Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Драга,
2015 била година на лавот. Кој лав? Love - от?
Сонцево денес сече сини вени небесни, лицето е намачкано со дебел слој Нивеа, животот тече и претекува како млеко.
Во градиве имам не срце, ами машина за пишување, имам калеидоскоп, имам билка со два пара наочари за далеку и блиску. Имам план за Љубљана, имам храброст и лудост, и страв и немам поим што е следно. Дождови и снегови, реки и брегови. Читање и скитање. Редам неважни нешта... Мислам дека љубам без филтри, без шифри, без прашалници, а имам толку многу нејаснотии... Но, што е живот без дамка на омилената пижама?
Сакав да кажам, љуби, без оглед на се’.
Би му родила соѕвездие, ако посака.
М.