Карлос Маја.
Ако вежбаш БЏЏ ќе имаш чат-пат некоја повреда. Најчесто се краткотрајни и минливи. Ако се загреваш како треба на почеток на тренинг, ако се истегаш како што треба на крај на тренинг и ако си бар минимално претпазлив во спаринзи тогаш се ќе биде во ред.
Ако вежбаш било кој спорт ќе имаш чат-пат некоја повреда. Единствен спорт што го знам во кој нема повреди е шах
Ти реков. Оди на пробни тренинзи. Самиот ќе оцениш дали луѓето се со твое темпо на живот. Тоа се отсликува и на самиот тренинг и во самите спаринзи.