TotalTV Македониjа Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Во Тотал тв сите канали работат нема ниеден исклучен.

+ Site HD kanali ukluceni se 1mesec free.
 
Последно уредено:
Во ова со интернетот, што е 1090 денари, за да се додадат, Plus и HD пакетите, само би се додала нивната цена? Околу +300 денари? Во секој случај, сега со интернетот ја имаат најдобрата понуда во Македонија, куп канали + интернет 10мб/с неограничен за 1300 денари. Во Т-хоум толку е основниот пакет :misticen:
 
1300 само за тоа, додај + 215 за втор телевизор секој месец (кај т-хоум е еднократно 1000 денари за втор) + опрема и монтажа 2500-3000 денари (n)
тотално неконкуретни со оваа цена, за тие пари секој ќе го стави поскапиот пакет од т-хоум поевтино ќе ти се фати. + тоталтв нема салони и сервис во мк се оди преку некои мак. мали фирми за сателитска опрема кои немаат ни веб страна, ако ти се заебе нешто ќе си имам работа со некои нивни човек фирми со двајца вработени и муабети од типот неможе денес на сервисерот му се роди дете. Големиве оператори со стотици вработени бар имаат работно време и во него мора по налог да оди сервисерот
+ дали некој некогаш ќе ја смета за сериозна фирмава која нема еден ебан салон во цела држава, ако немаат пари за кирија нека пишат ќе им пуштиме по некој денар
п.с. се надевам дека од тотал тв го читаат ова и планираат нешто да сменат или во цена или во начин на функционирање
 
Тие 215 денари за втор телевизор се плаќаат доколку првичната опрема е 2460. Имаш опција еднократно да платиш 3100, па да немаш месечна доплата за втор телевизор. Додај на тоа дека постојано имаат акции, како во моментов, првите 4 месеци да плаќаш само 1 денар, па ќе излезе дека инсталирањето на опремата е бесплатно. Уште не е конкурентна цената?

Што се однесува до салоните, не е точно дека немаат, седиште и салон имаат во центарот на Скопје, секојдневно поминувам покрај истиот, се наоѓа позади Собрание, веднаш до салонот на ЛеснинаМи и продавницата на Краш. Да, можеби немаат салон на секој ќош, ама која е потребата за истото во 2014 година, кога се се прави електронски и одењето во салон е само губење време.

И конечно, за сервисерите, баш ми е мило што се фати за т-хоум. На 4-5 септември (од сосема различни причини) ги контактирав т-хоум и барав да дојде сервисер дома, поради проблеми со макс тв, услуга за која што се согласив да платам. Ми кажаа дека е направен налог и ќе ме контактира некој од вработените пред да дојдат. И така и беше, ме контактираа. На 27 септември. Многу ми значеше тоа дека они се голем оператор со стотици вработени во тој момент. :tvg:
 
Провери си ги информациите се доплаќа за втор 215 денари месечно и плус мораш да имаш фиксна линија од т-хоум (fuck logic ако имам фиксна од т-хоум поевтино е да го имам целиот пакет од нив) 3100 е само инсталацијата за хд приемниците за кои се доплаќа плус 150 денари месечно за хд канали сакал ти или нејќел и во тој пакет ПЛУС Е 215 ДЕНАРИ ЗА ВТОР ТВ
Како најбитно не знаеме каков нет имаат ако е нестабилен и спор, џабе ги браниш ќе видиме за некој месец кога некој ќе стави од овој пакет со нет
И да не се објаснуваме дали се доплаќа или не нека пише некој што има од нив како е
 
Јас имам нет од SunWireless и сум максимално задоволен.... и од сервисот и од се... така што ова барем мене ми изгледа како исклучутелно добра понуда на Тотал ТВ кои несомнено ја имаат и една од најдобрите ТВ понуди.... така што спојов им е баш голем WIN.

Дали имате инфо дали планираат да понудат и фиксна телефонија (за старите прашувам) па да се префрлиме топтан?
 
TotalTV со новини во Јануари, но информациите не се официјални, па дури и да се, на крајот од текстот стои дека некои (нови) канали нема да бидат достапни во сите земји каде што е достапен операторов.
Постоечките RTV Vojvodina 1, Orlando kids HR i OK Bambino HR треба да бидат променети во MPEG-4 стандардот.
Нови HD канали би требало да бидат: FOX HD Srbija, FOX LIFE HD Srbija, DISCOVERY SHOWCASE HD i N1 HD Srbija.
Целиот текст може да го прочитате тука!
 
Ова со HD каналиве освен N1 и Discovery другите не верувам дека ке ги пуштат.
 
RTV Vojvodina SD radit če za sve u regiji, Orlando kids HR SD za sve osim Srbije, OK Banbino HR SD samo za Hrvatsku, FOX SRBIJA HD i FOX LIFE HD za sve osim Slovenije, a DISCOVERY SHOWCASE HD i N1 HD za sve.

незванично
 
Луѓе имате ли програма на тотал тв еве кај мене не работи веќе 24 часа ниту една програма,можно ли е да е од времево?
 
Го исчистив снегот полека полека се вратија каналите но не се сите HD од спорт клуб никако не можат да се уклучат не знам во што е проблемот
 
antenata izmestena ti e, zs na poslaba frenkfencija se pa morase da ja domestam da se pojavat pak, mrdni toa okceto
 
Вие што сте на ТоталТВ, како сте? Задоволни од каналите, услугата, или пак не.... Пишете се...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom