Клима Vivax ACP-18CH50AELI 18000btu/5,5kW купена во средината на Ноември оваа година 34500 плус 4000 денари монтажа.
Компресор GMCC DA130M1C-31FZ, патент на Toshiba
http://www.areacooling.co.uk/products/compressors/hermetic/rotary/gmcc/da130m1c-31fz/
најголема сличност со Midea R Type
http://www.celsius.gr/dat/DA49931D/file.pdf, можеби нешто и со TOSHIBA RAS-18N3KV2-E најверојатно некоја нивна копија или микс од двете а според димензии, изглед, карактеристики 99% произведена во YONAN кина
http://homeportableairconditioner.sell.everychina.com/p-99199575-household-24000btu-r410a-wall-mount-air-conditioning-18k-split-air-conditioner.html
http://homeportableairconditioner.sell.everychina.com/p-99199583-living-room-220v-wall-mounted-split-air-conditioner-dc-inverter-toshiba-air-conditioning.html
Загревавам дневна соба со трпезарија и кујна отворен простор 36,5 квадрати 2,7 метри висина околу 100 кубици воздух, стан на северо-исток на 5 кат со поткровје, 2 надворешни ѕида сендвич 35 сантиметри, надворешна страна масивна тула, измеѓу тервол, па блок и внатре малтер, еден прозор на исток 1,5x1,8 метри и врата за на балкон со прозори на север 2,2x2 метри дрво со дупло стакло вакум, таван гипс картон, во поткровје соби кои не се греат се спие во ладно
подобро за здравјето
Поставена температура на климата 23 степени до 27 декември, вклучена по 17 часа секој ден собна температура мерена со дигитален термометар на растојание 4 метри од климата на 40 сантиметри висина од подот 22,5 степени а на растојание 6 метри од климата на 1,2 метри висина 24,5 степени, од неделата вечерта кога почна студот преку цел ден во минус воопшто не е исклучена и температурата поставена на неа е 25-26 степени, ноќно време на sleep, дома е истата температура како претходно со таа разлика што скоро во секој период влече над 1kW до 1,4kW, мерено со уредчето од Anhoch energenie, претходно проверено за точност со калорифер од 2kW на измерен напон со унимер од 230V со вклучен калорифер бидејќи има мал пад на напонот со потрошувач, и отпор на грејач на калорифер од 26,7Ω пришто моќноста на калориферот е 1,981kW идентично со уредчето од Anhoch.
Сношти Битола, температурата официјално -16 степени но во кола сензорот -23 кај 3 часот после полноќ, немаше никаков проблем и работеше најнормално.
Кога беше маглата пред недела и пол, брзи дефрости на 50 до 70 минути по нецели 5 минути, а сега во ладниов период по 2 дефрости во едно деноноќие исто по околу 5-6 минути најчесто
едниот рано наутро а другиот доцна во ноќта поради зголемена влажност во воздухот, после дефрост повторно си ја одржува температурата без преголеми флуктации.
Сметка од 18 Ноември до 18 Декември 4300 денари, четири члено семејство готвење на плин, болјер вклучен постојано 50 литарски TING INOX 2,2kW се користи до max, топлата вода поврзана за во кујна, сијалици мешани обични, неоски штедливи и неонки, правосмукалка, микробранова, рерна во шпорето, тостер, фрижидер, лап топ вклучен скоро нон стоп, телевизор од старите со катодна цевка, модем, рутер, фен 2kW и останати уреди со користење најнормално во однос на бројот на членови, без стегање скапа или ефтина тарифа или колку да се користи.
Удел на климата во потрошувачката 1400 денари.
Во прилог слики од energenie, screenshots од регистрираната потрошувачка по денови, и некои други pdf за климата и за TOSHIBA RAS-18N3KV2-E.
http://www.toshibaclim.com/Portals/0/Documentation/Manuels produits/SM_B18_22_N3KV2_EN.pdf
Уредот е ресетиран секоја недела на полноќ, бидејќи не може да се подеси во недела цел ден ефтина тарифа.