И/му пративте порака - не реплицира (кој е следен чекор?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Amateur
  • Време на започнување Време на започнување
Ја читам темава и се чудам зашто сте толку против пораките. Па цела младина во светов комуницира преку пораки. Јас лично обожавам кога ке ми стигне порака после состанок. Прв пат сте излегле и сиг нема газ да ти каже како си поминал вечерта и како се осека, па затоа ти пушта порака која ако и мене ми се допаѓа типот на моето лице ке предизвика блажена насмевка шо нема да се тргне цела нок и нема да ме остави да спијам. Да, исто како мало дете, ама тоа е љубовта, за момент знае да те крене буквално на седмо небо.
Сеуште сум старомодна и не сум таа што пишува порака прва (не за друго,туку не сакам да мисли дека сум полетала по него или дека сум премн заинтересирана), но ако пишеш, а не ти врати културно е да го одјебеш. Инатот е најаката страна на човекот. Прави што ке правиш само пази да не повредиш нечие его оти после на сцена настапува омразата :)
 
И пишав дека сакам да ја сретнам уште еднаш ( или за последен пат ) пред една недела и уште ми нема вратено т.е ја има видено пораката во 5 часот сабајле и до ден денес чекам да ми реплицира ! :)

и како што одминува време ја губам желбата ...

Сличен проблем имаме. :)
 
Мислите дека имате проблем .... проблем нема - едноставно не е заинтересирана за вас, и блокнете ја/баталете ја уште одма пошо не вреди ... или па прашајте ја зашто не ви враќа на порака (у живо) и смејте си се слатко на муабети од типот на "од телефон сум била влезена, ме заебава чатот" итн.
 
Следен чекор е опивање, губење на гордоста и пеење серенади во ниедно време. Така ја фатив девојка ми. :love:
 
Сигурно не реплицирал/а поради различните временски зони, ние бидувајќи во 2014, тој/таа во 2008 кога SMS-ите беа ин!
Одбегнувам да пишам/вратам смс, куцањето поготово ме замара, гледам да вратам со повик или чат муабет.
А кога пишувам, најчесто се пораки кои немаат потреба од реплицирање.

А што после дејт и не враќање смс.. па незнам. Али не замарај. ;)
 
Едноставно е. Не враќа истиот ден или утредента најкасно - не се мачи да бидеш упорен со девојка која очигледно не ја занимаш. Мене не ми е проблем да пишам и прва смс но ако не врати наскоро нема што да се замарам со него. Несмееш да ги молиш и досаѓаш кога гледаш да е незаинтересирана. Ако и се свиѓаш ќе се израдува и не дента него за 10 мин ќе ти врати...Не се трудете и си трошите време и нерви околу некои кои не ве е*ат 2 посто ;)
 
Ауу, колку само вистина има тука ! ( да не речам - погаѓа в срце ! )
 
Здраво.
На девојка ми и пишав денес порака. Еден вид љубовно писмо, за тоа дека ја сакам премногу ова она. ( не е препишано, само го напишав). :)
Дилемата ми е во тоа што, не ми врати на пораката. После тоа разговаравме на тел, не спомна дека нема кредит или слично. Разговаравме и на фб, повторно ништо не спомна. Не сакам сам да ја прашам, чекам да видам дали ќе ја спомне самата.
Што би можело да биде според вас? :(
 
Не секоја девојка сака такви изливи на љубов.
Може не е романтичен тип на девојка, па нејќе да те навреди ако ти каже дека не и се допаднала пораката.
Во секој случај, убав гест од твоја страна.
 
Не секоја девојка сака такви изливи на љубов.
Може не е романтичен тип на девојка, па нејќе да те навреди ако ти каже дека не и се допаднала пораката.
Во секој случај, убав гест од твоја страна.
Мхм, веќе 8 месеци сме во врска. И знам дека сака романтика.
Но нели доволно е барем едно фала за еден таков реферат.
Како прво јас сум тој што се осеќа како идиот во ситуацијава.
 
Ај провери дали кај нејзе си ја пратил поракава. И дали воопшто се пратила пораката. Ако се е во ред прати уште една со слична содржина не скроз истата. Ако пак ќути, утре пак прати, па така терај дур не и скурчиш да каже нешто, макар и да те отера :lut:
 
Мхм, веќе 8 месеци сме во врска. И знам дека сака романтика.
Но нели доволно е барем едно фала за еден таков реферат.
Како прво јас сум тој што се осеќа како идиот во ситуацијава.
Не се замарај премногу за такви ствари. Ако спомне - спомне, ако не прави се и ти како да не си пишал ништо. Не си земај се при срце.
П.С: Сигурен ли си дека се пратила/и стигнала пораката?
 
@AceCaleb @ЏинЏер
Проверив милион пати. Кај неа е пратена и да испратена е.
Иако е голема пораката испратена е.
Не и е првпат да ова да го прави, само ете ме победува љубовта и тоа што ми иде за творење неа и го пишувам.
 
Здраво.
На девојка ми и пишав денес порака. Еден вид љубовно писмо, за тоа дека ја сакам премногу ова она. ( не е препишано, само го напишав). :)
Дилемата ми е во тоа што, не ми врати на пораката. После тоа разговаравме на тел, не спомна дека нема кредит или слично. Разговаравме и на фб, повторно ништо не спомна. Не сакам сам да ја прашам, чекам да видам дали ќе ја спомне самата.
Што би можело да биде според вас? :(
Несигурен си во себе. Ако врската ти се детерминира на константен фидбек од оноа што ти го нудиш кон девојката, засекогаш ќе останеш несигурен во себе.
Научи го тоа дека не секогаш премолчувањето значи избегнување. Фејсбукот многумина ве научи ако не се добие некој лајк за тоа, искажаната мисла немала поента. Така и тука во твојот љубовен свет каде се` се базира на взаемен фидбек. Да не се разбереме лошо, фидбекот е доста битен во врската, но неговото отсуство не кажува многу освен ако не е често. Правењето филмови после првите, вторите невозвратени зборови е далеку полоша работа него ли реалната слика која се случува.
Олабај ја работата. Научи дека искажаната љубов е само искажана. Убавите зборови се тоа... убави зборови, (посебно утешителните) но тие имаат невидено брз рок на траење во реалноста. Ако мислиш дека пишуваш убаво љубовно писмо запиши го некаде на хартија и чувај го. Пречестото пишување пребрзо ја заситува врската и по брз рок станува здодевно и монотоно, пошо како што повторив, убавите зборови се само убави зборови. Кога се кажани кога треба, имаат некој поголем ефект, нона крај тоа и остануваат. Повеќе делувај.
 
@AceCaleb @ЏинЏер
Проверив милион пати. Кај неа е пратена и да испратена е.
Иако е голема пораката испратена е.
Не и е првпат да ова да го прави, само ете ме победува љубовта и тоа што ми иде за творење неа и го пишувам.
Ако не е првпат, значи сигурно не и се допаѓа таков начин на изразување чувства. Немој да ја гушиш. Тоa што имаш да и го кажеш, кажи и го во лице, така бар ќе и видиш реакција и ќе знаеш на што си :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom