Фрижидер

  • Креатор на темата Deleted member 19276
  • Време на започнување

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.843
Ми треба помош да одберам фрижидер комбиниран од Нептун со цена до 17.(8)000 ден..
На твое место бев до лани и имав слична дилема.
Еве ти пар совети од сознанијата до кои дојдов со распрашување и истражување по наши и балкански форуми:

- Горење денес не ги бива, лош квалитет за високи (или средни) цени. Далечно минато е тоа кога биле добри, денес само склапаат делови кои 95% се произведени во Кина или Индија (во зависност каде е моментално поевтино).

- Аристон и нивните деривати како Индесит се тешко страње за било кој вид на бела техника. Посебно од аспект на цената.

- Ако сакаш добар телевизор, а не жалиш пари: земи си Кореец, Самсунг или ЛГ. Предупредување, навистина се скапи.

- За парите, по мене најдобар избор се Беко. Нептун даваат 5год гаранција (сега мислам има акција и за неплаќање ДДВ). Башка што во некои сервиси каде што прашував какви се Беко, ми кажаа дека се релативно ОК и дека деловите за нив се евтини и ги има во изобилие. (што ќе те интересира после 5те години гаранција)

Предупредување за Нептун: не оставај да поминат 14 дена без да ги вклучиш производите за да видиш дека нешто не е како што треба. До тој рок мењаат со ново, после се расправаш со сервиси. Мене гумата од фрижидерот не ми дихтуваше идеално на еден крај и морав да викам сервис да ја менуваат.[DOUBLEPOST=1392809376][/DOUBLEPOST]Ех да, дилемата No-Frost наспроти Автоматско одмрзнување.
Еве ги фактите, па ти види сам што ти одговара:

- Функционираат сосема добро и No-Frost и Автоматското одмрзнување (не замрзнува фрижидерот).

- No-Frost фрижидерите имаат едно 20% помал внатрешен простор (волумен), во споредба со надворешниот волумен. Во превод за иста величина фрижидер, тој со Автоматското одмрзнување има многу повеќе простор внатре. Ова можеш да го видиш и сам, или да прочиташ два однадвор исти фрижидери (No-Frost и Автоматското одмрзнување) колкава внатрешна литража имаат секој одделно.

- No-Frost фрижидерите го сушат овошјето и се друго што е нехерметички затворено.

- No-Frost фрижидерите се осетно поскапи иако имаат осетно помалку искористлив простор.

- No-Frost фрижидерите имаат вентилатор, кој иако издржлив еднаш ќе се расипе и е треба да се менува (а вентилатор со фабрички квалитет тешко се наоѓа, па влегуваш во заебанција со често менување)
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Јас би зел беко, со оглед на 5-годишната гаранција, доста добриот однос големина/цена, како и искуството на повеќе мои познати кои веќе ги имаат повеќе години и работат беспрекорно.
Не Nofrost варијанта, како што пиша Vanlok, затоа што многу брзо ја сушат храната, па дополнително треба да инвестираш во вакуумски садови за да ги чуваш свежите намирници, а тоа одзема и време и место.
А дали со комора за замрзнување или без и дали истата ќе е горе или доле, зависи од потребите и вкусот.
 
Z

zlaki

Гостин
eve sega se vrakam od NEPTUN.Aristonot ne se NOFROST.Imaat nekoja greska na stranicata vo delpt na performansi pa ke doizmenat-popravat.Ima BEKO NOFROST so popust -18% iznesuva 18.400den.(inox).Mi ponudija Samsung so gore zamrznuvac od den.72lit.so popust -18% 20.445.Sega se staviv vo dilema..sto ponatamu?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Picture 1130.jpg мојот фрижидер НЕО - со огромен простор внатре и три големи фиоки доле - повисок од мене една педа,
одличен избор,не се слуша кога работи,т.с. кога се уклучува,не фаќа мраз во внатрешноста,само еднаш годишно го исклучувам,
обично наесен кога ги полнам фиоките кои пак имаат посебна врата што одлично дивтува.До сега никаков проблем ниту дефект.
Шпорет исто така НЕО и од тој сум презадоволен.Цената на фрижидерот беше баш тука некаде околу 16.000-17.000 денари.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.843
Изгледа бабата не пече многу во рерната, а?
Знам неколкумина на кои им из’рѓа внатрешниот ѕид од рерната за неколку години. Нео е бугарска „фабрика„ поточно место каде склапаат најлоша техника, се што е најевтино увезуваат од Кина во делови.

П.С. WTF e моментот со стапалата??!?
 
Последно уредено:
Z

zlaki

Гостин
по малку истражување и согледување на можностите(пари,автом.одмрзнување или НОФРОСТ,стаклени полици,капацитет на комора,антибактеријска заштита,А+ класа и др...) еве го мојот избор од 3 комбинирани фрижидери:
1.Whirlpool WBE 3414 W
производител - Уса-се склопува во Полска
комора 113л
одржување 225л
гаранција 5 год.
цена - Нептун...19.999 промо -18% 16.399
Техномарк. 16.809 ден +300 ден превоз 17.109
----------------------------------------------------------------------------------------------
2.Electrolux EN -3400 AOW/ADW
производител Шведска -се склопува во Унгарија
комора 92л
одржување223л
гаранција 2 год
цена- Техномаркет - 17.499 +300 ден превоз 17.799
---------------------------------------------------------------------------------------

3. Gorenje RK6191 AW
производител - Србија
комора 96л
одржување 225л
гаранција 5год
цена Техномаркет -18.049 +300ден превоз 18349
Нептун - 18.999 промо -18% 15.579ден
Значи сите се А+ класа,автоматско одмрзнување,стаклени полици и антибактеријски.
Се мислам помеѓу 1 и 2.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Анчо и овде ги покажа стапалата :facepalm:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.349
Поени од реакции
5.472
по малку истражување и согледување на можностите(пари,автом.одмрзнување или НОФРОСТ,стаклени полици,капацитет на комора,антибактеријска заштита,А+ класа и др...) еве го мојот избор од 3 комбинирани фрижидери:
1.Whirlpool WBE 3414 W
производител - Уса-се склопува во Полска
комора 113л
одржување 225л
гаранција 5 год.
цена - Нептун...19.999 промо -18% 16.399
Техномарк. 16.809 ден +300 ден превоз 17.109
----------------------------------------------------------------------------------------------
2.Electrolux EN -3400 AOW/ADW
производител Шведска -се склопува во Унгарија
комора 92л
одржување223л
гаранција 2 год
цена- Техномаркет - 17.499 +300 ден превоз 17.799
---------------------------------------------------------------------------------------

3. Gorenje RK6191 AW
производител - Србија
комора 96л
одржување 225л
гаранција 5год
цена Техномаркет -18.049 +300ден превоз 18349
Нептун - 18.999 промо -18% 15.579ден
Значи сите се А+ класа,автоматско одмрзнување,стаклени полици и антибактеријски.
Се мислам помеѓу 1 и 2.
Ја би одел на првиот оти е поефтин, поголем, подолга гаранција. И од горење ти е добар ама гледам ти си се исплашил од таа фирма можеби поради фактот што е балканска.
 
Z

zlaki

Гостин
Ја би одел на првиот оти е поефтин, поголем, подолга гаранција. И од горење ти е добар ама гледам ти си се исплашил од таа фирма можеби поради фактот што е балканска.
да да,баш така и ги подредив.Спрема она кои ми се можностите.Камо да имам повеќе пари би зел Samsung,но и вака сметам дека е добро.Indesit,Zanusi,Ariston и другите малку ми се шкакливи затоа што многумина што питав некои дури и прв пат слушнале за нив...за квалитетот незнам.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240

Мене ми дадоа "нов" скршен принтер во Нептун. Подобро не купувај од таму.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.995
Поени од реакции
8.673
Прегледај го приврзокот 84833 мојот фрижидер НЕО - со огромен простор внатре и три големи фиоки доле - повисок од мене една педа,
одличен избор,не се слуша кога работи,т.с. кога се уклучува,не фаќа мраз во внатрешноста,само еднаш годишно го исклучувам,
обично наесен кога ги полнам фиоките кои пак имаат посебна врата што одлично дивтува.До сега никаков проблем ниту дефект.
Шпорет исто така НЕО и од тој сум презадоволен.Цената на фрижидерот беше баш тука некаде околу 16.000-17.000 денари.
Доста јадеш месо, имаш Гихт :icon_mrgr:
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Другарчина една брза консултација: Горенје или Беко ?

двата се приближно иста цена ~12000 и со 5 години гаранција...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom