Најекономично греење и ладење

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Колку KW троши ТА печка за едно полнење преку ноќ? Имате измерено ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jas imam problem so mojata FONKO obicna on/off klima, sega na T OD -5 DO -10 C ima COP mislam nekade okolu 0.5-0.6.
Никаде не најдов потврда дека на температури од - 10 СОР е толку намален а тоа нема ниту логичко или техничко објаснување
На ниски температури фреонот во испарувачот ( надворешната единица ) е со помала густина, така да компресорот работи со помала моќност , но дека СОР се намалил за толку нема никаква основа. Моќноста на климата се намалува значајно, но СОР се намалува многу малку
Најдобро е некој кој има мерач на потрошената струја да не извести колку струја троши климата на вака ниски температури
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Jas imam problem so mojata FONKO obicna on/off klima, sega na T OD -5 DO -10 C ima COP mislam nekade okolu 0.5-0.6. I tvoite ne se podaleku od ova, moj sovet ne gi pustaj od -2 pa nadole COP-ot im e 1000 % POMAL OD 1.....COP 3, toa im e max. go postigaat na +12 C, na +7 C tesko da imaat COP 2, se ispod + 5 tie isto dali grealka ili klima. Za tie sto nemaat saglam klimi sega na ovie T najdobro e TA pecka so COP 2 . Sega i mnogu inverteri nemaat COP 2, taka da TA e izmislena rabota.....
Има некој едноставен начин да се измери COP?

Јас користам Filia 3.5 KW on/off, стара едно 15 години. Ноќва ја пуштив во 00:30 (надвор -15), собата беше камен ладна, сигурно под +15 и успеа да ја згрее на прифатлива температура (над 20 степени) за 15 минути. После до сабајле држев температура ~28 степени, а климатизерот дури и одмараше под 5-10 минути на саат, а според мерачот трошеше околу 1.1 - 1.2 KW. Очигледно температуриве што ги покажуваат климатизериве се релативна работа и кај некој 23 степени на климатизер значи 25 на термометар, кај друг обратно, така да, не ги сфаќајте моиве бројки здраво за готово.

Инаку собата е 12 квадрати, без никаква изолација, на две страни излегувам надвор, нема ни еден топол ѕид, подруми под мене и стар, лош, дрвен прозор што шиба ладно од сите страни. За споредба, пред две години ми се случи буквално истата ситуација како ноќва, само што тогаш беше -14 и се греев на панелка од 2KW. Панелката не се исклучи цела ноќ за да ја одржи горе-долу истата температура како вчера климата. По таа логика, Filia-та има над 1.5 COP на -15 степени.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.146
Na -15 C inverter klimi od renomirani proizvoditeli ne mozat da se pofalat so COP 1.5, ne ve razbiram sto zboruvate.
"Моќноста на климата се намалува значајно, но СОР се намалува многу малку" - mene ova mi lici na prepetuum mobile. Na primer mojata on/off ( so snaga od 12000BTU) na +12 C kompresorot vlece 1.65 Kw i dava na izduvot vrelo sigurno 3.5-4.0 kw. no na O stepeni kompresorot poradi mala gustina na freonot vlece 1.0Kw, po tvojata logika treba da dade 3 Kw na izduvot, a toa edva mlako duva skoro ladno, znaci COP mu e okolu 1.0 .
Никаде не најдов потврда дека на температури од - 10 СОР е толку намален а тоа нема ниту логичко или техничко објаснување
На ниски температури фреонот во испарувачот ( надворешната единица ) е со помала густина, така да компресорот работи со помала моќност , но дека СОР се намалил за толку нема никаква основа. Моќноста на климата се намалува значајно, но СОР се намалува многу малку
Најдобро е некој кој има мерач на потрошената струја да не извести колку струја троши климата на вака ниски температури
I te kako postoi tehnicko objasnuvanje. Ne razbiram zosto i bi pravele klimi so novi gasovi, so invertotrski sklopovi i ceni od 800 - 1000 e ako COP -ot ostanuva ist i obicnite klimu mozat da great na -15 C. Nema logika zar ne?
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Na -15 C inverter klimi od renomirani proizvoditeli ne mozat da se pofalat so COP 1.5, ne ve razbiram sto zboruvate.
Деновиве баш споредував COP на јапонскиве клими што се продваат кај нас. Најевтиниот инвертер од Toshiba, Avant 5, има 2.28 COP на -15. Најевтиниот инвертер од Daikin има 1.78, а тој што е 3 иљадарки поскап, има 2.46, исто на -15. Плус и мојот тест на климатизер со панелка во буквално исти услови кажува дека COP-от (во мојот случај) е околу 1.5. А Filia-та што ја користам можно е да употребува понов тип на фреон, пошто е ре-монтирана пред неколку години.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.359
Како бе така немате никаква изолација, прозорите исто како отворени што се вика, климата постара од мене а дома имаш 30 степени??? Еве ние дома се грееме на термо печка 6kw, квадратурата на просторијата што ја грееме е нешто под 30m2. Да нема фасада ама имаш дупли ѕид со тервол во него, 2 внатрешни ѕида од други простории кои не се греат, и 2 надворешни ѕида. Температурата е од 18-20 степени со тоа што термото работи нон стоп иначе измрзнавме. Прозорите одлично дихтуваат, не се од пластичниве како и да ги викаа, дрвени се ама со вакум, спречување топло ладно бла бла бла глупости. За разлика од нив имам и други алуминиумски прозори во други простории од куќата и тие се катастрофа споредено со овие. Иначе ние за греење на оваа квадратура последната сметка ни беше 4200 денари.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Никаде не најдов потврда дека на температури од - 10 СОР е толку намален а тоа нема ниту логичко или техничко објаснување
На ниски температури фреонот во испарувачот ( надворешната единица ) е со помала густина, така да компресорот работи со помала моќност , но дека СОР се намалил за толку нема никаква основа. Моќноста на климата се намалува значајно, но СОР се намалува многу малку
Најдобро е некој кој има мерач на потрошената струја да не извести колку струја троши климата на вака ниски температури
јас можам ова со докази да го потврдам бидејки гледам на апаратот како се движи потрошувачката на струја на различни надворешни Т
јас тврдам дека нема шанси COP да биде помал од 1 на Т од -5 до толку имам мерено на мојата а трошеше од штек од 1050-1100 вати и за 35-40мин. ја дига Т од 14 на 19с.
рачунајте сега вие со повеќе школо што сте колку COP e тоа
на +5 или повеќе влече и над 1400 ама можеш да направиш по гаќи да шеташ низ соба како некој тука што беше спомнал со доста поквалететна клима од мојата
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Na -15 C inverter klimi od renomirani proizvoditeli ne mozat da se pofalat so COP 1.5, ne ve razbiram sto zboruvate.
"Моќноста на климата се намалува значајно, но СОР се намалува многу малку" - mene ova mi lici na prepetuum mobile.

I te kako postoi tehnicko objasnuvanje. Ne razbiram zosto i bi pravele klimi so novi gasovi, so invertotrski sklopovi i ceni od 800 - 1000 e ako COP -ot ostanuva ist i obicnite klimu mozat da ggreat na -15 C. Nema logika zar ne?
Не знам што Ви личи на prepetuum mobile но термодинамиката е сериозна наука
Ова е дијаграмот на Карнооовиот циклус

А ова е дијаграм за било кој циклус

http://en.wikipedia.org/wiki/Carnot_cycle

Топлината која се разменува е 52358dd202168d1253d22175b7a396a5.png

Ако надворешната е + 7 степени тоа значи дека апсолутната температура е 280 Келвини
А ако пак е - 13 степени целзијусови, тоа значи дека апсолутната температурае 260 Келвини
Помеѓу 260 и 280 разликата не е ниту 10 %, па нема основа Вашето тврдење дека СОР се намалил од 3 на 0,5.

Но како што реков, густината на гасот на на ниски температури се намалува така да масата на гас која ја всисува компресорот се намалува а со тоа и моќноста на климата
Инаку R410 има поголема густина од R407 затоа компресорите кои работат со него се помали
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Како бе така немате никаква изолација, прозорите исто како отворени што се вика, климата постара од мене а дома имаш 30 степени??? Еве ние дома се грееме на термо печка 6kw, квадратурата на просторијата што ја грееме е нешто под 30m2. Да нема фасада ама имаш дупли ѕид со тервол во него, 2 внатрешни ѕида од други простории кои не се греат, и 2 надворешни ѕида. Температурата е од 18-20 степени со тоа што термото работи нон стоп иначе измрзнавме. Прозорите одлично дихтуваат, не се од пластичниве како и да ги викаа, дрвени се ама со вакум, спречување топло ладно бла бла бла глупости. За разлика од нив имам и други алуминиумски прозори во други простории од куќата и тие се катастрофа споредено со овие. Иначе ние за греење на оваа квадратура последната сметка ни беше 4200 денари.
Ако термото од 6KW ти е уклучено нон-стоп, а имаш сметка 4.200, значи дека многу голем дел од времето термостатот ти ги држи греачите исклучени. Дојди прашај ја Filia-ва моја колку седи исклучена :).

Бај д веј, 28 степени е на два ипол метри висина, кај што е сензорот на климата. Интересен податок, закачив сензор за температура на Arduino, кое го испрограмирав 50.000 пати во секунда да вчитува температура и секоја секунда да ми дава просек од 50.000 мерења. На 2 сантими од паркет беше ~21 степен, а на 2 метри висина беше ~27. Така да, некој може да ти каже дека дома чува 23 степени, друг 26, а уствари кај двајцата да е иста температурата, само едниот го чува термометарот еден метар повисоко.
 
Што се случува во термово внатре и дали држи уклучено или исклучено појма неам не ми е во опис на работи што ги знам, ама 50000 вчитувања на ардуино и те како ми се познати :)
Незнам кај мене е на некој 60цм од земја термостатот на термово и може и затоа да ја покажува таа температура иначе низ дома е пристојно нормално ако си во тренерки не е за по кратки да се шеташ. Колку што знам топол воздух иде горе веројатно на повисоко мерење ќе покаже повеќе ама сега тоа е. Сепак мислам дека за вакви периоди најдобро греење е дрво. Еве гледам кај татко ми доле се грее на дрва околу 40м2 грее исто 2 внатрешни 2 надворешни ѕида, од кои едниот надворешен е шибер прозор со димензии 3х2,50 и фури од сите страни он доле по гаќи се поти што се вика.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.146
Не знам што Ви личи на prepetuum mobile но термодинамиката е сериозна наука
Ова е дијаграмот на Карнооовиот циклус

А ова е дијаграм за било кој циклус

http://en.wikipedia.org/wiki/Carnot_cycle

Топлината која се разменува е Прегледај го приврзокот 110943

Ако надворешната е + 7 степени тоа значи дека апсолутната температура е 280 Келвини
А ако пак е - 13 степени целзијусови, тоа значи дека апсолутната температурае 260 Келвини
Помеѓу 260 и 280 разликата не е ниту 10 %, па нема основа Вашето тврдење дека СОР се намалил од 3 на 0,5.

Но како што реков, густината на гасот на на ниски температури се намалува така да масата на гас која ја всисува компресорот се намалува а со тоа и моќноста на климата
Инаку R410 има поголема густина од R407 затоа компресорите кои работат со него се помали
Po tvojava logika klima koja na +12 ima COP 5.5 (ima eden kup takvi klimi), na -8 C (bidejci delta T e samo 20K) ce izgubi samo 10 % od svojata efikasnost, znaci ce ima 5,5 - 10%= COP4.95. Ce priznaes deka uste ne e napravena takva klima so vakov COP na - 8C.
Inace ne e problemot so sisanjeto i malata gustina tuku komprimiranjeto na gasot, poradi toa dobrite klimi ( normalno invertorski upravuvanite) imaat moznost da povlecat povece gas od risiverot i nekako da go namalat ovoj hendikep, pri toa da go zadrzat COP-ot vo prifatlivi granici.
Po mene sekoj COP pomal od dva e tragedija, bidejci ako jas dadam da receme 800 evra i se gream isto kako na TA pecka , togas ce pustam panelka preku den, a za razlikata ce imam sredstva narednite 10 godini da se gream (plus nema da dadam od ednas pari i da reskiram da mi se rasipe klimata, ako me razbiras) i pokvalitetno i po fraerski.....
I te molam nemoj da mi mavtas so levokruzni procesi ( se salam), dobro e koga nekoj ima na forumov onaka poakademski da se raspravame....
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
13
Поени од реакции
18
Клима Vivax ACP-18CH50AELI 18000btu/5,5kW купена во средината на Ноември оваа година 34500 плус 4000 денари монтажа.
Компресор GMCC DA130M1C-31FZ, патент на Toshiba http://www.areacooling.co.uk/products/compressors/hermetic/rotary/gmcc/da130m1c-31fz/
најголема сличност со Midea R Type http://www.celsius.gr/dat/DA49931D/file.pdf, можеби нешто и со TOSHIBA RAS-18N3KV2-E најверојатно некоја нивна копија или микс од двете а според димензии, изглед, карактеристики 99% произведена во YONAN кина
http://homeportableairconditioner.sell.everychina.com/p-99199575-household-24000btu-r410a-wall-mount-air-conditioning-18k-split-air-conditioner.html
http://homeportableairconditioner.sell.everychina.com/p-99199583-living-room-220v-wall-mounted-split-air-conditioner-dc-inverter-toshiba-air-conditioning.html

Загревавам дневна соба со трпезарија и кујна отворен простор 36,5 квадрати 2,7 метри висина околу 100 кубици воздух, стан на северо-исток на 5 кат со поткровје, 2 надворешни ѕида сендвич 35 сантиметри, надворешна страна масивна тула, измеѓу тервол, па блок и внатре малтер, еден прозор на исток 1,5x1,8 метри и врата за на балкон со прозори на север 2,2x2 метри дрво со дупло стакло вакум, таван гипс картон, во поткровје соби кои не се греат се спие во ладно :) подобро за здравјето :D
Поставена температура на климата 23 степени до 27 декември, вклучена по 17 часа секој ден собна температура мерена со дигитален термометар на растојание 4 метри од климата на 40 сантиметри висина од подот 22,5 степени а на растојание 6 метри од климата на 1,2 метри висина 24,5 степени, од неделата вечерта кога почна студот преку цел ден во минус воопшто не е исклучена и температурата поставена на неа е 25-26 степени, ноќно време на sleep, дома е истата температура како претходно со таа разлика што скоро во секој период влече над 1kW до 1,4kW, мерено со уредчето од Anhoch energenie, претходно проверено за точност со калорифер од 2kW на измерен напон со унимер од 230V со вклучен калорифер бидејќи има мал пад на напонот со потрошувач, и отпор на грејач на калорифер од 26,7Ω пришто моќноста на калориферот е 1,981kW идентично со уредчето од Anhoch.
Сношти Битола, температурата официјално -16 степени но во кола сензорот -23 кај 3 часот после полноќ, немаше никаков проблем и работеше најнормално.
Кога беше маглата пред недела и пол, брзи дефрости на 50 до 70 минути по нецели 5 минути, а сега во ладниов период по 2 дефрости во едно деноноќие исто по околу 5-6 минути најчесто
едниот рано наутро а другиот доцна во ноќта поради зголемена влажност во воздухот, после дефрост повторно си ја одржува температурата без преголеми флуктации.
Сметка од 18 Ноември до 18 Декември 4300 денари, четири члено семејство готвење на плин, болјер вклучен постојано 50 литарски TING INOX 2,2kW се користи до max, топлата вода поврзана за во кујна, сијалици мешани обични, неоски штедливи и неонки, правосмукалка, микробранова, рерна во шпорето, тостер, фрижидер, лап топ вклучен скоро нон стоп, телевизор од старите со катодна цевка, модем, рутер, фен 2kW и останати уреди со користење најнормално во однос на бројот на членови, без стегање скапа или ефтина тарифа или колку да се користи.
Удел на климата во потрошувачката 1400 денари.

Во прилог слики од energenie, screenshots од регистрираната потрошувачка по денови, и некои други pdf за климата и за TOSHIBA RAS-18N3KV2-E.
http://www.toshibaclim.com/Portals/0/Documentation/Manuels produits/SM_B18_22_N3KV2_EN.pdf

Уредот е ресетиран секоја недела на полноќ, бидејќи не може да се подеси во недела цел ден ефтина тарифа.
 
Attachments

Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
Vcera zapisav podatoci od strujomer, prethodno na 01.12 imav pisano.
Za mesec Dekemvri potroseno na skapa tarifa 447 KW, na eftina 420 KW.
Sega se simnav pak, me interesirase nokeska na eftina kolku izelo na najladnata nokj. Razlikata e 17,6 KW
Nemase masina pusteno sinokja, boljerot okolu 45-50 min, kratko fen, televizor, svetlo. Osven boljerot nisto krupno. Sigurno ne poveke od 2 KW na se osven klimata.
Toa bi bilo okolu 15,5 KW / 9 saati eftina tarifa = ~1.7 KWh
 
Член од
30 септември 2012
Мислења
40
Поени од реакции
39
20150101_111539.jpg
20150101_111545.jpg

Еве од мене за декември потрошувачка на климата, вклучувана наутро во 05.00ч исклучувана навечер во 23.00ч - 23.30ч. Многу ли е или таман е потрошувачката?
Иначе за тарифите на апаратчето имам внесено за скапа 559 а за евтина 280.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom