Се е тоа во ред што си пишала, ама еве да опишам една ситуација моја пред некои 2 години. Буквално зјапавме еден во друг неколку месеци, а и на факултет цело време ја глеав. Не пријдов, којзнае што си помисли, дали и фали нешто или не знам и она ми дојде. До колку работела читална, страв и било сама да си одела дрн дрн. Муабети за факс едно-друго, а јас ја знаев која е и после 3-4 дена ја додадов на фб. Буквално почна да бега од мене и да ме одминува или да ме поздравува онака целата скиселена во фаца ко не знам што да сум и згрешил.
Си викам или глуми недостижна или стварно не сака ништо. Ај си викам да оладам јас, не е крај на светот, ни е прва ни последна и ја сретнав и и се извинив дека сум направил да и биде неугодно и ако не бива ништо океј е. Коа прсна да се смее и ми вика ја не знам од кај имаш таков впечаток, 6 пати ми го повтори истото. Викам глеај колку е за никаде, ај шо не сака не сака, ама да ми се понаша ко од Марс да сум паднал, не бива.
Почнав и ја со истиот филм, не ја познавам. Истиот ден кога првпат ја одминав, веднаш ми пиша на фб и ме прашуваше за факс нешто. Минува уште еден месец, пак ја одминувам и еден ден пак ја застанав и пак се извинив. Не знам ни ја зошто, сам си се смеам кај ми бил умот. И истата вечер, пишав една порака ја пишував 3 и пол саати како се осеќам(можда непотребно сега кога размислувам со ладна глава), а не знам да го искажам, па се објаснував како ја најдов на фб и и пишувам чим си живееме кога ќе пиеме кафе? Да не биде дека не сум пробал, макар и толку без самодоверба. Улица почна да поминува кога ќе ме види.
И откако си го наполни егото или што и да и беше филмот, после 2 и пол месеци кога веќе заврши годината и се прибравме во нашите градови ми стига порака буквално овие зборови. Извини, не знаев што да ти одговорам(жити мене, 2 месеци? ), ја сум малце себична, ама може да бидеме пријатели. Ја се осеќам супер иако ти враќам по 2 месеци и вакво смајли

И шо да речам, ќе бидеме другари, ќе ми кажуваш на кој грчки остров со кој вемеровец ќе одиш? Или ја сум тој со наочарите што ќе ти пишува семинарски? Ама типично створење, мамина и татина маза, цел живот се и е на тацна и тоа е.
Знам дека се можеше да се реши без комплицирање, да ја прашав уште кога ја запознав,ама во 2012 бев едно, во 2014 малце поразличен.
И сеа ме глеа со тажна фаца, ко за инат секој ден ја глеам, ама носи се таму си викам и се воздржувам да не и го кажам тоа што и го пишав во пораките.
Муабетот ми е треба да го процениш човекот дали е замарант, дали не знае за не. Ја гарантирам дека не сум замарал никоја, која се поставила фер и кажала не можам, не сакам, ама да бега од мене и тоа не бива.