Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Само неколку работи кои онака ми дојдоа на памет:

Карикатуристката Korin Koko Rej , инаку сведок на настанот ја даде следнава изјава:

Ова ми е многу, многу сомнително.
- Затуцани исламски радикали, кои единствената книга што ја прочитале е куранот, џихадисти веројатно од некое гето каде што Французин не стапнува,
говорат перфектен француски јазик?

Биле родени во Париз.
 
Постирав поназад еден текст кој вели дека илјадници, пази, илјадници муслимани од Франција се во Сирија. Многу од нив ќе се вратат и ќе шетаат слободно. Говорат перфектен француски зошто повеќето се родени и пораснати во Франција. Нема логика да кажеш дека биле во Сирија и затоа не може да се професионалци. Не знаеме кој, каде и кога ги обучил.
 
Прашање: Дали вакви професионалци, или пак во најмала рака, искусни борци, би носеле лична карта во моментот кога извршуваат терористички акт?
Да ако планира после да бега и знае дека ќе има насекаде блокади и полициски контроли
 
Патем, полицаецот што го егзекутираа на улица бил муслиман.
 
Да ако планира после да бега и знае дека ќе има насекаде блокади и полициски контроли

Да не го фатиле случајно без лична карта при претрес?
:)
 
Почна журката и во нивниот двор? Англија следна? Ќе прават и Индијците некое харикири...
Не е убаво да се ситиме али чисто се сомневам дека немирно спиеа 2001 година 99.99% од Французите и другите европејци. А ние тука коси кубеме... најиронично ДУИ-терористичката пратиле писмо со подршка до Франција...
 
Огромен дел од дискусиите (не сите) тука приметив дека се одвиваат помеѓу:

1. Фаци кои знаат за ислам колку што ја знам за најнови модни трендови у Милано (или уште полошо, муслимани хипокрити, не муслимани искрени ко @Hattab1 ). Најверојатно слушнале негде муабет у стилот на, „религиите се сите исти, проповедаат мир и љубов али луѓето ги злоупотребуваат за свои цели. Исламот е вера за мирот.“ и можда седат во Менада притоа зборувајќи за тоа колку е страшна исламофобијата у Македонија.

2. Фаци кои всушност ја знаат исламската доктрина или и да не ја знаат, се плашат со право и тоа што го читале на нет за случаи ко овој или овој и милиони други, дешавки кои укажуваат на тој болно затуцан менталитет, тој рак од доктрина на тие СТРАШНИ работи кои се дешаваат во таквите општества, работи кои се резултат на слепо верување во работи пишани во збир од изветоперени книги, работи кои НЕ СЕ поврзани со интересите на Америка, личните интереси на великаните, личните интереси на „големите земји“, шеиците и ред други фактори кои овие погорните (под број 1) ги наведуваат увек ко причини кои го иницираат ова девијантно понашање.

За првиве. Ве молам не се бламирајте. Земете, прочитајте, видете што пишува, направете споредба. Не знаете колку смешно делувате од страна за луѓе кои потрошиле квалитетен дел од нивното време за да ги проучуваат овие религии, историјата позади развивањето на истите, политичко-економските фактори кои играле улога во сето тоа, психологијата на луѓето и причините поради кои ги прифаќаат овие верувања.

Некои од членовите тука кои ми киснат у подфорумот Религија, знам дека го потрошиле тоа време, дали еден @Ipsissimus кој пробуе фино да ви објасни или @121314, а и други членови кои можеби не се активни на подфорумот ама грижливо го проучиле тоа за што зборуваат.

Не се дрзнувајте со навреди, прости и аутистични навреди у стилот на „не биди глуп, исламот не проповеда ова, ова и ова...“ кон тие членови, знаат 30000 пути повеќе од вас и вашата дискусија е еквивалент на дедо Никита кој е бравар и пробува да општи за нуклеарна физика со Јаков.
Така да место да губите време тука обидувајќи се да ја покажете величината на вашиот фалус и степенот до кој можете да еготрипате, прочитајте го Куранот, ве преколнувам!
 
Ај мори мајко.
25 страни за терористичи напад во Франција.
Такви терористички напади се секојдневие во светот.
Можеби вчера имало и поголем терористички напад бо Сирија или Пакистан или Нигерија Украина Русија...ама овој во Франција е нешто посебен зошто тие се Французи а Французите се од врстата надлуѓе јнели.
Моите Македонци кои ѕверски беа убиени без никаков религиски повод за Французите не беа апсолутно никаква вест и беа безначајни за нив,ама затоа за нас ова е мнооогу значајна работа.:(
 
Протести сега, како за Смиљковско: „е како ги фатија толку брзо? Не се тие!“
не се фатени, само се идентификувани, ама во темава Се има само не работи поврзани со настанов па човек и тешко би можел асално да се информира од тука.
Инаку третиот, 18 годишниот, вчера се предал во полиција, има солидно алиби зашто бил на настава во период на нападот па се шпекулира дека можно е да ги познава браќата кои го извршиле нападот и да даде некое инфо поврзано со нив кое би помогнало да бидат фатени.
Сега за сега дечково е исклучен дека има некаква директна поврзаност со нападов, може е во некаква роднинска врска со нив, за тоа бар на cnn ништо не спомнаа.
 
Wall Street Journal, New York Times и сите поголеми американски весници се воздржаа од објавување на провокативните карикатури со Мухамед али затоа Вечер (од знаење или незнаење) ги спука сите карикатури на насловна :roker::pos:

До пред десетина години колку што ми текнува, и во учебниците по историја за основно и средно училиште уредно си имаше слика од Мухамед а чудно буквално никој не се бунеше. Се до пред 4-5 години кога им стана проблематично тоа на браќава муслимани... :)
 
Сабајлево на еден контролен пункт во Париз било пукано кон полицијата со автоматско оружје. Некои медиуми јавуваат за тешко повреден полицаец други за убиен.
 
Сабајлево на еден контролен пункт во Париз било пукано кон полицијата со автоматско оружје. Некои медиуми јавуваат за тешко повреден полицаец други за убиен.
српски тајни служби
 
Вчерашниот трагичен настан е само потсетница на погрешната политика која ја води ЕУ под диктат на нивниот ментор САД, посебно после случувањата во Либија, подршката на исламски радикали со цел симнување на Гадафи од власт и целата пустоловина која потоа следеше на Блискиот Исток и која трае ден денес. Од Сирија направија пекол на земјата, коси искубеа што им пропадна приликата воено да интервенираат, благодарение на напорите на Русија и нивната дипломатија, дури и Асад ги предупредуваше за можните последици од подршката на терористички организации, веќе две години уназад се труби и дискутира за последиците и опасностите кои ги демнат европските земји со враќањето на терористите од фронтовите ширум Ирак и Сирија, повик од Русија за решавање на проблемите со тероризмот кои реално се можеби најголемата закана во денешно време.

Али не, битно ги ставија Русите, во ист кош заедно со вакви исламистички гомна, како најголема закана за светскиот мир. И сега сите шокирани и запрепастени, прашувајќи се како можеше ова да се случи, а ова е секојдневица на Блискиот Исток, во Сирија секој ден се случуваат по 100 Паризи па на никој реално не му беше грижа изминативе 4 години, со ретки исклучоци. Европа е пред голем испит, ја чекаат тешки времиња, можеби 2015. година ќе биде одлучувачка за многу работи кои ќе следат. Решението на проблемот нема да биде "хитлеровско", како што некои на форумов повикуваа и впрочем со тоа покажаа дека се истите гомна како тие од вчера, туку ќе треба да се преиспита и редефинира политиката кон Блискиот Исток, која вклучува во пакет многу работи, од палестинскиот проблем, нуклеарната програма на Иран, кризата во Сирија, Либија, Египет и ред други. Се надевам дека Европа има паметни политичари, иако до сега не сум баш убеден дека е така.

Ние Македонците најдобро знаеме за болката која ја чувствува Франција и сочувствуваме со нив, жално е што обичниот човек, тој кој што работи, се грижи за семејството и гледа како до го помине тековниот месец, е секогаш жртва на политиките на некои повисоки инстанци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom