Колку сте наивни чудо едно... мислевте дека ќе ги премислите? Дека нема да го донесат законот? Па сега кога сфативте дека нема, сега ајде да се радикализираме. И?
Не ви мрчам: убаво е што излеговте на протест. Убаво е што се уште излегувате на протести. Што покажувате ентузијазам и излеговте од апатија. А законот ќе се донесе. И законот за хонорарците ќе се донесе. И сонцето пак ќе огрее.
Протестот е за да се изрази незадоволство. Повеќе протести - поголемо незадоволство. Целта секогаш е да се генерира доволно незадоволство кое еден ден ќе даде резултат
на избори. Во меѓувреме, живееме во т.н. демократија која подразбира владеење на мнозинството. Со неколку десетици илјади испиздени хонорарци, можеби не е далеку денот кога оваа гарнитура ќе си замине. До тогаш, колку и да е тешко, мора да се прифати реалноста.
Заговарање радикални протести е опасна работа. Прво и најважно, нема да донесе никаков резултат. Имало и порано радикални протести, за Арачиново на пример кога влегоа во собрание. Никој не интервенираше, ги оставија да прават што сакаат, по некое време толпата се разотиде и се така се заврши. Втора работа, радикални протести ќе предизвикаат партиски организирани контрапротести а после тоа ќе гледаме сцени како оние од пред две години од кои жив срам не изеде сите, кога партиски војници се тепаа со стапови по улици. Трета работа, успешни радикални протеси можат да завршат (ова е малку веројатно) со промена на власт, т.е. државен удар, што ќе не вовлече во децении нестабилност, затоа што еднаш кога ќе се отвори пандорината кутија нема враќање назад. И четврто, не е ни прв ни последен пат да е дојден ножот до коска. Прашајте ги стечајците, прашајте ги стружани и кичевчани, тат-овци и кој уште не.
Закон ќе си донесат за се што сакаат зошто имаат мнозинство. Тоа што со вака непопуларни закони ќе си го урнат мнозинството тоа си е нивна работа. После тоа некоја следна влада нека ги исправи неправдите.
И
@true blue , немој да се лажеш дека „радикализација“ подразбира само блокирање раскрсници. Читај ги постовиве на форум ќе видиш што подразбираат под радикализација. На крај вие што сте во организација ќе го јадете за сите ни криви ни должни.