Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Хахаха, не сум ја Ванковска, а не си ти Груевски, за да ме фатиш на тие финти. Чисто онака си разглобувам, пробувам да сфатам, да влезам во вашите глави, да видам зошто толку сте за државен испит. :D Плус, и не го прифаќате аргументот дека законот е противуставен, пошто за вас Уставот е парче хартија=ѓубре.
Значи ако не сум против тогаш сум хард фан на државиот испит? јас сеуште го имам истиот став дека не мислам дека испитов ќе донесе револуција ама е добра мерка генерално особено ако се применат и другите реформи од пакетот како што треба. А за тоа уставен/неуставен ако се држиш подобро откажи се :). Секој стигна да го толкува како што сака и тоа не кај нас секаде е така. Има многу двосмислени и недоискажани членови и тн.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

Значи признаваш дека се крши уставот со овие законски измени за Високото образование ил не?

У осталом у право е @true blue кога вели дека за „Вас“ Уставот е хартија=ѓубре... а ти само што го потврди тоа, не за другите, него за себе.....
 
Не е во конфликт со ниеден член од Уставот. За НАС (на кого и да мислиш) Уставот е највисок правен акт. За други кои псотавуваат членови на Уставен Суд Пред 10 и повеќе години беше Устав со фабричка мана.
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Ќе добиеш подобро образование и нема веќе да има купување на дипломи. Ако не ти е јасно како тоа ќе се оствари...нека не ти биде јасно, ќе видиш.

Е, со вакви флоскули се користи Владата во оправдување на државниот испит. Кажува Груевски „јавна тајна е дека се купуваат дипломи“. Ок бе, јавна тајна е дека и вие и владите пред влас крадете од парите на народот, па не можам да докажам. Докажи, дај анализа во која ќе видиме колку се купуваат дипломи, каде се купуваат дипломи и кој купува дипломи.

Одбегнувам да користам речник од типот вмро-овци и слично. И уште еднаш да се потенцира - Студентскиот пленум не е против Владата и не бара нејзина оставка туку бара повлекување на овој предлог.
Потврда за знаењето и еден механизам кој би филтрирал (до некаде) испити положени со врски. Но побитно е што државата добива потврда за твоето знаење.
Неможам да зборам за другите факултети, незнам како е кај нив но можам да споделам мало искуство од финки.
Имам многу колеги кои што паѓаат на инженерските предмети, математика,програмирање... и еден куп други предмети каде што се бара разбирање на материалот што се учи, но тоа не им е пречка да имаат по 100 поени на предметите каде што има еден куп набројувања,дефиниции... работи што се учат напамет.
Сите, буквално сите колеги што имаат знаење отворено велат дека имаат потешкотии со материјалот што треба напамет да се знае, а државниот испит е токму тоа, напамет научени прашања и одговори.
Како ова придонесува кон подобро образование?
Втора работа, купените дипломи.
Јас не се чувствувам загрозен од оние што положуваат со врски, уште во текот на самото интервју за работа се прашува на кои проекти си работел и се тестира дали го имаш знаењето за позицијата за која аплицираш.
Како што реков претходно, незнам како е на другите факултети но сигурен сум дека има и други примери каде што државниот испит може само да ги напраи полоши работите.
Трето, државата добива потврда за моето знаење?
Зошто? Јас студирам за себе или за државата?
 
Последно уредено:

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не е во конфликт со ниеден член од Уставот. За НАС (на кого и да мислиш) Уставот е највисок правен акт. За други кои псотавуваат членови на Уставен Суд Пред 10 и повеќе години беше Устав со фабричка мана.
Па тоа ти велам... го вулгаризирате она што претставува Устав, во правна смисла на зборот..

ОД една страна велиш „А за тоа уставен/неуставен ако се држиш подобро откажи се :). Секој стигна да го толкува како што сака и тоа не кај нас секаде е така. Има многу двосмислени и недоискажани членови и тн.“, за сега, од друга страна да велиш „Не е во конфликт со ниеден член од Уставот - За НАС (за кој и да мислам -наравно) Уставот е највисок правен акт..

Сеа пак те прашувам... еве, поинаку, подиректно... Што за тебе е толкување на Устав? И Како ти „правилно“ го толкуваш Уставот, како највисок правен акт? - наравно, да не забегаваме од темава, во смисла на измениве во Високо образование - за автономијата на универзитетите...
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Како што Уставниот суд ќе одлучи. :toe:
Јас не знам да во Уставот наш „преубав“ да пишуе одредба каде Уставниот суд го толкува Уставот.. ако најдеш, јави ми слободно :)

Мада.. не е лоша идејата.. тоа одамна требало да се направи.. ама ај :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Јас не знам да во Уставот наш „преубав“ да пишуе одредба каде Уставниот суд го толкува Уставот.. ако најдеш, јави ми слободно :)

Мада.. не е лоша идејата.. тоа одамна требало да се направи.. ама ај :)
Член 110
Уставниот суд на Република Македонија:
- одлучува за согласноста на законите со Уставот;

Значи Уставниот суд, а не студентскиот и професорскиот пленум одлучуваат дали некој закон е противуставен. Тоа, ние простата раја го нарекуваме толкување на Уставот, кога има страна која се сомнева дека е прекршен. Иако не е употребен тој збор.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па тоа ти велам... го вулгаризирате она што претставува Устав, во правна смисла на зборот..

ОД една страна велиш „А за тоа уставен/неуставен ако се држиш подобро откажи се :). Секој стигна да го толкува како што сака и тоа не кај нас секаде е така. Има многу двосмислени и недоискажани членови и тн.“, за сега, од друга страна да велиш „Не е во конфликт со ниеден член од Уставот - За НАС (за кој и да мислам -наравно) Уставот е највисок правен акт..

Сеа пак те прашувам... еве, поинаку, подиректно... Што за тебе е толкување на Устав? И Како ти „правилно“ го толкуваш Уставот, како највисок правен акт? - наравно, да не забегаваме од темава, во смисла на измениве во Високо образование - за автономијата на универзитетите...
Го прочитав членот и мислам дека не е во спротивност со законот, т.е. законот не е спротивен на тој член. Уставноста ја толкува Уставниот Суд доколку било кој ентитет поднесе прерставка до Уставен Суд.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Член 110
Уставниот суд на Република Македонија:
- одлучува за согласноста на законите со Уставот;

Значи Уставниот суд, а не студентскиот и професорскиот пленум одлучуваат дали некој закон е противуставен. Тоа, ние простата раја го нарекуваме толкување на Уставот, кога има страна која се сомнева дека е прекршен. Иако не е употребен тој збор.
Тоа не е толкување... едно е да толкуваш Устав, а друго е да одлучуваш за согласноста на законите со Уставот. .а сосема трето е да при одлучување за согласноста на законите со Уставот, Уставниот суд да навлезе во толкување на одредби од Устав - што во суштина и никад не го има направено.... сеа нешто почнува тек тук, наоколу па на ќоше.. али тоа воопшто нит му било практика, нит исклучок..

праев погоре муабет за „толкување“ а не за „согласност“.. читај малку... а не „толкувај“ како сакаш ;-) ..

Иначе да, се согласувам, ако дојде ситуација да за овие законски измени, се најде постапката пред Уставен Суд, да, точно, Уставниот суд треба да се изјасне за согласноста на законите со Уставот.. али не да даде толкување...[DOUBLEPOST=1420730251][/DOUBLEPOST]
Го прочитав членот и мислам дека не е во спротивност со законот, т.е. законот не е спротивен на тој член. Уставноста ја толкува Уставниот Суд доколку било кој ентитет поднесе прерставка до Уставен Суд.
Многу брзо бе пријателе :))))))) И одма заклучи дека не е во спротивност, и одма прочита и увиде дека Уставниот Суд, то толкува Уставот.. аман бе ! како така! :)))))))))))

Ако си правник, кој те учел така на факултет живти се! :))))
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Иначе да, се согласувам, ако дојде ситуација да за овие законски измени, се најде постапката пред Уставен Суд, да, точно, Уставниот суд треба да се изјасне за согласноста на законите со Уставот.. али не да даде толкување...
Како може некој да се изјасни, пред предходно да го протолкува тоа за кое треба да се изјасни? Како можам да ти напишам реплика на постов, без предходно да пробам да го протолкувам тоа што си го напишал?
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Како може некој да се изјасни, пред предходно да го протолкува тоа за кое треба да се изјасни? Како можам да ти напишам реплика на постов, без предходно да пробам да го протолкувам тоа што си го напишал?
Чекај сеа малку.. оп стоп..

ги релативизираш работите.. значи не прави споредба на она што ние овде го правиме, лаички, наоколу па на ќоше, и нешто што Уставниот Суд го врши врз основ на Устав и Деловник за работа.. едноставно прелесно и евтино ги поставуваш нештата.. .
Држи се до тоа „Согласност“.. тоа е доволно... сепак да не препишуваме нешто на Уставниот суд, што не е во негова надлежност..

Чл.68 ст.1 ал.2 од Уставот, во надлежностите на Собранието на РМ. има нешто приближно кое наведува на таква обврска: „донесува закони и дава автентично толкување на законите“...

Така да, ако веќе навлегуваме во правна материја, онда оваа двојна обврска на собранието, е нешто кое што би требало да биде надлежност на Уставниот Суд - за автентичното толкување.. .Па оттука, кога Уставниот суд, врши постапка за согласност на законите со Уставот, тој не смее да навлегува во проблематика на „толкување“, токму поради оваа одредба..

Значи.. Уставниот суд не толкува... само проценува дали е согласен законот или не... и ништо повеќе... Малце ни е шкакљив нашиот устав во овој поглед...

АЛи да се држиме за темата. .сосема друга ми беше поентата кога се обратив на @Brutus ,,,
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Да не беа протестиве Ванковска немаше дечко да си фати.
 
Еве извадок од една одлука на Уставниот суд.

Од содржината на член 53 од Уставот, произлегува дека адвокатурата е јавна служба што обезбедува правна помош, при што таа јавна служба е самостојна и независна и врши јавни овластувања кои и се доверени со закон.

Мене оваа реченица ми звучи и изгледа како толкување на Уставот. И врз основа на тоа толкување, судот донел одлука.

Другото е игра со зборови и тема на која може да си муабети “авангардата“ во државава до мила воља. Додека таа дебата си ја води во детска соба. Доволно беше продавање на такви “суштински“ проблеми како главна тема за кој општеството треба да дискутира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom