@tzlatko
Одлично и јасно објаснето како работи дефрост и како да се покачуваат постепено температурите. Браво друже!
Само за моментот дали греачот на тацна делува или неделува на поретки дефрости би рекол зависи од изведбата како е поставен греачот, односно дали е поставен само на тацната или е плус извртен и по изменувачот.
Од трите клими што ги имам користено на двете 5,5ки дел од таа жица-греач поминува и точно по средината на изменувачот па кога фаќа мраз надворешната изгледа нешто вака како на сликата
Прегледај го приврзокот 109685
додека на поголемата 9KW единица само на тацната прави црна лента отопен слој. Може мислеле дека има преголем изменувач пошто е во димензии голема за да и треба греач и по средината па не го измотале.
Вероватно како ке ви се погоди, некогаш греачот е само на тацната, некогаш и по изменувачот...незнам како е кај 12ките, можат
@ogledaloogledalo i
@strelec80 да постираат слики мислам дека нивните Хансол и Geyi се со греачи.