Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Еј цела репрезентација е на припреми и можеа да дојдат и да му оддадат почит на Боро. А од нив ни трага ни глас.Се надевам дека нема да победат ни една на претстојното светско и конечно да оди во историјата ова генерација на ракометни профитери , од играчи до цело РФМ
Јас сум разочаран од постапката на сите ракометни спортисти шо не присуствуваја на комеморацијата денес.
Да се засрамат и РФМ и сите...
Го глеам денес на слики Пепи Манасков наќезен на отворањето на фудбалските терени во Јане Сандански а неможеше да дојди и да оддај почит на Боро , соиграчи беа долги години и големи пријатели. Како капак на се и тренер е на Филип во МРК ...(n)
Е тука се гледа големината на луѓето , во вакви моменти.
Во право е @WilliamTell ... Се дури ги испуштаме вакви луѓе како Боро низ вода , од нас народ не бива.

Нека му служи на чест на сите .

Битола достоинствено го испрати Боро.
 
Голем играч, големо име во ракометот. За Борец ги донесе најголемите радости во 90 те. Премногу млад, почивај во мир.
 
Да се засрамат сите играчи посебно оние кои имале можност да играат со него и да ги бележат најголемите ракометни успеси!Како спортисти од висок калибар можеа да дат достоинствен почит према Боро,ама убо рекле:на ваквите работи се гледа кој е чоек!Битола достоинствено се опрости од него!Почивај во мир Боро,ќе го паметиме по неговите "топки имаат очи" како ги бележеше успесите на РК Пелистер!
п.с.http://www.tera.mk/index.php/vesti/...bitolska-sportska-fela-go-oplakuva-churlevski
не изостави и докторот да присуствува на настанот...типично партиски,за отчетот да биди целосен како го помага спортот! :facepalm:
 
R.I.P. Боро, најдобриот среден бек Македонец кој некогаш сме го имале :cuc:.

Македонскиот ракомет денес остана покус за едно големо име. Во 49. година од животот, по долго боледување почина легендата на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски.

Играчката кариера ја започна во Пелистер во 1984. година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984. и 1990. година, Една сезона (1989) помина во Црвенка, за повторно да се врати во Пeлистер од каде во сезоната 1991/92 премина во Тутунски комбинат од Прилеп, со кој ја освои титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ. По осамостојувањето, кариерата ја продолжи во Борец од Велес со кој во 1993 го освои Купот на Македонија, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освои 4 првенства и 5 Купови на Македонија. Во сезоната 1999/00 играше во грчкиот Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освои шампионската титула во Црна Гора во сезоната 2000/01.

Има одиграно многу натпревари за Националниот тим на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија 1987 . Беше дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествуваше на ЕП во Италија во 1998. и СП во Египет наредната година.

Многу пати е прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 г., Струга 1994/96 г., Меѓународен турнир – Лесковац 2000 г., најдобар стрелец во 1989 г. во Светозарево и 1992г. во Струга.

Тренерската кариера ја започна во Пелистер, а работеше и во грчкиот Килкис, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија.

Последен негов ангажман беше на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седна во септември годинава.

Бог да го прости.

Боро Чурлевски
1965 - 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Од Драчево потаму немате појдено,па овде ќе кажвате кај имало поубај чупиња.:icon_lol:
@RedBlack дава инсајдерски информации,појќе во Битола е отколку во Скопје...:)[DOUBLEPOST=1419761984][/DOUBLEPOST]Иначе за Боро,како и сите големи луѓе од Македонија,за жал на нив се сеќаваат само кога ќе го нема....
Никогаш не доби чоекот шанса да работи во Пелистер,нешто шо напојќе ми е криво..:mad:
Не си ги цениме нашите легенди,а за некој странци партали шо ќе дојдат трчаме се да му погодиме...
За жал зато пропадна Пелистер,зошто нашите играчи,нашите легенди шо го напрајле реномето на Пелистер секогаш биле во втор план за да играат некои од "надворешноста",ќе ме извинат ако ги наречам КОПУЦИ(а биле копуци пред да дојдат во Пелистер)..
Луѓе како Пепи,Кире,Мојсо,Диви и компанија,играчи кои ако не беше Пелистер којзнај кај ќе завршеа,и прашање е дали ќе постигнеа и пола од ова шо се денес,посебно важи за Пепи...
И сега истиот тој Пепи,па и Кире,не најдоа за згодно да тркнат до Битола,макар и на 1 сат,да му оддадат почит на играчот шо ги напрај нив играчи,да кажат некој збор....
Без Боро и Пепи немаше да добива топки,ниту Кире кој дојде како зелкар овде,без патики немаше да стани лидер на Пелистер..
Имав прилика пред 7,8 години да прам муабет со Боро(ми даде еден куп касети од времето,и ги праевме во ДВД формат),чоекот беше енциклопедија за ракомет..
Роден тренер...
И вакви луѓе не добија шанса да работат во Пелистер,носевме секакви Џурковиќи,Мурковиќи,фрлавме пари за странци кои не изиграа ни 5 утакмици заедно...
И после Пелистер пропаднал,е ќе пропадни како нема да пропадни...
Исто важи и за селекцијата,наместо во селекцијата(во сите конкуренции)да работат играчи кои постигнале нешто во кариерата,играчи кои биле во странство,виделе како се работи,кај нас секакви индијанци станаа селектори...
Како на пример Зоран Петковски,шо ќе му кажи на децата?
Цел живот голман,ни смисол од игра,ни акции,ништо....
Да се вратам локално..
Шо е најлошо,наместо нашите легенди од типот на Заре,Иве,Аљушо да се заложат малце за Пелистер,да напрат нешто,тие гроб му копат на клубот....
Ај шо сегашната"управа"нема појма од ракомет то е точно,не се тие криви шо не знат...
Овие легендите наместо да застанат малце,да ги засукат ракајте,да речат чекајте бе луѓе,дајте да напрајме нешто за Пелистер,за сите да видат малку добро...
Тие гроб му копат на Пелистер..

Е зато не бива од нас град,оти секој само за себе си гледа,ко ќе има пари сите ко хиени вртат,и за кратко време се ќе ебат...
Ко ќе снема сите бегат ко ѓаол од крст....
На запад плаќат за ваква историја како шо ја имаме ние,за вакви легенди,ама таму се ценат некои вредности,овде кај нас ништо не се цени,само сопствениот интерес....
Циле и неговата багра си гледа само тендери,парцели,Тројче се знај,за другите шо можат да поможат кажавме,и епилогот е следен...
Наместо сите да седнат на една маса да речат,чекајте бе луѓе,ете да се договориме Циле ќе фрли некоја банка,ете општината ќе поможи околу салата,ќе клајме луѓе од ракометот во управата,да крени гла малце клубот...
Не бе брате,душмани да беа појќе срце ќе имаја....:mad:
 
Последно уредено:
Шо е најинтересно... Сите наши играчи кои дале премногу за клубот, и никогаш не се побуниле или нешто слично, клубот према нив се однесва како према најголемите душмани.
А према оние кои толку време клубот ги форсирал, тие плукат се кочоперат после...
Па еден Томе Георгиевски го гледам пиши омразениот клуб, омразениот дрес... :brlav: Човекот џигерот ми го изгриза со неговите покрети дури играше, па после глуми нешто лудило зошто го избркале.
Кога стигна таков шарлатан да го крева гласот тогаш не треба да чуди шо овие другите се извољеват нешто цело време...
Еве, Кире и Ќани цел живот играле и кога имало и кога немало пари... Па и сега клубот функционира благодарение на нив, и овие неколку играчи играат заради тие двајцата. Аљушо беше овде само кога имаше пари... Утре да не купи некој арап и да замириса само дека пари ќе се инвестират...
Сите овие лешинари ќе се појават истиот момент.
За то шо луѓе како Кире, Пепи не се појавиле на комеморацијата... Доволно кажва колку се луѓе.
Ниту една смрдена изјава не дадоја ниту ништо... Нека му служи на чест, и еден ден и тие вака забораени да бидат...

https://www.youtube.com/watch?v=yefvCpDJi5o
Ова е мислам последното интервју со него... Настрана од оваа ебиветер водителка и мизерните рекламирања низ емисијата, вреди да се погледни...
 
Рк.Пелистер треба да го повлечи бројот 4 во чест и слава на Боро барем постхумно да му одадат признание ако не можеа кога беше жив!
ps или да постават спомен плоча пред спортската сала Младост со негово име како и од Мате Шундовски!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom