Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Место да кажете :
„Види ги пратенициве колку напорно работат за да ни го подобрат образованието, дури се согласиле и да си кратат од сонот само за народот и за студентите“
вие викате еј абе овие бараби се, вакви се, такви се...![]()
Е aјде де...Така, е сТрамота, се предавници и петоколонаши се собрале тука на форумот, само знаете гомна да јадите дур народните избраници се мачат да ви го подобрат животот, од фамилијата се делат за вас.
Да ги разгледаме новите закони
Ne se tolku skapi ispitite, mislam okolu 150 evra se ispitite za jazik plus testot na licnosta ne znam kolku e. Ama pak se dosta pari u prasanje plus sto ke treba da polagas posle pet godini pak.
175 долари е TOEFL.Ne se tolku skapi ispitite, mislam okolu 150 evra se ispitite za jazik plus testot na licnosta ne znam kolku e. Ama pak se dosta pari u prasanje plus sto ke treba da polagas posle pet godini pak.
А од каде ги вадат овие бројки: 150 евра, 1000 евра и слично ?
Од каде дошле до заклучок дека студентите ќе бидат способни да плаќаат толкави суми ?
И најважно од се:
Ако оваа влада продавањето на државно земјиште на странски инвеститори по цена од 1 евро за метар квадратен го оправдува со нејзините цели за привлекување на што е можно повеќе странски инвеститори, зошто тогаш воведува толку високи цени за приемни испити, за казни и за бројни други глупости ?
Не сакаат Македонија да има што е можно повеќе високообразовани личности и што е можно повеќе професионален образовен кадар, или има тука нешто што пропуштаат да и го откријат на јавноста, или намерно не сакаат да и го откријат на јавноста ?
Па да, знаев дека е толку негде. Не се 1000 евра ко што кажа Коњаникот, али пак се многу пари со оглед каков ни е стандардот.175 долари е TOEFL.
Место да кажете :
„Види ги пратенициве колку напорно работат за да ни го подобрат образованието, дури се согласиле и да си кратат од сонот само за народот и за студентите“
вие викате еј абе овие бараби се, вакви се, такви се...![]()
На ова јас ќе додадам, за да видите колкава е нивната „ жртва “ дека пратениците не плаќаат зонско, ама ете ноќе работеле за да не им ги зафаќаат паркинзите на зонашите и да им го намалат нивното „ стопанисување и поштено заработување „Pa vidovme deka nekoi si dremnaa.Plus 4 saati pauza imaa.
Па да, знаев дека е толку негде. Не се 1000 евра ко што кажа Коњаникот, али пак се многу пари со оглед каков ни е стандардот.
Тоа на страна, пазете ова.
“Издавање на диплома без положен државен испит
Член 168-б
Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи
спротивно на овој закон, односно ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години (член 69-а).“
Nullum crimen, nulla poena sine lege. Овој принцип сигурно е шпанско село за надлежните во Владата, но и во Законодавно-правната комисија на Собранието. Санкцијата е предвидена, али кривичното дело го нема нигде во Кривичен законик.
Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и
мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на
високообразовната установа која ќе му дозволи на студентот полагање на повеќе
од една половина на испити од трета студиска година или запишување во четврта
студиска година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага
по завршувањето на втората студиска година односно му издаде диплома за
завршено високо образование на студент кој не положил државен испит (член 69-
а). “
У превод, доколку ова се случи кај еден студент, ќе се затвори целата високо-образовна институција. Гуд лоџик. Рано е да се збори, но доколку се протурка ова до крај, и дојде момент на реализација, баш ме интересира дали, ако сите факултети од УКИМ + сите што беа против, не го почитуваат овој закон, дали ќе затворат Универзитет на кој студираат 40 илјади студенти? (секако, бројот е поголем ако се приклучат кон истото и други универзитети).
На крајот, кој ќе сака да биде декан? Некој од типот на Каракамишева.