Не, не, нема ситничарење. Треба да има континуитет за да се фатат корени. Ај еве ќе баталиме дека предлогов за екстериторијална извршна власт е научна фантастика и ќе се задржиме само на континуитетот. Високопочитуваната Доста го спомна Сингапур. Сингапур постколонијално почна како корпорација, тие се нивните корени. Овдешниот стремеж бил за национална држава, на крај во таа лотарија некако, ете, ни ја дозволиле. Не можеш да ме обвиниш за ситничарење кога самото ткиво на Македонија е национално. Тоа е државата. Тоа е Уставот и правниот поредок. Државјанството е предуслов за да се биде учесник во политички живот. Без државјанство можеш да бидеш советник, како тој компирот, како се викаше... Мико-Шмико. Во истиот момент кога некој ќе реши дека треба да ги даде конците на техничка/технократска власт составена од странци, тури пепел и на континуитет и на меѓународни позиции. И кога тие две се рушат, го имаш Тајван. А Тајван уште малку и ќе го лапне комшијата.