Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
А шо демек има некоја друга што е најнебитна?..едно прашање,дали сте нормални?..
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Значи слободно демантирајте ме со аргументи,а не со глупи реплицирања од типот "не трескај глупости" и вашите аргументи од типот "тимот ни е мизерија,ама важно Ханданович е ѕвер"
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.825
Поени од реакции
115.888
Да го нема Џони би требало да го измислиме. :D
Каков цар :pos::pos:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.600
Ја друго те прашав, кој ти вика нешто за Хандановиќ?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.825
Поени од реакции
115.888
Значи слободно демантирајте ме со аргументи,а не со глупи реплицирања од типот "не трескај глупости" и вашите аргументи од типот "тимот ни е мизерија,ама важно Ханданович е ѕвер"
Брат дај бе, ко вчера да дозна за овој спорт да го ебам. Не постои небитна позиција во фудбалот што ти е на тебе.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Дефинирај „нормални“.
Има некои тука што пратат фудбал повеќе од 10 години и страмота е да имаат вакви ставови,па каква улога има голманот во врска со играта на една екипа?..мислам која е поентата голманот да ти биди ѕвер а екипата да ти е мизерии?[DOUBLEPOST=1420643078][/DOUBLEPOST]
Брат дај бе, ко вчера да дозна за овој спорт да го ебам. Не постои небитна позиција во фудбалот што ти е на тебе.
Битна е фала богу,само напишав дека е најмалце и во секој момент го менувам добар голман за било кој добар играч од друга позиција на теренот..каква улога има голманот во организацијата на нападите или пак во поставувањето офсајд стапици?..ако имаш добар тим,голманот ќе има помалце работа тоа е факт
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.600
мислам која е поентата голманот да ти биди ѕвер а екипата да ти е мизерии?
Точно е тоа што го велиш. Исто така точна е и оваа изјава: „која е поентата да имаш добра екипа ако голманот ти е тенџере и прима голови низ уши“.

Мислам во ред е да не цепидлачиме. Најнебитна алка во нашава екипа ваљда е Гуарин, или Хернанес. И со нив и без нив, исто.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.825
Поени од реакции
115.888
Има некои тука што пратат фудбал повеќе од 10 години и страмота е да имаат вакви ставови,па каква улога има голманот во врска со играта на една екипа?..мислам која е поентата голманот да ти биди ѕвер а екипата да ти е мизерии?[DOUBLEPOST=1420643078][/DOUBLEPOST]

Битна е фала богу,само напишав дека е најмалце и во секој момент го менувам добар голман за било кој добар играч од друга позиција на теренот..каква улога има голманот во организацијата на нападите или пак во поставувањето офсајд стапици?..ако имаш добар тим,голманот ќе има помалце работа тоа е факт
ЛОЛ
Секоја акција започнува од голманот. Дали знаеш колкав импакт има голманот во играта на тимот? Пример Ханданович да е некое дрво ко Мињоле да речеме, дупло повеќе ќе го јадеме курот. Знаеш ли колку е битно да фрли точен и навремен пас со рака, колку е битно да додаде точно кога ќе играат пресинг противничките играчи? А да не зборам околу бранењето, колку е битно да спасува одредени зицер ситуации. Земи го Де Геа за пример, ради него Јунајтед има плус 10 бодови сезонава сигурно, да не беше он ќе беа подолу на табелата 100%.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
ЛОЛ
Секоја акција започнува од голманот. Дали знаеш колкав импакт има голманот во играта на тимот? Пример Ханданович да е некое дрво ко Мињоле да речеме, дупло повеќе ќе го јадеме курот. Знаеш ли колку е битно да фрли точен и навремен пас со рака, колку е битно да додаде точно кога ќе играат пресинг противничките играчи? А да не зборам околу бранењето, колку е битно да спасува одредени зицер ситуации. Земи го Де Геа за пример, ради него Јунајтед има плус 10 бодови сезонава сигурно, да не беше он ќе беа подолу на табелата 100%.
Изгледа вие не ме разбирате...секоја чест за Ханданович но јас пишував генерално за секој тим,и Бартез беше дрво невидено ама Франција и Јунајтед беа ѕверој од екипи и пак беа на врвот....поентата ми беше дека мочајсе во тимот каде голманот тие најдобар бидејќи за голманот да ти биди најдобар екипата пред него треба да е мизерии па за дозволува голманот да има толку интервенции...и за Де Геа истото важи,Јунајтед моментално се мизерии во одбраната и нормално дека ќе се истакни неговиот квалитет,додека беше Фергусон пред две години никој ништо не пишеше за Де Геа бидејќи пред него имаше стабилна екипа и со тоа тимот беше подобар...

Сакам да напоменам ако екипата е физички силна и стабилна,голманот нема ни да се види[DOUBLEPOST=1420643583][/DOUBLEPOST]
Точно е тоа што го велиш. Исто така точна е и оваа изјава: „која е поентата да имаш добра екипа ако голманот ти е тенџере и прима голови низ уши“.

Мислам во ред е да не цепидлачиме. Најнебитна алка во нашава екипа ваљда е Гуарин, или Хернанес. И со нив и без нив, исто.
Во нашата екипа најнебитна е Нагатомо
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.825
Поени од реакции
115.888
Изгледа вие не ме разбирате...секоја чест за Ханданович но јас пишував генерално за секој тим,и Бартез беше дрво невидено ама Франција и Јунајтед беа ѕверој од екипи и пак беа на врвот....поентата ми беше дека мочајсе во тимот каде голманот тие најдобар бидејќи за голманот да ти биди најдобар екипата пред него треба да е мизерии па за дозволува голманот да има толку интервенции...и за Де Геа истото важи,Јунајтед моментално се мизерии во одбраната и нормално дека ќе се истакни неговиот квалитет,додека беше Фергусон пред две години никој ништо не пишеше за Де Геа бидејќи пред него имаше стабилна екипа и со тоа тимот беше подобар...

Сакам да напоменам ако екипата е физички силна и стабилна,голманот нема ни да се види[DOUBLEPOST=1420643583][/DOUBLEPOST]

Во нашата екипа најнебитна е Нагатомо
Абе точно, ама земи го во предвид она што ти го пиша Ио. Што ако екипата ти е добра а имаш тиња голман? Како и да е секој играч е битен, а во Интер бар голманот е топ, ако веќе на 5-6 позиции се мизерни. И не сфаќам зошто некои го критикуваат Манчини, ама најискрено, не знам што сакате од човекот, па свесни ли сте колкава штета направи оној дегенон Мацари??? Можеби вчера згреши што го играше Кампањаро десен бек од прва минута, ама за други ствари не му се лутам. На полувреме ги увиде недостатоците на Јуве и одлично притиснаа во второ, е сега немавме и среќа, а можевме и три бода да им лапнеме. Од Манчио тек следната сезона ќе очекувам резултати и ќе го критикувам, затоа што оваа сезона т.е. полусезона нема да е негова кривица ако заврши неуспешно. Под итно десен бек да се зима, или нека игра со Додо лево и Амброзио лево, али мора, значи МОРА Ранокија да лета од прва постава. Покрај него и Хуан изгледа како кловн, а не е. И мора еден покреативен играч во средина на местото на Куз.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.539
Ханданович како и секој голман од резултат 0:0 рецимо... не можи за ништо фазла да се избори, тоа зборува Џониов, а дека ние не сакаме да разбереме тоа е друга работа.

Треба игра! Поентата на фудбалот е да ја внесеш топката во противничката мрежа, а тоа не е работа на еден голман!
 
C

Castiel

Гостин
Мочајсе во тимот ако голманот ти е најдобар,најмногу ме нервира кога го фалат Ханданович,тоа значи дека нешто не е во ред со тимот што дозволуваат голманот да прави толку интервенции...секоја чест за чоекот што брани ама сепак голманот е најнебитна алка во тимот...и зошто Ди Амбросио играше лев бек?
:pos::pos: Џони не заебавај...еве за пример ќе ти го земам Куртоа лани со атлетико....да не беше он ни приближно немаше да го имаат успехот што го имаа.....какви све топки не фаќаше...можеби едно 60% е заслужен за успехот.....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.983
Поени од реакции
16.418
Треба игра! Поентата на фудбалот е да ја внесеш топката во противничката мрежа, а тоа не е работа на еден голман!
Ете вчера не можевме да внесиме топка во противничка мрежа,(по вторпат, а и во прво полувреме немавме ни шут на гол, од 1997 година сме го немале тоа) ама Ханда колку 100% шанси за гол фати на играчите на Јувентус, како и да ја вртиме битен е секој играч, ама да деградираш голман, шознам..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom