Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Главниот не си го гледал :D И дај отварај ги темиве почесто, Predestination во постови ни правиш одвреме навреме :)

Sorry :D

Гледам филмови и серии цело време, а темава ја запоставувам полошо од Драга Кајгана, не знам зошто :D. Ај ќе се обидам новава година почесто да пишувам не само овде, него општо по повеќе теми на подфорумов :)
 
Хронолошки мислев по година на прикажување

Лошо сум те разбрал. Мислев дека по приказната и сетингот ги почна хронолошки. Нема везе, уживај, имаш доста за гледање, се надевам ќе станеш фан :)[DOUBLEPOST=1420162754][/DOUBLEPOST]

Еден од надобрите филмови што сум ги гледал, и искрено криво ми е како цело време до сега ми бил пред нос а не сум по посветил време. 10/10:cuc:

Welcome to the Revolution of the Mind club.

Филмов е легенда. За мене (верувам и многу други) ќе остане класика во наредните децении. Стана симбол. Филозофија. Стартуваше цело движење. Се вгнезди во самата поп култура. Немам зборови. И мене ми е оценет на IMDB со 10ка.
 

Еден од надобрите филмови што сум ги гледал, и искрено криво ми е како цело време до сега ми бил пред нос а не сум по посветил време. 10/10:cuc:
Е у топ 10 филмови у декадата 00-10 според мене, перфекција.
Совршена скрипта напишана од Лана и Енди Вачовски + имаат директирано неколку сетови.(uncredited)
 

Еден од надобрите филмови што сум ги гледал, и искрено криво ми е како цело време до сега ми бил пред нос а не сум по посветил време. 10/10:cuc:
Така ти е кога не слушаш постари :anco:
 
Лошо сум те разбрал. Мислев дека по приказната и сетингот ги почна хронолошки. Нема везе, уживај, имаш доста за гледање, се надевам ќе станеш фан :)

Имам спуштено неколку епизоди од прва сезона само уште му немам седнато...ваљда после јануарска сесија, иам еден тон за читање -.- Можам и сега да почнам полека по една епизода на ден, ама и со други серии се имам така излажано - ајде си викам една на ден една на ден, и на крај завршувам со цела серија смачкана за една недела и учење цала вечер на ден пред испит предозиран со кофеин.

Во врска со спуштањето, на kickass најдов само 2 торенти од оригиналниот серијал со солиден број на сидери, спуштив од двата по една епизода и на двата сликата им е средно жалосна. Ама пак серијалов е од 60-тите т.ш. сликата и од мајка ваљда не е баш сјајна. Ама ајде да не се прам псајсајд, ќе ги гледам овие.

Муабетов треба во серии да биде, ама океј.
 
Филмов има прекрасни дијалози, V e едноставно совршен лик еден од ретките кои ми фатиле око, да ти е мерак да го слушаш:D, брилијантен можам да кажам. A real revolutionary:icon_mrgr: Ваховски знам дека праат убави филмови пошто го гледав и Cloud Atlas кој исто ме воодушеви, матриксите ги неам пошто едноставно тие сцени со милион двојници како кијану им ебе матер у слоу моушн ми се тапа.

Така ти е кога не слушаш постари :anco:

па искрено не се сеќавам да сте ми го препорачале:D
 
па искрено не се сеќавам да сте ми го препорачале:D

Да не треба со кафе и локум да ти дојдеме на врата лично да те поканиме. :)[DOUBLEPOST=1420164465][/DOUBLEPOST]P.S.
Ако ти се допаднал V for Vendetta има да го обожаваш Матриксот. За првиот дел зборам. Другите ќе ги изгледаш ради ред.
 
@Шкорпион
Филм со оцена над 8 нема место за грешка, ниту миноритна.
Втора работа, никаде не спомнав дека не прифаќам критика на критиката, ичи дека не сакам дискусија, избегавам да дискутирам од причина што со тоа даваш спјлер.(пиши ми пп ќе издискутираме и триологијата од Господарот на прстените)
Не глумам ниту хипстер, и не, не сум стручњак. Штета шо моето мислење, и оцена за овој филм не се совпаѓа со мислењето на мнозинството, викнете го џелатот нека ми ја отсече главата. :pistoldz:
 
Филмов има прекрасни дијалози, V e едноставно совршен лик еден од ретките кои ми фатиле око, да ти е мерак да го слушаш:D, брилијантен можам да кажам. A real revolutionary:icon_mrgr: Ваховски знам дека праат убави филмови пошто го гледав и Cloud Atlas кој исто ме воодушеви, матриксите ги неам пошто едноставно тие сцени со милион двојници како кијану им ебе матер у слоу моушн ми се тапа.



па искрено не се сеќавам да сте ми го препорачале:D
Matrix оригиналниот филм е must watch. Тој ја почна револуцијата т.е. трката во специјални ефекти и приказната е одлична. Топ 5 Sci-Fi филм е дефинитивно.

Вториот и третиот Matrix се со повеќе акција и специјални ефекти и ако ти се допадне првиот ќе ти се допаднат и тие.
 
@Шкорпион
Филм со оцена над 8 нема место за грешка, ниту миноритна.
Втора работа, никаде не спомнав дека не прифаќам критика на критиката, ичи дека не сакам дискусија, избегавам да дискутирам од причина што со тоа даваш спјлер.(пиши ми пп ќе издискутираме и триологијата од Господарот на прстените)
Не глумам ниту хипстер, и не, не сум стручњак. Штета шо моето мислење, и оцена за овој филм не се совпаѓа со мислењето на мнозинството, викнете го џелатот нека ми ја отсече главата. :pistoldz:

Да се дообјаснам, бидејќи не се разбравме убаво. Секогаш има место за грешки, ако некој очајно сака да најде фалинки, па и кај 10ки, не па 8ци. Проблемот е зошто зел да анализира филм со таков пристап in the first place. А на пример некој послаб филм да не му ги гледа амбисите од дупки дали во приказна/содржина/насока итн. Тоа само рецензентот си знае. Него, друго ми беше муабетот. Во твоето излагање за филмот низ дискусијата со другите членови покажуваш контрадикторност, што е чудно, бидејќи импресиите за поедин филм треба да се солидни, не да се подложни на модификации врз основа на дијалогот со други луѓе.

Да речеме да си сменила мислење за одредени елементи од филмот после година дена-две, откако си го гледала пак, тоа е поразбирливо. А ова за хипстериве критичари не беше споредба на лик со лик, туку начинот на оценување и пристапот на рецензијата (нив ги нареков така од сосема други причини на начинот на кој ми се поставија арогантно во дискусијата). Еве имаше членови, те прашаа прашања за да се развие дискусија за филмот, нешто особено не се снајде да образложиш зошто ставот ти е тој кој што е за филмот (и од таму споредбата со тие од фејсбук, дека и тие беа прашани за ставот, и не успееја да пружат солидно образложение. Споредбата беше само за тоа. Нит те сметам за хипстер нити за стручњак за филмови (никој од овде не е стручен за тоа), но оценка за некој филм не може туку така да се опне (а така ми изгледаше мене во твојот случај, како од нешто си разочарана за филмот, ама не го артикулираше успешно).

Нејсе, се читаме во наредна прилика, може слично размислување ќе имаме за некој друг филм :)
 
Филм со оцена 10 нема место за грешка. Филм со оцена 8 е ок филм, над просекот, многу добар но со свои мани. Без кружење околу стол.
 
Има некој добра снимка за Интерстелар и/или хобитот ?

Инаку пред некој ден за прв пат го гледав Before Sunrise, не сум фан на романтики и затоа често го одбегнував, дека навикнав да гледам клише романтични комедии, ама овој филм е уникат и затоа на ред се сансет и миднајт (освен ако има добра снимка за хобитот и интерселар :D ) .
 
^ Fight Club, Mulholland Drive и Before Sunrise се филмови што можам да ги гледам безброј пати и никогаш не ми се досадни.

Инаку, торенти уште нема. :\
Fight Club :cuc: ми е гледан, а Mulholland Drive долго време ми е на Watchlist, ама го избегнувам дека имам прочитано дека треба многу внимание за да се разбере филмот, па кога ќе имам повеќе време, тогаш ќе го гледам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom