Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.087
Поени од реакции
30.026
,,mha,,,DK,,,,aj za sefte na krajov od godinata,,,na tebe i site chlenovikajgandzhii,na onie so koi sum iskontaktiral na ovoj ili onoj nachin ,,,so onie shto sum se raspartalil ili me raspartalile,:icon_mrgr:,,,
,,,ej aloooooooooo,,,na site vi posakuvam se ona shto ste go zamislile a vi zaostanalo ,,,,vo novata nadoagjachka 2015g,,,da vi se dopolnat i site novi zhelbi da vi se ispolnat,,,


:icon_mrgr:
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
Пошо не донирав, пошо не бев на собиранка, пошо ебено бев настинат, и пошо ебено наоѓам изговори за се, и не можам да цитирам тука.
@DaniBMW ги има на каналот на Андреј на јутјуб. Јес да се стари, ама ова го препорачувам :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.140
Поени од реакции
84.830
Моментот кога гледаш стари новогодишни скечеви на К-15 и сфаќаш дека од доцните 90ти до сега и се нема сменето многу.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
На вратата од маѓепсаниот театар Хари Халер прочитал "САМО ЗА ЛУДАЦИ".

Драга
Јас сум ЛУД, ти си ЛУДА, сите се ЛУДИ (некој помалку, некој повеќе)

На секој граничен премин од оваа "наша држава" треба со големи букви, преведено на неколку светски јазици да стои табла со натпис "САМО ЗА ЛУДАЦИ". Добронамерниот посетител на време да знае кај доаѓа или проаѓа.

Во исто време како и секој ден одиш да купиш појадок, а маркетот преполн од луѓе кои го чекале последниот ден да купат зарзават за новогодишната ноќ, по цени исти како и тие вчера, и завчера, и денот претходно. Вриштат, се туркаат, се фрустрираат на гужвата чија причина се токму тие самите.
Своите фрустрации ги излеваат врз недолжните вработени, луѓе кои денес преживуваат пекол за дневница иста како и таа вчера, иста како и таа завчера.

И тие вработени сакаат да ја прослават Новата Година со своите сакани, со своите пријатели, со своето семејство. И додека вие ги правите последните подготовки за непреспаната ноќ, тие луѓе ги трпат вашите изливи на бес, вашите фрустрации и нервози, а покрај се мораат да бидат фини и да ви возвраќаат со насмевка.

Ќе излезат од своето работно место, неколку часа пред Новата Година, со потечени нозе и попуштени нерви, преморени за било каква прослава и непреспана ноќ.

Најмалку што можете да направите е да бидете културни и да им кажете барем едно БЛАГОДАРАМ. Тие луѓе не се виновни за тоа што вие го чекате последниот момент за пазарење, исто како и вашиот сосед, и соседот од другата зграда......

Се додека мислиме само со нашиот стомак, и само на него, ќе бидеме земја на лудаци, на исфрустрирани и искомплексирани двоножци кои поради немање на соодветен термин се нарекуваме луѓе.

БИДИ ЧОВЕК. ЗА МОМЕНТ ЗАБОРАВИ НА СЕБЕ И ПОМИСЛИ НА ДРУГИТЕ. И ТИЕ ГО САКААТ ИСТОТО ШТО И ТИ.


За сите кои денес се на своето работно место и прават натчовечки напори за да ги задоволат нашите хирови

ДЕНОВИ


Како на вратот гердани
ниски камења студени
така на плешки денови
легнале та натежнале

Денови ли се - денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси -

ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди
роди се човек - скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само ргај си
за себе маки тргај си -
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!

......и по толку години ништо не е сменето
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
114
Поени од реакции
139
Драга, вечер славам нг на плоштад Duomo со уште 6 пријатели и знаев дека ќе биде добро пошто сме dream team. Но јас мораше да се разболат вчера :mad:.
Не знам да ти кажам како ќе издржам вечерва на -6 :toe:

Среќна Нова на сите кајганџии и вечер да бидете :pijanco:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Почитувани,
Ве известуваме дека промоцијата „Донирај па цитирај (ДК)“ завршува вечерва на полноќ.
Веднаш по нејзиното завршување може да си смените корисничко име.
Имајте луда и незаборавна вечер и внимателно со алкохолот (инаку нели, нема да биде незаборавна ;) )
Среќни празници на сите.

Да искористам и последно цитирање за годинава :
Досадно ти е? :D :D
досадно му е.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.384
Поени од реакции
28.233
Почитувани,
Ве известуваме дека промоцијата „Донирај па цитирај (ДК)“ завршува вечерва на полноќ.
Веднаш по нејзиното завршување може да си смените корисничко име.
Имајте луда и незаборавна вечер и внимателно со алкохолот (инаку нели, нема да биде незаборавна ;) )
Среќни празници на сите.

Да искористам и последно цитирање за годинава :

досадно му е.
Колешке ќе го препишеш ти спиоскот или јас ? Да пратиме кој донирал, а кој не за да се банира... Или редакцијата новогодишно да не биде злобна, а ? :D

ps. Среќни празници на сите, убав помин вечерва кај и да одите, со кој и да сте, внимателно со алкохолот немојте да сте Пеџа, и немој да спиете. :pijanco::motorce:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom