Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Јас убаво викам не си информиран. Имаш увид за Канада, Австралија, Европа? И таму се лупаат договори на големи меѓу фриленсери. Не врти муабет на данок, убаво знаеш што пиша во претходниот твој пост, во врска со договори и фриленсери.



Исклучокот не е моментот на револт овде. Зголемувањето на процент на давачката е. Не само за мене и тие во слична ситуација, него и за вработениве од моево семејство.
За договори? Не те разбрав. Да има договори ама тоа е работа на "договор". Кога се фирми обично бараат договори, фактури за да се покријат. Сепак иам клиенти на кои не им чуе а се работи за стотици долари. Единствено би го зголемил лимитот. 9.500 е навистина малку. Или пак тоа да се однесува за тој што прави договор за дело/хонорарец кој веќе е во постојан работен однос.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Па да обично за работа зборуваме а не за данок. Данок плаќаат само Американците :)[DOUBLEPOST=1418667144][/DOUBLEPOST]
Зошто ти би бил исклучок?.
Затоа што не работам во фирма, работам фриленс. Не сакам придонеси. Користам приватно здравство, имам приватен пензиски фонд. Планирам да си одам од тука, како и најголемиот дел од пријателите, роднините, мајка ми и татко ми. Не сум патриот. Не сакам да полнам државна каса, за да изградат уште некој споменик.
Уште еднаш ќе ти кажам- работам фриленс (исто и хоноранците). Тоа значи дека приходите не ми се редовни како тој што е вработен. Не ги користам бенифициите од платен одмор, к-15, слобода за викенд и за празници, нема да користам трудничко (здравје боже) па нит боловање и да не набројувам.
Ете зашто треба да сум исклучок!
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Па и мојот е во минус секој месец за пензиско, здравствено и социјално, и јас треба да излезам на протест за тоа, како после ќе функционира и така упропастеното здравство?
Кога ќе отидам на лекар, јас веќе сум го платил мојот преглед, а ти без да платиш се лечиш за исти пари како и мене, а на крајот од месецот ти остануваат повеќе пари од мене.


Бегате од вистинските проблеми или пак не ја признавате правичноста на дел од законот, пример со тебе можам да се согласам за следново дека треба да биде разгледано и запазено и дека законот може да биде искористен од работодавците:

1. Ако сте невработен, следниот работодавач нема зошто веќе да ве вработува, бидејќи придонес за здравствено и пензиско веројатно сами ќе си ги плаќате. Дури може и да ве отпушти, па да ве префрли на авторски договор, т.е. хонорарна работа.
2. Ако не сте редовно вработен, а нема да бидете, тогаш за вас не важат законските одредби кои ги регулираат вашите права: право на годишен одмор, право на боледување, право на отсуство во случај смрт на близок и слично...
3. Ако сте млада жена, бидете сигурни дека кога ќе затрудните, ќе ви биде прекинат авторскиот договор и никому ништо!
4. Ако сте вработен и земате дополнителен хонорар, ќе плаќате дупло пензиско, но парите нема да одат во вториот пензиски столб.
5. Ако сте вработен и земате дополнителен хонорар, ќе плаќате дупло здравствено осигурување(!!!), но повластици за тоа нема да добиете!


Со тоа што:
1. Ако те префрли на хонорарна работа веќе не си обврзан да одиш на работа, бидејќи е хонорар, ќе работиш од дома и по однапред дефинирани цели... Сигурно нема да ти рече хонорнарно да мешаш малтер од дома...

2. Ова во случај на злоупотреба на законот, во спротивно хонорар е хонорар, извршување на услуга за некој, не вработен, па оттука кога сакаш можеш да се лечиш или да идеш на одмор.

3. Колку трае тој авторски договор? Или се обидуваш да го изиграш законот и да платиш 10% а си фактички вработена?

4. Не се знае ова...

