Јас го имав скоро 8 месеци, и по цврст телефон не сум видел. Едино сега Mi 4 пошто е од челик па е камен, инаку дизајнот, изработката, хардверот, заедно со екранот, сатурација и реален приказ на боите е врв. Исто е скоро како М8, со тоа што нормално послаба конфигурација. Јас ги тестирав сите софтвери за него, од Developer Edition, па до MIUI. Остана на MIUI и таков ептен му се допаѓаше на еден другар па му го продадов.. До сега, можеби некои 5-6 месеци, дечкото не помислува да го менува
Батеријата не е мрдната, трае 1 цел ден со макс користење. Камерата е солидна, има добра оптика позади, па не му смета што има некоја UltraPixel технологија, а е со малце MP..
Искрено, од секогаш сум сметал дека телефонот е лична преференца, и повеќе е моден детал отколку било што друго, затоа што во тие води на Flagship генерално немаш многу утка. И зависи за што ти е примарно користењето, нормално.