Овака луѓе, ќе гледам да бидам што е можно посмирен. Прво, да изразам среќа за тоа што повторно бевме во прилично голем број, но истовремено да го изразам моето делумно разочарување за тоа што од тие 11 илјади фамозни на ФБ, дојдоа некаде половина, можеби ни толку. Со бројки не сакам да се бавам, ете Сител пишаа 1000-1500, Плусинфо 10.000, така да удрете ја математиката и најдете ја средината.
Сакам ЈАВНО ДА ГИ ОСУДАМ оние кои фрлија со домати и нешто друго ако имаше према полицијата. Зошто? Зарем тие таму кои ја вршат својата работа треба да бидат гаѓани со патлиџани и други глупости?! Во разговор со некои од полицајците, веројатно повисок чин, по крајот на протестот, рекоа дека било океј, без инциденти. Тоа и сакавме, да нема инциденти. Ова ќе го сметам како минорен, заедно со палењето на пиротехничките средства али ок, очигледно некој мораше да го искаже и така своето незадоволство. Али се на се, океј протест.
Е сега, зошто имало толку музика, зошто имало воопшто музика...говори имаше, говореа 5-6 луѓе, професорка, 2 изведувачи по три песни, 2 саати вкупно траеше протестот. Да немаше музика, што ќе праевме 2 саати? Ај еве наместо да плукате, давајте предлози. Марш секад е у план, ама не е баш така лесно да се организира марш, толпа од илјадници луѓе да ја шеташ низ град. На вториот марш имавме малку редари, сега повеќе бевме и добро бевме распределени. (Ја си бев до агрегаторот и си се топлев малце

)
Ако некој го интересира за опремата, ни ја подарија за користење и затоа мораше многу да се пази со неа, од кафичот карши Кастом Паб, не знам како се вика, ги земавме двата огромни чадори и нормално после ги вративме. Озвучувањето беше многу боље него прошлите пати, поголемо, пролиот пат имаше само 2 звучници и толку...јбг, не сме финансирани од Сорос или некој друг па да иаме пари за сите ствари.
Џака си ја отвори душата, ептен се отвори. Малце претерано според мене, но ок. Повика на среден прст за Курир и Сител.
ДА ЈА ПОЗДРАВАМ одлуката на ректорската управа да се прати писмо до Адеми за повлекување на предлог-законот.
АЛОО СТУДЕНТИТЕ СЕ РАЗБУДИЈА!! Ако сметате дека се во право, дека Јустиција е на нивна страна, подржете ги! Ок, можда е грешка, но правите како да е некоја ваууу каква грешка. Грешка ќе беше да се откажеме! Но ние нема, упорни сме, па што биде нека биде. На крајот, и да го изгласаат овој идиотски закон, ќе знаеме дека сме пробале на сите начини, совеста ќе ни биде чиста затоа што знаеме дека сме се обиделе и сме биле упорни!
И тоа би било тоа, ВО ПОНЕДЕЛНИК СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ!!! Евент ќе се прави уште денес, МАСОВНО ДА БИДЕ, беше побарано да не' примат и од професорите и од студентите на собраниската седница, засега нема одговор и веројатно ќе нема. Некаде околу 12 часот ќе биде собирот, со оглед дека тогаш почнува седницата. И сега нема да има музики, па и за тоа да наоѓате замерка.

Јас искрено жалам што нема да бидам таму, со оглед дека одам надвор од земјава на неколку дена, но борбата продолжува и во новата година!