осетно поскапи иако имаат осетно помалку искористлив простор.
- No-Frost фрижидерите имаат вентилатор, кој иако издржлив еднаш ќе се расипе и е треба да се менува (а вентилатор со фабрички квалитет тешко се наоѓа, па влегуваш во заебанција со често менување)
Последно уредено: