Повторно поскапување на цигарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Што побогу ви е гајле за нас пушачите. Полошо нешто од сноб е интелектуален сноб, а најлош вид на сноб е моралистички сноб. Ок брат, не пушите цигари, супер за вас, ама не ми продавајте морал, па уште 1000 пати да се зголемела цената. Вас не ви влијае никако, не се пуши во кафиќи па да се жалите од дим. Секој со своите избори во животот. Сигурно и вие правите нездрави работи па никој не ви се качува на глава.

Бог да чува и да брани.

Оооо вие просветлени непушачи се знаете во животот, па топ ви е што на злобните пушачи им се зголемува цената за цигари.

А кога ќе се дигне цена на се останато, први ќе плачете, ама ај...
 
Ги трујат со којзнае какви материи преку оџацине ама затоа штетен бил чадот од цигарите :lolzz:
А бе штетни се, никој не вели дека не е.
У реду е.
Нема пушач кој ќе ти каже: а бе не е штетно. Сите се свесни и си ризикуваат на сопствена одговорност.
Она што мене ме нервира е надменото моралистичко однесување, демек тоа што ќе ги поскапат, нив непушачите значително ќе им се подобри или смени во животот.
Иде во 2 сабајле да јаде мрсен хамбургер полн холестерол, ама битно се радува што цигарите ќе поскапат и мисли дека е морално подобар од пушачите.:facepalm:
 
Знам дека е штетно фала богу. Но ме иритира паметот што се продава како демек најголемо зло е тоа :)
 
Успевате ли у животот вие што се радувате на поскапувањево?
Нормално дека да, со сите тие плус 60-80 денари што не ги даваат за цигари, сите се сопственици на гигантски корпорации и куќи.:cool:
 
Непушач сум и искрено ме заболе левото маде дали ќе поскапат или не, ама стварно не гледам што е толку добро во ситењето од страна на одредени непушачи околу поскапувањето. Се умира и од алкохол па не го поскапуваат, се умира и од нашиве политичари па и нив не ги поскапуваат. :D
Убаво вика Фросе, се живо е загадено а они за цигарите се фатиле...
 
Ме потсетивте на вицон :
Зборат пушач и непушач и непушачов вика :
-Секој ден даваш по 120 денари за кутија цигари, месечно даваш 3600 денари, годишно 43.000 денари. Да не ги даваше тие пари секоја година сега ќе возеше убав џип.
И на ова пушачов му враќа :
-А ти пушач си ?
-Не.
-Па кај ти е џипот ? :icon_lol:
 
Нормално дека да, со сите тие плус 60-80 денари што не ги даваат за цигари, сите се сопственици на гигантски корпорации и куќи.:cool:

Глеј, нашиот мозок функционира еовака:

Купуваш нешто. Си викаш шокур, вреди ли за ова да дадам толку пари? Се тешиш со: Па шо бе, да бев пушач ионака ќе ми отидеа парите на цигари, сеа бар ќе си ја купам random работава.

True story. :icon_lol:
 
Освен ако не си коцкар онда гледаш цена на нешто и викаш "Еј колку ливчиња ќе уплатев за париве.." и го враќаш нештото и идеш да уплатиш ливче :ROFLMAO:
 
Е де, сите поскапеа Бондот битно ми поевтина :D

Татко ми пушеше по 4 кутии малборо голд. Ги остави пред 10тина години, пошо сфати дека претеруваше. И уште вика: мислев дека ќе ми останат пари, ама се заебав, пак за друго ги трошам.

Така да, пушачи или не, пак парите ќе ви избегаат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom