Најдобро (најсоодветно) државно уредување за Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Raziel
  • Време на започнување Време на започнување
Ја последно за што сум прочитал е за ректор, не знам за министер дека сакаат странец да ставаат.
Прашањето беше од леандра дали е возможно да не води странец.
Мислам дека се мислеше на тоа дали може странец да ни ја води владата/државата.
Исто и ставро за тоа дебатираше.
 
Ќе биде и тоа. Само треба некоја година.
Очекувам :) Кога ќе го прогласуваме за крал над кралевите. Ние сите за раче фатени со цветчиња во коса му пееме песна на крунисување.
Нека прави син со време да се продолжи лозата.
 
Кога е бал... :cenzura: Еве, не мора да го укинат, ама наместо законодавна, советодавна институција да го направат.

Е добро де, тоа би било унапредување. Сега нема ниту таква функција. :Кезец:
 
Надвор од разум е да те води една од двете опции во мкд. Само тоа е надвор од разум во моментов.

Секаков друг предлог е вреден да се разгледа.

Чим правно сме ограничени да увеземе странци, неможе ли некако да се укине парламентот и комисиите бидејќи тие ни се најголем трошок некорисен и да функционираме со лица кои се докажани во својата дејност. Пример Глигор Бишев министер за финансии, министер за здравство некој добар доктор итн. Едноставно од повеќепартиски систем да преминеме во бирање личности за Влада, без парламент бидејќи од демократијата почна да ни се лоши. Нема потреба од гласање за закони кој како знае и умее нека си го среди секторот за кој би бил задолжен.
Нема ли да биде подобро и поефикасно, место да укинуваме парламент и комисии да укинеме партии ?
Ја мислам дека тоа е вистинското решение.
 
Оз и македнија. четврт македноски министертва се раководени од странци. тие ниту се чувствуваат како македонски граѓани, нит работат за доброто на македонските граѓани, единствено земаат македноски пари.

Сингапур ако не се согласеше на таков компромис, денес ќе го јадеше у меѓународна заедница слично како шо го јаде Тајван. Тоа е колонија и политичкиот компромис на таа колонија постои за да се распределат разумно апетитите на господарите. За Македонија никој освен тие шо шиткаат пасоши и нив сличните немал такви апетити за да наметнува такви правила. Значи, нас ни се дозволило да формираме држава со таков Устав, такви правила и таков карактер. Толку. На темава се дроби за интегритетот на тој Устав. Интегритетот на уставот се руши (пак) со тоа што власта ја бутка автономијата на универзитетите. Интегритетот на уставот се руши ако странци се постават да бидат извршна власт. Интегритетот на уставот не се руши ако на власт се луѓе со двојно државјанство, се додека имаат и македонско.
 
Последно уредено:
Нема ли да биде подобро и поефикасно, место да укинуваме парламент и комисии да укинеме партии ?
Ја мислам дека тоа е вистинското решение.
Добро може и така да се нарече. На истото мислиме.
 
Интегритетот на уставот не се руши ако на власт се луѓе со двојно државјанство, се додека имаат и македонско.

Кога можевме на 250 000 шипој да им дадеме пасош, проблем ли се 10 Германци или Швајцарци?
 
Шизик, ќе не бришат и нека не бришат.
Сингапур ако не се согласеше на таков компромис, денес ќе го јадеше у меѓународна заедница слично како шо го јаде Тајван. Тоа е колонија и политичкиот компромис на таа колонија постои за да се распределат разумно апетитите на господарите. За Македонија никој освен тие шо шиткаат пасоши и нив сличните немал такви апетити за да наметнува такви правила. Значи, нас ни се дозволило да формираме држава со таков Устав, такви правила и таков карактер. Толку. На темава се дроби за интегритетот на тој Устав. Интегритетот на уставот се руши (пак) со тоа што власта ја бутка автономијата на универзитетите. Интегритетот на уставот се руши ако странци се постават да бидат извршна власт. Интегритетот на уставот не се руши ако на власт се луѓе со двојно државјанство, се додека имаат и македонско.

Досега збореше дека никој не го почитувал Уставот во земјата, зошто сега со странци увезени би му сметало на Уставот нели :)
Чим досега можело зошто да не и од сега.
 
Последно уредено:
Оз и македнија. четврт македноски министертва се раководени од странци. тие ниту се чувствуваат како македонски граѓани, нит работат за доброто на македонските граѓани, единствено земаат македноски пари.

Една третина од гастарбајтерите, другата третина од кредити? Само една третина се чистокрвни македонски пари. :)
 
Види, ситуацијата е до таа мерка лоша, што би се сложил било кој да дојде на власт. Ова што сега ни се случува е забрзано тонење кон дното од секаков можен аспект погледнато.

Факт е дека ние како народ не извадовме лидер, дека сме патолошки неспособни да го направиме тоа. Чаре е техничка влада составена од странци, по можност Германци или Швајцарци.

Последен пат кога гласавме за на власт да дојде "било кој освен моменталниве" заглавивме со сегашниве. Не е арна таа стратегија.
 
Очекувам :) Кога ќе го прогласуваме за крал над кралевите. Ние сите за раче фатени со цветчиња во коса му пееме песна на крунисување.
Нека прави син со време да се продолжи лозата.
Не бива. Не е професор на шумарски тој, премиер е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom