Кајгана Базар (слободна размена, дружба, хуманост)

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Локација
јужно од бурегџилницата на аголот
Последната собиранка покажа дека дека кајганџии се дружељубиви и хумани и покрај величењето на сопственото алтерего на форум.

Сите ние дома чуваме работи кои не ги употребуваме бидејќи имаме понови или не потсетуваат на некој/а бивш/а, сме ги надраснале (физички или ментално), нашиот вкус се променил и слично.
Најчесто овие работи завршуват во ѓубре иако се употребливи, но нечие ѓубре за некого е богатство.

Слободната размена функционира насекаде низ светот и претставува начин на спротиставување на конзумеризмот како и намалување на непотребниот отпад.

Предлог како би можело да функционира на кајгана......

При расчистување на домот, работите кои не ги употребувате ( книги, ЦД, сувенири, украси, школски прибор, беџови, навивчки реквизити, мали куќни апарати, играчки, стари мобилни телефони, и разни други ситници), а се употребливи ги фотографирате и ги поставувате на кајгана под реден број. Членот кој има потреба од некој предмет врши резервација и еднаш месечно организираме собиранка на која ќе се изврши размена, ќе се запознаеме, ќе се дружиме и размениме мислења. Предметите за кои нема да се најде нов сопственик, може да се преселектираат и кога ќе се соберат доволно да се донираат на деца без родителска грижа, социјално загрозени семејства и слично.

На овој начин ќе ослободиме простор во нашиот дом за нови работи, ќе се ослободиме од минатото, а некому ќе му го разубавиме денот.

Доколку постои интерес за овој вид дружба, давајте свои сугестии, предлози, идеи.
 
Имам една слика од една бивша (цртана од нејзе во акварел). Иако ме потсеќа на неа ( а патката ме боли за тоа) многу е добро нацртана и не ми се дава .
БТВ во Загреб има музеј на пропаднати врски и секој што има добра прича со некој предмет може да го донира таму и да му го стават во поставката заедно со имињата на двајцата и причата. :love:
 
Ако некој е социјално загрозен или без родителска грижа незначи дека не преферира нови производи наспроти ѓубрето што ни седи по дома.

И да, освен ова интересна замисла.
 
Ако некој е социјално загрозен или без родителска грижа незначи дека не преферира нови производи наспроти ѓубрето што ни седи по дома.

И да, освен ова интересна замисла.

Па немислев на ѓубре, туку на предмети кои не ги употребуваме. Многу пати за роденден или друг повод добиваме работи кои не ни се допаѓаат или не ги употребуваме бидејќи имаме слични. Сити ние имаме книги кои сме ги купиле и прочитале и сега само фаќаат прашина на полици.
Пред некоја година барав една специфична книга (постаро издание) и ја најдов во Хрватска иако по многу македонски домови или подруми собира прашина. Кога ја добив книгата за мене беше исполнување на желба, но истата таа книга за некого е само непотребен предмет наследен од родителите или дедовците која само фаќа прашина и никогаш не е отворена.
Точно е дека децата без родители и социјално загрозените семејства преферираат нови работи, но пакет книги или пакет зачувани играчки е повеќе отколку ништо.
 
Одлично, најдобра идеја што сум ја прочитал на Кајгана,
Еве јас да почнам.
Може и собраното што нема да се размени,да се однесе на пазар и продаде а собраните срества да се донираат на некое загрозено семејство.
----------------------
1. еве кој е по шахот,донирам-поклонувам книга,сите шаховски олимпијади и големите успеси на бивша ЈУ..секогаш втора (ама еднаш и прва, има и некој партии и се друго)
2. ја подарувам и оваа стара единствена слика од старо Скопје,оригинал и А4 формат.Picture 1941.jpg сликата е на стакло,рамката беше стара ја фрлив.
има други работи,ама ај друг пат,сега и се не ми текнува а да и едни модерни сандали.
 
Кој има книги од областа на историја и археологија можит да ми се обратит, а јас ќе видам што имам оти не сум дома моментално. (мислам имам многу книги, светска литература, стара облека, стари телевизори и којзнае треба да се провери)
 
имам и јас нешо книги за размена
има комуњари?
 
имам и јас нешо книги за размена
има комуњари?
Па не мора и оваа тема да ја расипувате,.....?
инаку ако озбилно прашуваш, ете имам стотина книги за НОБ (само за Македонија)
можеби некогаш и би ги продал на некој студент,што тоа ќе го изучува.
Незнам на кој мислиш Ком..... дали на Кузман Ј.П. или на Раде Ј.К. или на Мирко М.
 
Кој има книги од областа на историја и археологија можит да ми се обратит, а јас ќе видам што имам оти не сум дома моментално. (мислам имам многу книги, светска литература, стара облека, стари телевизори и којзнае треба да се провери)

....ќе повторам...поентата не е да даваме и поклонуваме ѓубре и неупотребливи предмети.....туку работи кои нас ни се вишок а се употребиви и на некој член можат да му завршат работа или да бидат донација на лица на кои им се потребни

значи не се работи за предмети кои имаат комерцијална вредност и темава не е огласник, туку слободна размена, секој дава работи што не му требаат и зема работи што му требаат

важна е дружбата и заедничките активности....
@комита ултрас со помош на неколку кајганџии на забавен начин успеа да собере донации успешно

пари ни требаат на сите, но не секогаш парите можат да не направат среќни, понекогаш поклонета книга или играчка може да ни значат повеќе отколку истата вредност во пари

сликата на @Anco е добар пример за различно вреднување на нештата, за некого е само обична црно бела фотографија, но за некој вљубеник во историјата истата таа фотографија има вредност.
За некој од нас поштенска разгледница која припаѓала на нашите родитеи е само безвредно парче хартија, но колекционер на разгледници или пооштенски марки ги гледа со други очи.


алиштата може да се динираат во Црвен Крст или други организирани хуманитарни акции
 
Види дечко, ако знаеше што е огласник ќе забележаше цена, локација, опис и ќе имав оставено контакт.

Друго, еднаш велиш дека не е за комерцијални предмети а друг пат дека може да се донираат во хуманитарни акции(затоа спомнав некои комерцијални предмети).

Ако имаш дај некоја книга за Tom Cruise ако не GTFO!
 
Види дечко, ако знаеше што е огласник ќе забележаше цена, локација, опис и ќе имав оставено контакт.

Друго, еднаш велиш дека не е за комерцијални предмети а друг пат дека може да се донираат во хуманитарни акции(затоа спомнав некои комерцијални предмети).

Ако имаш дај некоја книга за Tom Cruise ако не GTFO!
Е ај не го поти, ако имаш нешто што не ти треба, а е употребливо, повели, стави слика. Ако не гитла од темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom