Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Кога младо девојче од Струмица ќе умре заради 40 000 евра а они ми прават ограда од 700 000 евра е тоа ти се вика катастрофа.Бев голем подржувач на Скопје 2014 и на оваа Влада до пред 2 години тогаш сфатив дека гадно сум се заебал.
my story
(само што ја размислував така првите две години, а после сконтав)
 
Додека 30% од работоспособните граѓани се невработени, а над 40% се под прагот на сиромаштија и живеат со 40-80 денари на ден, некој си реконструира административни згради за астрономски суми.

Пораката е: погледни се себе си, мал граѓанину, а потоа погледни наваму. За да не ја заборавиш сопствената небитност и малечкост, да не заборавиш каде припаѓаш.

nova-fasada-na-vlada-3.jpg


Дефинитивно овие од режимот планираат да владеат со децении и векови, преку наследни лози, син по татко, внук по дедо.

Народот не го спасува ништо освен Македонска пролет.[DOUBLEPOST=1419945486][/DOUBLEPOST]Ова сега го гледам:
http://www.time.mk/c/53c24fcdea/vladata-planira-da-potrosi-690-000-evra-za-barokna-ograda.html

Барокна ограда за зградата на Владата од скоро милион евра. Уау...
Македонската влада никад до сега немала ограда.
Се купуваат гумени куршуми, се ставаат огради и барикади околу влада... Сигурно има и подземен тунел за евакуација како тој од Собрание до ГТЦ.

Смртно се исплашени глувците.
Претчуствуваат, знаат дека ќе ѝм се случи НАРОД.
нема да им се случи народ, ама ќе им се случи ММФ, тој народ што го бараш голем дел не е тука, останатиот планира да се исели и она што е тука поради фамилијарни работи.
На ВМРОвскиот народ ќе им се случи ММФ, тогаш оваа зграда ќе биде продадена за у пола цена од тоа што е дадено за фасада, од некои "бизнисмени". И така
 
Добро е што некои се свестуваат, порано или подоцна.
 
На ВМРОвскиот народ ќе им се случи ММФ, тогаш оваа зграда ќе биде продадена за у пола цена од тоа што е дадено за фасада, од некои "бизнисмени". И така
Тоа едноставно не е можно.
Зградите и остатокот се правени од стиропор ваљда (карикирам, али стварно е блиску до тоа), пошто увек коа ќе се сјебе нешто излегуе на виделина шуплина со стиропор (примери колку сакаш). Тоа реално кошта колку 10% од сумата која наводно е потрошена.
Така да, тој што купуе ваљда не пие нафта и ќе плати ваљда само пола од реалната цена на тоа што го купуе, а не пола од парите кои се официјално "вложени за изградба".[DOUBLEPOST=1420126708][/DOUBLEPOST]
Добро е што некои се свестуваат, порано или подоцна.
мене ми стана јасно дека се фејкери коа го шитнаа сопствениот народ со амнестија на воените злосторства (што е светски нон-сенс), мислам дека тоа беше 2009-та
 
мене ми стана јасно дека се фејкери коа го шитнаа сопствениот народ со амнестија на воените злосторства (што е светски нон-сенс), мислам дека тоа беше 2009-та
Мислам дека 2011та беше кога вемеро поклонија амнестија после најновите тогаш добиени избори. Со ДУИ ја фејкаат работата уште од старт, демек не коалицираме со нив, со терористи. Интересно е што до сега неколку пати истиот циклус врти, не коалицираме па на крај пак коалиција.
 
Мислам дека 2011та беше кога вемеро поклонија амнестија после најновите тогаш добиени избори. Со ДУИ ја фејкаат работата уште од старт, демек не коалицираме со нив, со терористи. Интересно е што до сега неколку пати истиот циклус врти, не коалицираме па на крај пак коалиција.
Коалицирањето со ДУИ е скроз легална работа, која има легитимитет и подлога во рамковниот и амнестијата за ОНА.
Додека пак, амнестијата на воените злосторства е преседан во светски размери и небулоза од морално етички аспект, која оди баш спротивно на суштината на партијата и нејзината идеологија. Башка што оди спротивно на препораките на ЕК и ЕУ.
Тогаш ми стана јасно дека се фејкери. Подоцнежните постапки и настани, особено околу грабежите и сѐ друго, само ја потврдија тажната констатација.

Економските махинации во проектот 2014 не отстапуваат од генералниот впечаток за оваа несреќа.

(да, 2011 беше тоа)
 
Стиропор...искрено немам појма околу градежни материјали, но чудово неможе да биде издржливо? За колку години би се распаднале градбиве? Што кога тоа ќе се случи, елитава ќе биде некаде далеку дотогаш?
 
чоек..... никој веќе не го интересира тоа..... стварно...

ваљда једино, коа ќе почне се тоа да се одржава, коа на виделина ќе излезат сите маани... а и тогаш, како и сега, народов лесно ќе се дрибла, оти е со кратко памтење... ко на чоек со алцхајмер...


али една работа е најинтересна тука.... шо уствари само потврдуе дека се ова е еден тежок фејкеризам... а тоа е дека и покрај тоа шо е фејк, луѓево у велико се палат на тоа.....
 
Нека е среќна нова 2015.. овој пат со едно честито од ArchDaily, кои на својата честитка решиле да направат интересни „илустрации од архитектонската класика“ - од Бруталистиката, . кај нас попознато по вулгарното неписмено „комуњаристика“....

Додека некој тоа го слави и честита преку илустрации за 2015, ние праиме барок од факинг стиропор и се влажниме на тоа...

Меѓу тие илустрации е и НАШИОТ „МАКЕДОНИУМ“ од Крушево.. ама за некои бараби, тоа било „комунистичко“... ама за некои таму од ArchDaily не е..

Повелете, уживајте (за кого како де.... )

http://www.archdaily.com/583539/sta...th-18-illustrations-of-architecture-classics/
 
Тоа што ни го прикажаа пред 6-7 год. со тоа видеото за проектов не е ни 20 % од она што го имаме(и ќе го имаме) моментално изградено на терен.
Јас тогаш бев воодушевен со прикажаното и го поддржував проектов, ама сега сум против овој проект после она во што се претвори. Разбирам дека ни требаат музеи и преставителни објекти на државните институции, ама да градиш барокна зграда за Водовод Скопје во вредност од 10 милиони евра, а пола Скопје нема атмосферска канализација е глупост невидена. Да не ги редам другите примери.Настрана квалитетот на градба на овие објекти. Тоа веќе сега го гледаме, а што ќе излезе во иднина може само да претпоставиме.
 
Власта ќе си работи по свој план,а ние само ќе си коментираме по форуми и по весници и да се смееме на глупостите што ги прават а нив нема да им чуе бидејќи си земале дел од финансискиот колач.Парите ќе си гравитираат кај партиите а кога ќе пукне тиквата тогаш тие што останале овде нека им е ''со среќа''.
 
Скопје 2014 е кич и лудост. Скопје го изгуби својот лик и барокот како стил во ново време е само производ на заматен ум.
 
Скопје 2014 е кич и лудост. Скопје го изгуби својот лик и барокот како стил во ново време е само производ на заматен ум.

Ок,точно е лудост е. Ама кој лик го изгуби Скопје..? Предисторискиот,средновековниот,нововековниот или 45-90 - та?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom