Чекај сеа малку.. оп стоп..
ги релативизираш работите.. значи не прави споредба на она што ние овде го правиме, лаички, наоколу па на ќоше, и нешто што Уставниот Суд го врши врз основ на Устав и Деловник за работа.. едноставно прелесно и евтино ги поставуваш нештата.. .
Држи се до тоа „Согласност“.. тоа е доволно... сепак да не препишуваме нешто на Уставниот суд, што не е во негова надлежност..
Чл.68 ст.1 ал.2 од Уставот, во надлежностите на Собранието на РМ. има нешто приближно кое наведува на таква обврска: „донесува закони и дава автентично толкување на законите“...
Така да, ако веќе навлегуваме во правна материја, онда оваа двојна обврска на собранието, е нешто кое што би требало да биде надлежност на Уставниот Суд - за автентичното толкување.. .Па оттука, кога Уставниот суд, врши постапка за согласност на законите со Уставот, тој не смее да навлегува во проблематика на „толкување“, токму поради оваа одредба..
Значи.. Уставниот суд не толкува... само проценува дали е согласен законот или не... и ништо повеќе... Малце ни е шкакљив нашиот устав во овој поглед...
АЛи да се држиме за темата. .сосема друга ми беше поентата кога се обратив на
@Brutus ,,,