Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Берик вика дека не треба да ни е гајле дали се убиваат муслимани, не не интересира, не сакаме да читаме по медиуми за тоа. Но макслимално секој напад кон христијанин да се употреби за подигање на националната свест и перење мозоци.
Каде вика Берик така?
 
Накратко
И овие се сложуваат дека сите муслимани не се исти, туку пресметано е дека „само“ 15-25% се прави муслимани или како што ги нарекувате, радикали. Тоа е бројка од 180-300 милиони луѓе посветени на уништување на западната цивилизација (односно скоро исто луѓе колку што има САД, а скоро двојно повеќе од Русија).
И мнозинството Германци во 1939 биле добри луѓе, но сепак биле потребни 25% вистински нацисти кои ќе убијат 60 МИЛИОНИ луѓе, а мирољубивото мнозинство било ирелевантно!
Истото е наведено и за Русија, Кина, Јапонија (мнозинството се добри луѓе, но 100 милиони загинале поради „малкуте радикали“)
Милиони арапи живеат во САД, но биле потребни само 19 киднапери да убијат 3.000 Американци и да го нападнат Пентагон во 1 ден - мирољубивото мнозинство било ирелевантно!

За организацијата на нападот, што некои овде тврдат дека не можело да се организира без помош од ЦИА и слично... кај живеете бе? Кој дел од оваа „акција“ бил тежок да се организира? Не е напад на некоја касарна и не е акција со стотици луѓе, туку масакр врз цивили спроведен од двајца.
Каква организација би ви била потребна вас да влезете во било која телевизиска куќа/факултет и сл и да направите масакр?

Од каде пари? Еден е бездомник, друг е 18 годишен. Калашњиков на пазар се купува? Тајните слжби сето тоа го бележат. Значи некој сето тоа го скрил од тајните служби, значи тој мора да ги познава начинот и работа на тајните служби да ги сокрие трагите, тој или таа органзиција не може двајца од улица да ја спороведат. И најинтересно едниот му паднала личната карта во канцеларијата, па каков е тој терорист кој носи лична карта со себе? Или пак ја стваил личната карта во некое малечко чепче и му слизнала з авреме на нападот? Мислам дека ова е смешки неко јда верува во вакво сценарио.

За кулите близначки 22 минути

Професор по механичко инжињерство Др. Џуди Вуд

http://www.ivantic.net/Dejvid Ajk i zavere/Kule Blznakinje - 9_11 nisu srusene nego su nestale.flv
 
Починала полицајката што денеска била застрелана во Монторуж (населба во Париз претежно населена со имигранти).

На местото се распоредени специјалните полициски единици.
 
И најинтересно едниот му паднала личната карта во канцеларијата, па каков е тој терорист кој носи лична карта со себе? Или пак ја стваил личната карта во некое малечко чепче и му слизнала з авреме на нападот?
Лична карта ти треба кога си во бекство, ќе има на секој чекор полициски блокади и легитимирање, без лична карта - одма ќе те задржат, а во сето тоа пукање, менување на оквири трчање, чучнувње, влегување излегување од кола.... можно е да ти испадне, нели на снимката се гледа како крева нешто што му испаднало покрај колата - торбица некоја
 
Кога бев во Брисле, прашувам еден полицаец како да стигнеме до хотелот, ми вика десно, лево, пак лево и јас ми викам а нели е подобро само право по улицата одговорот негов беше „поблиску е, ама подобро е да вртите оваа насилба е Арапска„. Така да во срцето на Европа има четврти каде што нема закони и каде што не е препорачливо христијанска нога да стапне. Слично е и во Амстердам. За Франција да не зборувам, во Париз бевме сместени во близина на некоја арапска четврт од хотелот се гледаше дека таму завршува цивилизацијата. Епа господо Европејци место да бистрите светска политика и да го пикате носот и кај треба и кај не, средете си го прво својот двор, и обезбедете им на вашите граѓани слободно движење.
 
И најинтересно едниот му паднала личната карта во канцеларијата, па каков е тој терорист кој носи лична карта со себе? Или пак ја стваил личната карта во некое малечко чепче и му слизнала з авреме на нападот?
Не му паднала во канцеларијата, дезинформација ти е тоа, како и сите други вести што ни ги пренесуваш овде со извор од српски форуми и chat групи. Ај разбарај малку по интернетов и види каде е најдена личната карта.

Друго, пари ти ако немаш не значи дека сите немаат. Во Сирија не војуваа за круши.
 
Прочитав негде демек ги препознал некој на бензиска (ваљда тие биле), и освен калаши имале и ракетен фрлач... значи ќе загинат во престрелка до последен метак, или налепени се со ц4 за малку огномет пред крајот.. односно пред да бегет на афтер со девиците
 
Иначе ако сака власт да те обвини ќе те обвини па после ти колку сакаш докажувај го спротивното, а плус ако те закачи на слаба точка која што обично е во кругот на семејството не само што ќе признаеш туку и ќе го израпуваш признанието ако треба.
На луѓето секогаш им е потребен објект кон кого ќе покажат со прст а многу ретко вистината, се надевам дека грешам и дека овие страхотно брзи интервенции и обвинувања не се мачкање очи :toe:
 
Да се живи вистиските муслимани, но од вакви светот страда. Не сакам да создавам омраза, само да испратам прашање до сите истомисленици. Чив живот стана подобар после ова па толку се радувате?

10906212_10204698142590269_4749097356964411693_n.jpg
 
Ме нервирa упoрнoтo генерaлизирaње и стaвaње нa сите муслимaни вo ист кoш.
Дa, имa муслимaни штo прaвaт мaсaкр. Дa, имa муслимaни штo убивaaт христијaни.
Амa не сите муслимaни убивaaт.
Нa видеoтo штo гo oбјaви Асaнж нa кoе се гледaше кaкo aмерикaнски пилoти вo Авгaнистaн испрaзнијa цел шлепер куршуми вo кoмбе сo кoе тaткo превезувaл децa нa училиште, a се зoштo се ствaрa пaрaнoјa декa сите муслимaни сaкaaт дa не убијaт, христијaни беa пилoтите и знaчи христијaни биле тие штo убивaле, aмa не знaчи декa требa дa се генерaлизирa и дa се кaже декa сите христијaни убивaaт и декa христијaнствoтo кaкo религијa прoмoвирa нaсилствo.

Еве уште еден пoблизoк пример.
Дa, муслимaн беше убиецoт нa мaтурaнтoт вo Ѓoрче, aмa муслимaн беше и дететo шo зaгинa вo ГУЦ a брaнеше христијaн...
Или вo тaкoв случaј зaбoрaвaме нa тoa декa ислaмoт е злoтo и сите сoчувствувaвме сo рoдителите нa убиениoт муслимaн ?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Друже, еве утрово разлистав некои германски и локални (босански) портали. Не сакам да звучи неблагодарно али мнозинството од коментарите беше "да грозно е, ама си го бараа " во насока и смисла дека си заслужиле. И што да правиме сега? Значи ова не се 5-6 коментари туку збориме за солидно мнозинство.

Тука правиме муабет за население што е малцинство. Како ќе функционира ако тоа население е мнозинство и таквото мислење стане prevailing.
Дали некоја мнозинско муслиманска држава (освен делумно Турција која помина низ цврст период на секуларизам) е способна да спроведе на пример демократски избори. Дали таму мислиш дека ќе го ценат твоето мислење доколку е дијаметрално спротивно?

Правиме муабет за генерално ниво на свест кое една група го има достигнато, и нивното не е баш сјајно.
Прво вака ќе кажам и тоа со болд, за да не сфати некој погрешно од тоа подоле шо ќе го пишам.
Во никој случај не е основано и оправдано некој да биде убиен зошто правел карикатури, „произведувал“ сатирични вести, употребувал сарказам, јавно го искажувал своето мислење, па макар и тие мислења и карикатури да биле за религија. Значи во никој случај не може да се оправда ова што вчера се случи.

Е сеа, во многу меѓународни документи е гарантирано правото на достоинство, правото на вероисповед и правото на слобода на говор. Сегде е прифатен концептот дека „твојата слобода може да опстои заедно со слободата на другиот“, „твоето право завршува каде што почнува правото на другиот“, „злоупотреба на право“.
И на христијаните и на муслиманите не им е сеедно кога го исмејуваат Исус/Мухамед. Сите ние викаме дека као христијаните ич не се погодени кога се прават карикатури на Исус, ама вистинскиот верник не мисли така (ја иам таков другар, христијанин).
Огромната разлика е во степенот на образование. Степенот на образование кај христијаните е повисок од степенот на образование кај муслиманите. Тоа е причината зошто можеш многу полесно од некој африканец што нема чиста вода за пиење и што уште од мал слуша телиња што му зборат „овие од западот сакаат да не уништат“ да го натераш да оди и да убива карикатуристи.
Еве ја имам колеги муслимани кои се образуваат, па не гледам некој од нив да отиде у Сирија или да отиде у Франција и да пука ко каубоец. Сум правел со нив муабет за Смилковско езеро и никој не рекол „убаво шо ги утепаа, зошто на христијаните така им треба“, туку сите ми рекле дека ја и он утре ќе останеме да живееме во државава и дека не треба да дозволиме некое копито да не манипулира за да си оствари некои свои цели. Затоа никогаш нема да гледам некој како непријател само зошто е муслиман.

Радикализмот се помага од западот и се одржува таа состојба, за некои х причини и тоа е факт. Факт е дека Ал Каеда е формирана и финансирана од Америка, факт е дека ИСИС е креација на Америка против Асад и нема тука што да збориме. Ако сакаме да се решиме од овој проблем, тогаш мора да се прекине нивното лицемерие, а не да формираат вакви групи за војна против некој диктатор и да ги остават после да си се развиваат они сами.
Конкретни мерки што треба да се превземат не знам, ама сигурно има луѓе што знаат, ама не сакаат да ги превземат.

За колкава бројка на морони се работи според тебе? (Приближно).
Колку од сите цвеќиња што постојат на светот се љубичици ?
Никој нема да ја дознае таа информација, и никогаш нема да се дознае таа информација, зошто тоа е бројка што верувам дека секој ден се зголемува се повеќе и повеќе, зошто на некој така му одговара.
У секој случај не може да речеме ако постојат милијарда радикали да утепаме 3 милијарди муслимани и овие двете милијарди шо се разликата да ги сметаме како колатерална штета.
Решение сигурно има, ама нема желба за да се решат тие работи.

Кога ни убија деца за Велигден, колку Муслимани рекоа - арам да им е, нека скапаат во затвор. Нула? Пола? Еден?
Сите рекоа - невини се, и со насилни демонстрации побараа нивно ослободување.

Дали тие сите Муслимани се немуслимани кои од икс причини веруваат дека така е исправно?


Имаш еден куп лесно побивливи небулози, кои немаат врска со реалноста, а имаат врска со претпоставениот розов свет во твојата глава, во кој се самозалажуваш дека живееш. Но, не верувам дека ќе имам време со тебе да се занимавам.
Болдот е мојот одговор за тебе :love:
 
Не му паднала во канцеларијата, дезинформација ти е тоа, како и сите други вести што ни ги пренесуваш овде со извор од српски форуми и chat групи. Ај разбарај малку по интернетов и види каде е најдена личната карта.

Друго, пари ти ако немаш не значи дека сите немаат. Во Сирија не војуваа за круши.

АКо го донел калшњиковот од сирија онда симнувам капа.

Еве ајде да анализираме или да се ставиме на страна на напаѓачите. Некој од улица фанатик сака да купи оружје калашњиков. Од прва ќе го најде продавачот? Нели треба да почне да се распрашува, па тој што го прашува да праша некој трет итн. Ајде не идеме подалеку видовме како удба кај нас имала шпиони од глумци до сите професии. Што мислите вие франција и нејзините тајни служби немаат шпиони на секое ниво? И сега некој сумњив што се распрашува да купи калшњиков ќе пројде незабележано? Нема логика според мене. После да не зборам за планирање на нападот, или според вас седеле и станале и рекле ајде идеме, и го извршиле нападот? Значи немогуче обични фанатици без логистичка подршка да изведат ваков чин во Париз. Они се само извршители, кој стои позади нив треба да се истражува, но тоа медиумите нема да го анализираат, сите почнаа верск ида се мразат шт според мене е основната цел на нарачателот на ова дело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom