Верски вести III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.128
Дошол од Албанија за да ги краде моштите на света Параскева(ФОТО)

А.Д. (38) од Албанија е крадецот на ковчежето на моштите на света Параскева, на трите сребрени крста од 1800 година и на манастирскиот печат.



По извршувањето на тешката кражба, пријавениот А.Д. околу 03 часот е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола каде се обидел да бега со своето патничко моторно возило марка „голф“ со албански национални ознаки“, соопштува СВР Охрид.

Против Албанецот, полициската станица од Дебар во март 2010 година поднела извештај дека заедно со уште едно лице, криумчареле икони и други предмети од културно наследство.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Најмалку 160.000 христијани протерани од ирачкиот град Мосул


http://a1on.mk/wordpress/archives/423067
[DOUBLEPOST=1418509370][/DOUBLEPOST]Шиитските аџии со рекордна масовност и покрај сунитските џихадисти ја преплавија Кербала


http://makfax.com.mk/svet/vesti/siitskite-adii-so-rekordna-masovnost-i-pokraj-sunitskite-dihadisti-ja-preplavija-kerbala[DOUBLEPOST=1418509415][/DOUBLEPOST]Луксузен „мерцедес“ за највисокиот верски авторитет во Турција


http://makfax.com.mk/svet/region/luksuzen-mercedes-za-najvisokiot-verski-avtoritet-vo-turcija
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Еве го киднаперот од Сиднеј

Полицијата во Сиднеј му го откри идентитетот на терористот кој држи заложници во кафе “Линден” на плоштадот “Мартин Плејс. Тоа е Иранец Ман Харон Монис кој е самопрогласен за шеикот и проповедник од” Исламска држава “.



Тој е ослободенсо кауција по обвинение за убиство„Молња“ и е краен исламист и држи 15 преплашени заложници


Тој е вооружен со прессечена пушка, открија од полицијата. Харон Монис се забарикадираи во кафеаната каде ги брани боите на знамето на “Исламска држава”.



Полицијата го опколи со силена кордон “Мартин Плејс “и во моментов специјалци и се обидуваат да го убедат терористот да ги ослободи заложниците, или ќе влезат во објектот.







http://lokalno.mk/eve-go-kidnaperot-od-sidnej/
[DOUBLEPOST=1418663532][/DOUBLEPOST](ВИДЕО) ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Непозната келнерка избега од терористот!


Снимката како бега келнерката Ели Чен од кафе барот на подавницата за чоколади „Линт“ во Сиднеј каде со часови трае заложничката криза го обиколи светот.

Храбрата келнерка и студентка со часови доживувала хорор, а била принудена во излогот да држи знаме со натпис на арапски јазик на кој пишувало „Нема Бог освен Алах. Мухамед е негов пророк“.

Меѓутоа неколку часа подоцна , оваа девојка ја искористила шансата и успеала да избега од наоружаниот терорист.

Ели истрчала низ предната врата на кафе-барот мафтајќи со рацете кон полицијата. Нејзиниот израз на лицето јасно ги покажува емоциите кои во тој момент ја совладале.

Нејзиното семејство и пријателите со воодушевување го поздравиле нејзиното бегство.




http://faktor.mk/2014/12/15/видео-херој-на-денот-непозната-келнер/

[DOUBLEPOST=1418663831][/DOUBLEPOST]Не во мое име: Британските млади муслимани во војна против ИСИС!


Активистите се огорчени поради тоа што Исламската држава му дава лоша слика на исламот преку своите страшни злосторства.


Велика Британија се соочува со сè поголема радикализација на младите кои им се приклучуваат на исламистите и одат во "Света војна" во Ирак или Сирија, па група млади муслимани започнале кампања наречена "Не во мое име", во која им порачуваат на џихадистите дека само му наштетуваат на исламот и муслиманите и ги предаваат основите на таа религија.




Тие не сакаат само да гледаат како терористите на ИСИС ја злоупотребуваат нивната религија, па јавно се оградиле од самопрогласениот калифат и нивната изопачена идеологија, пишува Detsche Welle, додавајќи дека во акцијата за кратко време се приклучиле 50.000 млади муслимани во Британија.


http://tocka.com.mk/1/145458/ne-vo-moe-ime-britanskite-mladi-muslimani-vo-vojna-protiv-isis[DOUBLEPOST=1418663926][/DOUBLEPOST]ПРИРАЧНИК ЗА ИМИГРАНТИ

Руската православна црква: Почитувајте ги жените, не мавтајте со рацете и не зборувајте гласно

Не зборувајте прегласно во јавноста. Не мавтајте со рацете во јавниот сообраќај. Не се туркајте. Ова се само некои од насоките што им ги нуди Руската православна црква на странските имигрантски работници, пренесе Радио Слободна Европа.



Препораките се дел од прирачникот што црквата го објави за да им помогне на имигрантите – кои најчесто се од поранешните советски републики – за да ги поминат испитите од руски јазик, историја и однесување. Испитите се задолжителни според законот што ќе стапи во сила на 1 јануари 2015 година.

Прирачникот „Руски јазик, историја и основи на руското право“ содржи инструкции за имигрантите за тоа како да се „однесуваат на јавните места и како да ги решаваат конфликтите со локалното население“, објави весникот Известија.

Во јавниот превоз „најважни правила се: не зборувајте гласно, не мавтајте со рацете и не се туркајте“.

Мигрантите исто така се советуваат да бидат кавалери спрема жените:

„Во Русија има многу несреќни семејства и сами жени зашто многу мажи настрадаа или исчезнаа во војните и во конфликтите. Меѓутоа, руските жени бараат почитување. Доколку некој ќе ги навреди, нивните машки роднини ќе ги одбранат“.


Прирачникот го уредил портпаролот на РПС Всеволод Чаплин, кој неодамна рече дека уметничката инсталација „Окото на Саурон“, со која се рекламира филмот, е „демонски симбол“.



http://www.mkd.mk/svet/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-pochituvajte-gi-zhenite-ne-mavtajte-so-racete-i-ne-zboruvajte
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.128
„Мислевме дека се деца што си играат... А тогаш ги видовме пушките“

Најмалку 141 лице, главно деца, се убиени во масовниот масакр на талибанците во воено училиште во Пакистан. Преживеаните ги опишуваат ужасните сцени во и надвор од училиштето, додека напаѓачите оделе од училница во училница за да ги убијат нивните другари.



„Напаѓачите извикуваа ‘Алаху Акбар’ (Бог е најголем) пред да почнат да пукаат“, изјавил за Франс прес еден ученик, кој сега е во болница.

„Тогаш еден од нив извика: ‘Многу деца се кријат под клупите, оди и среди ги’“, вели тој и додава дека бунтовниците „ги бараа учениците и ги полнеа со куршуми нивните тела.“

„Видов еден пар големи црни чизми како доаѓаат кон мене, тој човек веројатно ги ловеше учениците што се криеја под клупите“, вели тој. Се сеќава дека бил застрелан двапати - над двете колена: „Телото ми трепереше. Ја видов смртта одблизу.“


Бројот на жртвите се очекува да расте. Додека бројот на повредените останува непрецизен, војската соопшти дека официјалната бројка на загинатите се искачила на 141 од почетните 130.



„Мислевме дека се деца што си играат... А тогаш ги видовме пушките“

Еден работник во училиштето вели дека опсадата почнала околу 10 часот по локално време, кога тој видел шест лица како се качуваат по ѕидовите на училиштето. Додека Асошиејтед прес соопшти дека „шест вооружени лица“ учествувале во нападот, по девет часа борби еден воен извор изјавил за Ројтерс дека „работата е завршена“ и дека сите девет милитанти загинале во контранападот.

„Мислевме дека мора да се деца што си играат некоја игра... Но тогаш им ги видовме многуте пушки“, изјави за Ројтерс Мудасир Аван.

„Како почна пукањето, нашиот учител ни рече да се наведнеме и отидовме во аголот на училницата. По еден час, кога пукањето стивна, еден армиски офицер дојде и нè спаси“, изјавил ученикот Мухамед Наеем.

Ученици од военото училиште даруваат крв за повредените

„Додека излегувавме, во ходниците ги видовме нашите другари како лежат мртви на земјата погодени од куршуми - некои со три, некои со четири куршуми, тие крвавеа“, додава тој.

Генерал-мајорот Асим Бајва за Ројтерс изјавил дека не биле земени заложници. „Тие не зеле заложници и почнале да пукаат во влезната сала“, рекол тој и додал дека милитантите со себе понеле доволно храна за да им трае неколку дена – што укажува дека било планирано долгорочно држење заложници.

Преживеаните се сеќаваат и на процесот на евакуација. Еден ученик од седмо одделение се сеќава дека масовно ги преселиле во слушалната заради безбедност.

„Седум до осум луѓе нè нападнаа, а потоа дојде војник и им кажа на директорот и на наставниците да ги изнесат децата од објектот низ задната врата. Имаше илјадници ученици во колеџот и сите беа пренесени во слушалната“, вели ученикот Аршад Кан.

Еден повреден ученик бил со група од осмо до десетто одделение кога почнало насилството. Во почетокот никој не знаеше што се случува, рекол тој за Асошиејтед прес.

„Тогаш видов како децата паѓаат плачејќи и врескајќи. И јас паднав. Подоцна дознав дека имам куршум“, вели Џамал, кој бил застрелан во ногата.



„Боже, зошто ми го зеде синот?“

„Утрово син ми беше во униформа. Сега тој е во ковчег“, вели еден родител, Тахир Али, кој отишол во болница за да го земе телото на својот 14-годишен син.

„Син ми беше мојот сон. Мојот сон е убиен“, рекол тој за АП.



„О боже, зошто ми го грабна синот?“, вели една мајка на 12-годишно момче што загинало во нападот, за Франс прес.

Неколку угледни личности ја осудија бруталноста на инцидентот.

Премиерот Наваз Шариф рекол дека е на пат кон Пешавар: „Не можам да останам во Исламабад. Ова е национална трагедија, која ја почнаа дивјаци. Тоа беа мои деца.“

Нападот, наводно, бил одмазда за големата воена операција против милитантите во племенските области.

„За нападот го избравме военото училиште поради тоа што Владата ги напаѓа нашите семејства и жени“, изјавил талибанскиот портпарол Мухамед Омар Корасани. „Сакаме да почувствуваат болка.“

И добитничката на Нобеловата награда Малала Јусуфзаи се приклучила во осудата на масакрот.

„Срцето ми е скршено од овој бесмислен и ладнокрвен чин на терор во Пешавар“, рекла таа денеска.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.128
Возач викајќи „Алаху Акбар“ прегазил толпа пешаци во Франција, 11 повредени (ФОТО)


Најмалку двајца луѓе се сериозно повредени откако денеска возач што викал „Алаху Акбар“ прегазил толпа пешаци во францускиот град Дижон. Вкупниот број на повредени е 11, соопштил извор близок на истрагата.



„Човекот, роден во 1974, очигледно е неурамнотежен и бил во психијатриска болница“, рекол изворот за Франс прес и додал дека „засега неговите мотиви сè уште се непознати“.



Нападот се случува еден ден откако Французин што преминал во исламот беше застрелан откако нападна тројца полицајци со нож викајќи „Алаху Акбар“ во францускиот град Жуе ле Тур.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
МПЦ-ОА побара милост за Јован Вранишковски заради повисоки цели
Синодот на Македонската православан црква повика на милост за екс владиката Јован Вранишковски. Македонските архиереи, ваква одлука донеле на денешната вонредна синодска седница, откако во саботата во посета на Македонија беше вториот највлијателен човек на Руската православна црква митрополитот Иларион Алфеев. Во соопштението кое што МПЦ го издаде пишува дека повикот за милост на Врнишковски е од повисоки цели.

САС на МПЦ-ОА служејќи Му на Бога, Кој преку светиот пророк Осија, вели: Јас повеќе сакам милост, отколку жртва,(Ос. 6, 6) и потсетувајќи се на зборовите на Спасителот „одете и научете се што значи: ‘Милост сакам, а не жртва”(Матеј 9, 13),

раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие, стои во соопштението на МПЦ.

Неофицијалните информации велат дека по ова сооштение на МПЦ, може да почне и а почне правната постапка за помилување на Вранишковски. Засега нема информации како таа ќе се одвива., сепак неофицијално, а и ако се чита внимателно соопштението на МПЦ, можно е да се очекува Врнаишковски на слобода да биде пред Божиќ.

Македонските владици велат дека оваа одлука е по сугестија на Руската православна црква, од која добиел уверување дека слободата на Вранишковски ќе значи почеток на дијалогот со СПЦ за решавање на статусот на МПЦ.
http://sitel.com.mk/mpc-oa-pobara-milost-za-jovan-vranishkovski-zaradi-povisoki-celi-0
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1223141129477&id=9&setIzdanie=23354
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Чудо на гробот на закланото дете: Болните оздравуваат, а неротките добиваат деца! (ФОТО)


Десетици брачни парови од околните села благодарение на манастирската светиња, гробот на свети Николина, добиле наследници. Младите брачни парови без деца треба да ја ислушаат вечерната молитва и да преспијат покрај гробот на светителката, раскажува Жика од село Курјаче, за српски Телеграф.



Манастирот Нимник, во селото Курјаче, е место каде што годишно доаѓаат илјадници луѓе за да се излечат и место каде што доаѓаат многу жени кои што немаат деца да се помолат за да даобијат рожба. Манастирот се наоѓа помеѓу Пожаревац и Големо Градиште.

Овој манастир датира уште од 1389 година, односно од косовската битка.

Историјата на ово место започнува тажно, за девојката која заради својата храброст и православна вера била заклана.



Девојката се викала Николина и имала само 12 години кога дошле Турците и и се заканиле да им го покаже патот до манастирот во шумата. Девојката на влашки им одговорила (nišću nimnik) дека не знае ништо. Ниту една закана не им помогнала ан Турците, за неа посилно било ветувањето дадено на нејзината мајка, дека нема да го каже манастирот скриен во шумата. Турците го заклале девојчето, а манастирот по нејзиниот одговор го доби името Нимник.

Според една друга приказна, девојчето го пресретнале ајдуци. Девојката меѓу нив го препознала кумот, а по негова наредба таа била и убиена. Роднините вечерта тргнале да ја бараат девојката во шумата, од далеку виделе светлина, а кога се приближале виделе дека тоа е пламен од нејзиното тело.



Ја качиле на кола, но воловите сакаа оделе само накај манастирот. Девојчето било погребано кај манастирот, кој според името на Николина го доби името Нимник.

Од тогаш на гробот на девојчето се случуваат чуда. Подоцна кумот на девојчето, кој ги предводел ајдуците, откако се покајал во кругот на манастирот изгради капела, а нејзините посмртни останки беа префрлени таму.



Во дворот на манастирот има две капели. Едната се вика Светителка и таа капела е направена на гробот на жртвуваната девојка, а другата е посветена на Пресвета Богородица. Овие две места за секој празник ги посетуваат голем број на луѓе кои што бараат лек за себе.

Десетици парови од околните села благодарение на манастирската светиња, односно гробот на свети Николина, добиле наследници. Младите брачни парови без деца треба да ја ислушаат вечерната молитва и да преспијат покрај гробот на светителката, раскажува Жика од селото Курјаче.



Имено, на посетителите на сон му се јавува девојката и ги повикува на местото каде ќе се излечат од својата болка и мака. Исто така во околината на манастирот се наоѓа извор кој е наречен извор на Николина, како што раскажуваат мештаните од околните села таа е света вода и има лековита моќ.



Пред некој ден манастирот го посетила една докторка од Ниш. Таа плачела и раскажувала за сонот, „како одела по улица и гледала луѓе како чекаат во ред. Пошла ги прашала што чекаат, а тие и одговориле дека чекаат ред да се запишат за на пат за манастирот Нимник“. Жената се разбудила наредниот ден, а после тоа брзо и се јавила мајкаи да и каже дека и се влошила здраствената состојба на нејзиниот татко и дека мора да оди на операција. Таа уште истиот ден се спакувала и од Ниш се упатила накај манастирот. Таму се молела за здравјето на својот тако, раскажува една монахиња.

Според историските податоци овој манастир е изграден за време на кнез Лазар.

http://denesen.mk/web/?p=318762
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Џихадистите со нова "борбена техника", кад је анал халал:
"Исламот генерално ја забранува содомијата но бидејќи џидахот е поважен, истата се дозволува за да се прошири аналниот отвор како во него би собрало експлозив" :zver:
 
D

Daedalus

Гостин
@Изгрев Верски Вести е тема наменета за споделување на новости за случки кои се поврзани со религија.
Ако постираш едукативен материјал или пропаганден материјал поврзан со религија, а истиот е постиран у брзо време, тоа не е новост. Не е важно времето кога е објавена веста која ја цитираш, важно е дали содржината на веста е новост или не.
Опоменат си поради несоодветна содржина и цитирање на тема Верски Вести на која не смее да се цитира..
@MIKI1 е опоменат за цитирање на темата.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
CТРАВОТИЈА ВО СИРИЈА
Ѝ ги корнеле градите оти доела во јавност

http://vecer.mk/svet/i-gi-kornele-gradite-oti-doela-vo-javnost




“Исламска држава” создаде женска бригада која измачува жени


Садистичка религиозна полиција, составена само од жени ,мачела млада сиријка за тоа дека го доела детето на јавно место, пишува “Мирор”.



Бригадата “Ал Ханза” користела средновековен алатка наречена “штипалката”, за да наметне строго однесување според шеријатот меѓу жените во заземениот од “Исламска држава” град Ракка.Тој се состои од две метални вилици кои им ги гризат градите на жртвата, предизвикувајќи неверојатна болка. Според локалците, женските одреди на исламистите се фанатични и пожестоки дури од мажите а меѓу нив имало и многу Британки, и дојденци. Во последниот месец бригадата убила најмалку 120 цивили.


http://lokalno.mk/islamska-drzhava-sozdade-zhenska-brigada-koja-izmachuva-zheni/




[DOUBLEPOST=1419968095][/DOUBLEPOST]Како ИСИС ги привлекува младите на Балканот: "Син ми преку ноќ се промени! Ги запали сите свои слики и замина!"


http://tocka.com.mk/1/146776/kako-isis-gi-privlekuva-mladite-na-balkanot-sin-mi-preku-nok-se-promeni-gi-zapali-site-svoi-sliki-i-zamina
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.128
Испробувале справа за мачење врз мајка што доела бебе во јавност

Таканаречената „Женска полиција“ на Исламска држава неодамна казнила жена чиј единствен „грев“ било тоа што го доела своето бебе на улица.



Бригадата Ал канса, верската полиција чии членови се исклучиво жени, наводно користат справа за мачење слична на замките за мечки, за да ги казнуваат оние што ги кршат строгите закони во Рака, „престолнината“ на калифатот на Исламска држава.

Жената што го доела бебето била уапсена, а „џихадетите“ ја казниле со мачење поради „гревот“ што го направила, и тоа на суров начин – ставајќи ѝ ги градите во стеги со шилци и на тој начин трајно осакатувајќи ја.

Опозициската група, која дејствува исклучиво на социјалните мрежи, со име „Бавниот масакр врз Рака“ тврди дека 24-годишната девојка претрпела страшни изживувања од страна на бригадата Ал канса.

„Бев на пазар кога ми пријдоа членките на Ал канса и ме уапсија наводно поради тоа што мојата бурка била провидна, што не е по шеријатскиот закон. Сепак, знам дека беше поради тоа што го доев својот син на улица. Ме одведоа во просторија во центарот на градот, ме ставија во ќелија за мачење и ме прашаа дали сакам да бидам казнета со камшик или со „гризач““, кажала девојката, која се претставува како Батол за да го скрие идентитетот.


„Бидејќи многу се плашам од камшик, а не знаев што е „гризач“, претпоставив дека е помала казна од камшикување, па го одбрав тоа. Донесоа остар предмет, кој изгледаше како замка за мечки, со многу шилци. Ме држеа и со сета сила го притиснаа на моите гради. Врескав од болки, бев страшно повредена. Потоа ме оставија во болница. Чувствував дека сум целосно уништена како жена. Размислував за самоубиство. Подоцна дознав дека многу жени биле мачени на овој начин. Тоа е трагично“, кажала 24-годишната мајка.


Западните медиуми ја пренесуваат оваа вест споредувајќи ги злосторствата на ИС со оние што ги правеле СС единиците во Втората светска војна.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.153
Поени од реакции
8.738
Девојче омажено на осум години почина од внатрешно крварење


Поради сиромаштијата во која живеат, голем број семејства во Јемен не можат да кажат ”не” на оние кои нудат стотици долари за нивните малолетни ќерки.

Осумгодишно девојче од Јемен, почина од внатрешно крварење добиено по првата брачна ноќ со сопруг петпати постар од неа, откако беше присилена на брак, јавува Дејли Мејл.


Девојчето за кое единствено се знае дека се вика Раван, починала во Хард – Северозападен Јемен, племенско подрачје кое се граничи со Саудиска Арабија.

Активистите бараат младоженецот да биде уапсен, но и семејството кое се согласило на ваков брак, како опомена за престанок на мачната пракса на договорени бракови со деца и постари мажи од Јемен.

Ваквата традиција која се практикува во Јемен ги привлече меѓународните групи за заштита на човековите права кои вршат притисок на Владата на Јемен да ги забрани браковите со мали деца.

Сиромаштијата која владее во Јемен игра голема улога во таа пракса, бидејќи некои семејства поради бедата во која живеат и големиот број членови, не можат да кажат ”не” нa возрасните мажи кои нудат и по стотици долади за нивните малолетни ќерки.



Според податоците на министерството за здравство во Јемен, повеќе од четвртина на тамошните девојки се мажат пред 15 години.

Според обичаите во Јемен, младите девојки мора да бидат воспитани и послушни жени, мора лесно да се одбранат од искушенија и да родат повеќе деца.

Јемен одамна постави старосна граница од 15 години како најниска за склопување брак, но парламентот тој закон го поништи во 1990 година, велејќи дека за границата може да одлучат самите родители.[DOUBLEPOST=1420563812][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom