Огромен дел од дискусиите (не сите) тука приметив дека се одвиваат помеѓу:
1. Фаци кои знаат за ислам колку што ја знам за најнови модни трендови у Милано (или уште полошо, муслимани хипокрити, не муслимани искрени ко
@Hattab1 ). Најверојатно слушнале негде муабет у стилот на, „религиите се сите исти, проповедаат мир и љубов али луѓето ги злоупотребуваат за свои цели. Исламот е вера за мирот.“ и можда седат во Менада притоа зборувајќи за тоа колку е
страшна исламофобијата у Македонија.
2. Фаци кои всушност ја знаат исламската доктрина или и да не ја знаат, се плашат со право и тоа што го читале на нет за случаи ко
овој или
овој и милиони други, дешавки кои укажуваат на тој болно затуцан менталитет, тој рак од доктрина на тие
СТРАШНИ работи кои се дешаваат во таквите општества, работи кои се резултат на слепо верување во работи пишани во збир од изветоперени книги, работи кои НЕ СЕ поврзани со интересите на Америка, личните интереси на великаните, личните интереси на „големите земји“, шеиците и ред други фактори кои овие погорните (под број 1) ги наведуваат увек ко причини кои го иницираат ова девијантно понашање.
За првиве. Ве молам не се бламирајте. Земете, прочитајте, видете што пишува, направете споредба. Не знаете колку смешно делувате од страна за луѓе кои потрошиле квалитетен дел од нивното време за да ги проучуваат овие религии, историјата позади развивањето на истите, политичко-економските фактори кои играле улога во сето тоа, психологијата на луѓето и причините поради кои ги прифаќаат овие верувања.
Некои од членовите тука кои ми киснат у подфорумот Религија, знам дека го потрошиле тоа време, дали еден
@Ipsissimus кој пробуе фино да ви објасни или
@121314, а и други членови кои можеби не се активни на подфорумот ама грижливо го проучиле тоа за што зборуваат.
Не се дрзнувајте со навреди, прости и аутистични навреди у стилот на „не биди глуп, исламот не проповеда ова, ова и ова...“ кон тие членови, знаат 30000 пути повеќе од вас и вашата дискусија е еквивалент на дедо Никита кој е бравар и пробува да општи за нуклеарна физика со Јаков.
Така да место да губите време тука обидувајќи се да ја покажете величината на вашиот фалус и степенот до кој можете да еготрипате, прочитајте го Куранот, ве преколнувам!