Интересно е ова со спиењето на грб. Многумина искусиле овакво нешто додека лежеле во оваа положба. Знаеш зошто е тоа така?
Што е со билкиве? Знам дека сите можеме да прогугламе и да дојдеме до одговорот, али не е лошо и да си помуабетиме прво.
Ае да помуабетиме.
Тоа со спиењето на грб се поврзува со OBE,сликовито.
Нормално дека може и странично,на стомак,фетус позиција,почесто кај луѓе кои се на лекови или прележуваат некоја болест.
Кај здрави особи најуспешна е таа варијанта со спиење на грб.Не е до сугестија.
Од лично искуство и муабети со други,остварување на луцидниот би го ставил во 3 етапи.
- Инстант >луциден>Кога почнуваме да заспиваме,она чувство кога ти поминува струја низ телото кoja секогаш доаѓа од нозете-конкретно стапалата и буквално го осеќаш духот како ти се одвојува од физичкото тело.Не секогаш успешен,поради стравот и мала деконцентрација те враќа назад.(Воедно и почеток на астрал,али за тоа друга тема)
- REM >луциден>Тоа што најрандом и најчесто се случува кај мнозинството.Едноставно си свесен дека сонуваш и експериментираш додека не се уплашиш.Пак стравот игра главна улога во задржување на тој сон.
- Sleep paralysis >луциден>Минутите пред да се разбудиш,сетилото за вид ти се активира,но мозокот не ги вклучил другите функции.И ова предизвикува паника кај повеќето,ај што се парализирани бонус можат да видат работи што само на сон се гледаат-халуцинации.Па се будат ко гром од ведро небо.Трикот е да останеш мирен и повторно да заспиеш.
Сума сумарум,елиминирање на стравот е клучно во задржување на луцидниот сон.
Друго што би додал онака без некое посебно објаснување.
ЗА луциден - некогаш и траумите помагаат,во лош период од животот полесно се доаѓа до луциден отколку кога се е супер.
Носталгијата и огромната желба да видиш некој/а.
Спиење во период на млада месечина.
Може некоја чаша вино,доволно алкохол колку да го поремети REM дејството.
Преоптеретување со физичка работа додека не фатиш темпо.
Откажување од некој порок.
Билките ти се налик чит у игра.Ако ги имаш не ти треба ништо од горенаведеното.
Зошто и како делуваат е непознато.
Би сакал да постои објаснување за ефектот на огледало,само поради бруталноста и неограничените можности.