A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Еве нешто корисно за корисниците на Близу https://www.facebook.com/antiblizoo?fref=nf
Како е ова уствари корисно за корисниците? :)
Патем на оваа „АнтиБлизу“ страница ми даваат погрешни информации - дека Близу нема да го обноват договорот, а Близу всушност излегоа со соопштение дека преговорите се' уште се во тек, со известување за причините поради кои се' уште не е постигнат договор. Дезинформации од вакви анти-фан страници не ми се потребни... Освен канализирање на гневот, бош муабети и дезинформации, не гледам ништо корисно тука :)
 
може ли да се најде инфо кога им истекува договорот на BOOM TV за реемитување на Спорт Клуб?
@JB00F ти беше по тоа мислам ,ај прочепкај. Ако е точно тоа дека ке идат заеднички на нов догоовор, тогаш ок , ке знам еден месец дека треба да почекам.

Edit > ДО 31 овој месец трае договорот на Бум со спорт клуб, да се надеваме дека така ке идат ,заедно за нов договор , што би значело соединување на двете фирми , што автоматски значи дека ХБО ке може да ја гледаме :D
 
Последно уредено:

Да, точно до 31.01.2015 трае. :)
 
Па у ПМ нека идат, зарем до сега не плаќавме 160 денари?

Да, али сепак каде каде е поефтино одколку максТВ. Фактички СК1 и СК2 се нудат бесплатно во секој дигитален пакет, а СК3 се доплаќа само 59 денари. И сеа ако склучиш договор со Близу на пакетот СМАРТ ќе платиш 1099 ден. + 60 ден за Супер пакетот (СК3), испаѓа дека е 1160 ден. се на се. Додека на максТВ за да ги гледаш само овие канали ќе треба да платиш 1650 денари (MAX start пакетот 1499 + 150 денари MAX Sport пакетот, секако ако ти тргнеме настрана АРЕНА каналите ). По 500 денари заштедуваш на месечно ниво. Што е многу, многу е...
Секако договорот ми е истечен, ќе чекам да видам што ќе се случи со случајов со СК каналите. Искрено сеуште сум на близу поради добриот и стабилниот нет што го нудат (зборам за регионот на Чаир, не знам како е по другите региони). Да не беше стабилен нетот, одамна би бил на максТВ.
 
Со близу само нетот е добар, затоа сакам да останам на тоа само нетот, а тв да ставам тотал тв,.
Сори за офф
 
Ајде една пресметка да направиме (податоци според Telekom Austria Group): имаат 63.000 корисници
Да речеме 35.000 (малку повеќе плаќаат, ама ајде) од нив плаќаат за СК каналите во 2 години (24 месеци по 158 денари):

(35 000 корисници * 158 MKD * 24 месеци) -18% ДДВ = 108.830.400 MKD (1.817.267,765 Euro)

Значи, доколку 35 000 корисници плаќаат по 158 денари во 24 месеци, тогаш Близу има приход од приближно 109 милиони денари.
Capture.JPG Capture1.JPG
 
Lud Jebe Zbunjenog

Почитувани фанови на СПОРТ КЛУБ ТВ,

Бројни се реакциите кои стигнуваат до нас во врска со реемитувањето на нашите канали на платформата на Близоо. Ве замолуваме, во име на вистината да го споделите овој пост со цел да биде достапен до што е можно повеќе наши фанови кои се засегнати со оваа ситуација.

Неточни се информациите декa им е понудена неконкурентна цена, напротив цената на нашиот пакет е идентична за сите оператори во Македонија. Не е во ред да се спомнува штетата кон крајните корисници и истата да се врзува со нашето име! Ние не сме тие кои сме случиле Договор со крајниот корисник и сме му ветиле или наплатиле дополнително за нашите канали! Нашата понуда, како што во повеќе наврати спомнавме, вклучува повеќе тв канали кои својата цена ја диктираат со квалитетот на програма која ја нудат. Ние остануваме отворени за соработка со сите оператори во Македонија вклучувајќи го и наведениот но нема да дозволиме нашето име и углед да бидат злоупотребени од било која страна. На крајот ќе повториме, дали Близоо ќе ја прифати нашата понуда или не, не е пресудно за нашето дружење со бројните фановите што ги имаме во Македонија. Нашите канали, ако не на платформата на Близоо, ќе Ви бидат достапни како дел од понудата на другите оператори кои имаат стратешка цел да им го понудат на своите клиенти она што тие го бараат!

Ви ветуваме уште многу повозбудливи спортски моменти кои ќе имате можност да ги следите ексклузивно на нашите канали како благодарност за Вашата доверба која ни ја укажувате до сега.

Спортски поздрав до сите!

Sportklub Makedonija

Ова ќе беше мојата реплика на постот #2353 на @Acid, но ете, ти ме претекна.

може ли да се најде инфо кога им истекува договорот на BOOM TV за реемитување на Спорт Клуб?
@JB00F ти беше по тоа мислам ,ај прочепкај. Ако е точно тоа дека ке идат заеднички на нов догоовор, тогаш ок , ке знам еден месец дека треба да почекам.

Edit > ДО 31 овој месец трае договорот на Бум со спорт клуб, да се надеваме дека така ке идат ,заедно за нов договор , што би значело соединување на двете фирми , што автоматски значи дека ХБО ке може да ја гледаме :D

Нема никакво спојување на Близо и Боом ТВ, ова е од поодамна разјаснето.

Близо можат - ако сакаат - да почнат да ги нудат HBO каналите со дополнителна претплата како што тоа го прават и останатите кабелски и дигитални оператори.

http://www.sitel.com.mk/se-spojuvaat-vip-i-one-telekom-avstrija-nov-gazda

Се спојуваат ВИП и ОНЕ, Телеком Австрија нов газда

9 декември 2014 - 5:18pm

Телеком Австрија ќе биде нов газда на Оне. Анализите за исплатливоста на спојувањето се при крај, за неколку недели ќе се знае кои ќе бидат придобивките од зделката. После тоа и формално ќе биде известена Комисијата за заштита на конкурентноста. Од Телеком Австрија не сакаа да откријат сумата која се спремни да ја платат, но како што неодамна изјави првиот човек на оваа групација, имаат на располагање милијарда евра за инвестиции на повеќе пазари.

- Тие пари ќе се искористат за инвестирање во инфраструктурата и за преземање и спојување, изјави Гунтер Отендерфер, главен технички директор на Телеком Австрија.

Според пишувањата на словенечките медиуми, по три години Телеком Словенија целосно би се повлекла од новата компанија во Македонија, а за својот удел би добила 24 милиони евра. Во меѓувреме, од Вип велат дека кабелскиот оператор Близу ќе продолжи на функционира како независен ентитет, а додека Бум ТВ ќе остане дел од пакетот на ОНЕ.

Корисниците на Вип оператор наскоро ќе имаат можност да ги користат и придобивките од новите услуги барирани на виртуелна технологијаа – со која ќе се добие побрз и поквалитетен пренос на податоци и ХД звук.

Наташа Мерсовска
 
Последно уредено:
Какви преваранти испаднаа овие Близу. Јас лично не сум засегнат бидејќи сум на Телекабел, меѓутоа имам пријатели кои се претплатени на Близу па се заинтересирав. Спорт Клуб вика не преговараме откога овие ни ја одбија понудата, Близу вика еве преговараме само што не сме ги пуштиле каналиве. Тажно е што сеуште како потрошувачи имаме вакви заебанции (а други оператори можат да си дозволатда ги даваат каналиве free), и поддршка за корисниците да ја истераат до крај работата со шупациве.
 
Беше некој да се расправа по салониве или јок ?
 
Има тема за ова: forum.kajgana.com/threads/ОНЕ-и-ВИП-се-споија.75428/ :)

Иначе мислам дека Капитал има грешка, бидејќи во изминатиот период, според последните информации, blizoo останува како посебен оператор, со што не влегува во one.VIP операторот.
 
Па затоа и постирав во темава, бидејќи Близу не е дел. Така да тоа дека чекаат да се обединат со БумТВ, паѓа во вода...
 
Па затоа и постирав во темава, бидејќи Близу не е дел. Така да тоа дека чекаат да се обединат со БумТВ, паѓа во вода...

Падна во вода уште кога беше најавена веста за спојување на Вип и ОНЕ на почетокот на декември 2014.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom