- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.296
- Поени од реакции
- 13.046
имаше добар предлог само не знам кај го видов, ниеден да не запише година во август/септември. Да се бојкотираат уписите во јуни. Е тогаш ќе ги видам. Аш планираниот буџет.
И јас го поддржувам таквиот потег.
После ова, од инает ќе им текне и високото образование да го направат задолжително

Дечки јас мислам дека треба сите да се радуваме. После полагањето на државниот испит кој содржи 5 прашања, значително ќе се зголеми квалитетот на образованието во Македонија, и тоа ќе придонесе за произведување на стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Ќе се реши проблемот со невработеноста и сите ќе бидат среќни и задоволни. Доколку непотизмот, препишувањето, поклонувањето на оценки, ниските критериуми и слични работи ги има се' повеќе, тоа нема да промени ништо, поради воведувањето на државниот испит.
Како некој кој работел во странство, но и кој работел за странски фирми во Македонија, можам да ти потврдам дека странските работодавачи воопшто не ги интересираат оценките на потенцијалните работници, туку ги интересираат исклучиво знаењата, вештините и искуството, а тие не се стекнуваат со екстерно тестирање/државен испит.
А кога сме кај домашните работодавачи, тие од секогаш важеле исклучиво за семејни работодавачи, кои вработуваат исклучиво членови на нивните семејства и луѓе кои се блиски до нив.
Ги има безброј примери на млади луѓе со висок успех, пофалби и сертификати, а не биле вработени, а зборувам за приватните фирми, а не за државната и јавната администрација.
Така да, ако една работа е повеќе од јасна од целата оваа ситуација, тоа е фактот дека екстерното тестирање/државниот испит нема да помогне на ама баш никаков начин при вработување или при создавање на стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот.
Тестовите не решаваат ништо, а практичната работа решава се.
Од овие две работи, првото го имаме во изобилие, а ова второво е речиси мисловна именка на македонските универзитети - и на државните и на приватните.