Брат... не е тоа поентата... не знам како бе не сфаќате...
Сеа без лутење, али исто постапуваш како владава т.е. ресорното министерство... Оп, ја иам предлог, го скоцкавме го средивме.. кратко беше. лесно беше... и генерално тоа е тоа...
Е сеа ако имате информации, ајде умни глави, постирајте.. а ние сме отворени за дискусија и го цениме туѓото мислење...
Чоек, баш поради таков однос, несериозен, дојде до ова дереџе што дојде.. и баш заради тоа Студентиве се бунат.. и со право..
Од една страна Владава, целава оваа „дискусија“, ја тера као да е небаре Кајгана Форум, а овде па на форумов, каква иронија, нешто луѓево стануваат сериозни, па ајде сеа предлози ќе даваме..
И... шо сеа? До каде вака?!
Не се лутам. Не, не постапувам како Владата, затоа што јас ниту имам некаква објективна моќ, ниту некакво влијание врз некој. Едноставно споделувам некакво искуство што ги имам извадено од мало истражување што сум направил во врска со завршните испити во Европските Универзитети. Јас не претендирам тоа да биде завршен текст и како таков да биде, недај Боже, во некој закон.
Ох не, јас ја сваќам поентата. Само како таква нема да биде успешна. Единствен начин да променат нешто е, да понудат нешто поразлично и прифатливо за сите.
Извршната власт нема да се помести ни 1 милиметар за прашањето за воведување реформи. Тоа е основата на целата машинерија за владеење. ПиАр за решавање проблеми и воведување реформи. Од тоа не се отстапува ни милиметар последните 8 години. Без разлика колкаво незадоволство има.
Затоа што такво владеење дава доволно простор на Западот да си предлага нешта кои ќе бидат воведени како реформи, во замена за кредити и поддршка на извршната власт.
Единствено место каде што има простор за компромис е какви да бидат реформите. Тука, колку толку има простор за пазарење меѓу сите страни.
А за кајгана форумот, се тупи 200 страници, но ако напрвиш корелација како се развива мислењето и постовите на про-владините членови, и официјалните пресови на владата, ќе видиш како нивните постови и изјави одат во насока на прибирање информации за подобар предлог. Таква реторика немаше пред 1 месец.
Истите дискусии, проблеми, дебати ги има и на другите универзитети во другите држави. За квалитетот, за акредитација, за Болоња, за испитите, меѓу извршната власт, универзитетските тела, и студентите. Но, таму, клучната разлика е, што овие се случуваат во периметарот на самите универзитети. Извршната власт е таа што оди на Баци-рака. А не, обратно. И таму комисиите за акредитација вршат набљудувања, предлагаат промени, во соработка на комисиите, и се менуваат правилата на игра.
Како точно да е синтактички дефинирано, си има правници, адвокати, и други професионалци. Но, духот, идејата и семантиката на самите промени, реформи, подобрувања треба да дојдат од сите инволвирани страни. Во Македонија, едната страна тврди еве правиме реформи (извршната власт), другата страна е поделена на 3 фракции (професорите, чии став си е приказна сама за себе) , студените поделени на 3 фракции(од кои најголем дел одбиваат се живо и диво, но не даваат никаков конкретен предлог, освен што само сакаат реформа).
Цело време се дебатира за процедурално техничко-синтактички изјави (од сите страни), додека суштината на проблемот се заташкува. Ова ме наведува на мислата дека всушност никој од овие три и не се залага за квалитетно образование, туку секоја страна сака да се наметне врз другите и нема место за никаков сензибилен и суштински компромис кој може да донесе нешто добро и прифатливо.
Јас сум ПРОТИВ конкретната имплементација на сегашниов т.н. државен испит.
Јас сум ЗА завршни/излезни испити од кои ќе имаат корист самите студенти и професори.