5. Па секој вработен со дупло поголема плата од друг вработен плаќа дупло повеќе здравствено осигурување. Не гледам сите тие да се излезени на штрајк, социјална држава?
Колку што сум информирана, со самото тоа што си пријавил данок на приходи над 90.000 во годината, нема да имаш право на бесплатно здравство.
Така да ова не држи вода.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Затоа што не работам во фирма, работам фриленс. Не сакам придонеси. Користам приватно здравство, имам приватен пензиски фонд. Планирам да си одам од тука, како и најголемиот дел од пријателите, роднините, мајка ми и татко ми. Не сум патриот. Не сакам да полнам државна каса, за да изградат уште некој споменик.
Уште еднаш ќе ти кажам- работам фриленс (исто и хоноранците). Тоа значи дека приходите не ми се редовни како тој што е вработен. Не ги користам бенифициите од платен одмор, к-15, слобода за викенд и за празници, нема да користам трудничко (здравје боже) и да не набројувам.
Ете зашто треба да сум исклучок!
Добро сепак приходите се гледаат на годишно ниво. Во ситуација сум на пример да се шинам од работа еден месец ама ќе заработам за 5 месеци просечна плата во Македонија. Битно е колку пари вадиш од работата. Сепак фрилансингот не ти дава платен одмор ама ти дава да си одредиш кога и колку сакаш да работиш и тн. интересно е што за некои работи се бара солидарност а за други не. Како и да е гуд лак со идејата да се отселиш само ти препорачувам негде Панама да фатиш или таква некоја земја каде нема толкѕ даноци. Во моемтнов работам со двајца Американци што живеат во централна америка само заради даночните поволности :) и после американците биле патриоти :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Па и мојот е во минус секој месец за пензиско, здравствено и социјално, и јас треба да излезам на протест за тоа, како после ќе функционира и така упропастеното здравство?
Имам неколку идеи.

Помалку споменици, помалку компјутери во едукативни установи чиј што екран не видел бел ден и човечки очи, само прашина збираат, помалку бесплатни срања за пензионерите, помалку казни, или поблаги да се од постоечките или најавените.

И наместо тоа, заштедените пари нека идат у фонд за здравство. Еврибади хепи.


Али не, шмукаат пари од сегде и на разно разни начини затоа што се у дефицит, а ја лажат државата дека сме пуни пари, дека цута економија, вработувања каде стигнеш, среќни деца со среќно детство, мизеријата е дел од вчерашни некое минато и не знам што уште ..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Колку што сум информирана, со самото тоа што си пријавил данок на приходи над 90.000 во годината, нема да имаш право на бесплатно здравство.
Така да ова не држи вода.
Точно, така нешто, така да и така си плаќала здравство до сега, нема пак да плаќа ако остварува над тоа...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Добро сепак приходите се гледаат на годишно ниво. Во ситуација сум на пример да се шинам од работа еден месец ама ќе заработам за 5 месеци просечна плата во Македонија. Битно е колку пари вадиш од работата. Сепак фрилансингот не ти дава платен одмор ама ти дава да си одредиш кога и колку сакаш да работиш и тн. интересно е што за некои работи се бара солидарност а за други не.
Се фативме само за платениот одмор? Што е со другите бенефиции кои нема да ги добивам? А ќе плаќам исто како тебе?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Имам неколку идеи.

Помалку споменици, помалку компјутери во едукативни установи чиј што екран не видел бел ден и човечки очи, само прашина збираат, помалку бесплатни срања за пензионерите, помалку казни, или поблаги да се од постоечките или најавените.

И наместо тоа, заштедените пари нека идат у фонд за здравство. Еврибади хепи.


Али не, шмукаат пари од сегде и на разно разни начини затоа што се у дефицит, а ја лажат државата дека сме пуни пари, дека цута економија, вработувања каде стигнеш, среќни деца со среќно детство, мизеријата е дел од вчерашни некое минато и не знам што уште ..
Не бе, гајле ми е, нека ми ги вратат и на мене парите од здравствено и пензиско, и на сите нека ни ги вратат, па после ќе немаме споменици тоа е сигурно... Еврибади хепи...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
na 22ri site treba da iskocat na protest! site do eden!posebno studentite!poso niv ke gi udri najmnogu ovoj zakon!
А присутни ќе бидат невработените кои бараат работа ама молат да не ја најдат и се живо и диво им смета.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не бе, гајле ми е, нека ми ги вратат и на мене парите од здравствено и пензиско, и на сите нека ни ги вратат, па после ќе немаме споменици тоа е сигурно... Еврибади хепи...
Па нека ги вратат на сите. Грабеж не е сарказам термин користен од незадоволната маса како опис за државнава гарнитура. Со причина седи.

Ако можат земји да имаат бесплатно здравство зошто не и ние? Ни фондови ни ништо од такви глупости.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Се фативме само за платениот одмор? Што е со другите бенефиции кои нема да ги добивам? А ќе плаќам исто како тебе?
Солидарност јбг. На пример сите се фаќаме за некое дете кога треба да му се направи операција од катаљарда евра и бараме фондот да ги покрие трошоците а реално 10.000 луѓе во цел живот нема толку да искористат пари од фондот како тоа едно дете.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Па нека ги вратат на сите. Грабеж не е сарказам термин користен од незадоволната маса како опис за државнава гарнитура. Со причина седи.

Ако можат земји да имаат бесплатно здравство зошто не и ние? Ни фондови ни ништо од такви глупости.
Што да ти кажам на ова, ту гуд ту бе тру
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А присутни ќе бидат невработените кои бараат работа ама молат да не ја најдат и се живо и диво им смета.
Контрадикција. Ако се живо и диво им смета, не би барале активно работа in the first place. И да, ќе бидат најверојатно.[DOUBLEPOST=1418668285][/DOUBLEPOST]
Солидарност јбг. На пример сите се фаќаме за некое дете кога треба да му се направи операција од катаљарда евра и бараме фондот да ги покрие трошоците а реално 10.000 луѓе во цел живот нема толку да искористат пари од фондот како тоа едно дете.
Со сила хуманитарни акции не бива. А фондот не одобри средства за случај кој го знам а потребна му е таква помош. Не верувам дека ќе смени полиса преку ноќ.

Нејќам мои пари таму. Крај.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Може Емка забега од темата, но врти сучи- на сите ни е скурца од све.
Зошто јас ќе излезам на протест? Еве ти проста математика.
Работам како фриленсер и просек заработувам 400-500 долари месечно. Ќе идеме со 500.
Данокот што досега го плаќам изнесува 10% од сумата, односно 50 долари. Трансферот на пари (банките) ми зема уште 50 долари. Се на се- 100 долари изгубени пари во старт. Остануваат 400 долари.
Плаќам кирира од 150 евра. Остануваат 200 долари. Сметка за струја 3000-4000 денари. Близу 600 денари. Вип 600 денари. топлификација (што не ја користам а плаќам) 500 денари, вода 300-500.
Сега направи ја истава математика со 35% данок и види зашто ќе бидам во први редови на протест.
400-150=200:pos:
Ова некоја нова математичка формула
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Во македонска фирма данокот го плаќа работодавецот. Еве не знам објасни кој треба персоналец да плати ако си ангажиран од странска фирма? И тие таму и работникот тука?
Ако мислиш на некој усен договор. Зборев за договор за дело. Такво нешто нема.
Шега.
http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica
Еве ти линк па читај и образувај се бидејќи „обрзованието е сила и моќ„.

Јас едно не можам да разберам бре како можете да живеете во „кутија“? Излезете надвор од таа кутија и погледнете подалеку. Зарем толку не ја гледате апсурдноста на ваквите предлог закони, закони во најава или како и да ги именуваат? Зарем толку не можете да увидите дека измислителите на овие небулози по стопати ќе се навраќаат и ќе се “дообјаснуваат“ и “дооправдуваат“ пред јавноста во нивните “чисти и искрени“ намери да воспостават ред и праведност за граѓаните на оваа држава а никако да прифатат дека грешат. Ако толку сакаат да стават ред зошто тие самите се изземаат од овој закон? Зошто еден парламентарец да зима пратеничка плата и да биде член на уште 2-3 места во разни тн. Совети и Управни одбори за чие членување зима дополнителен приход и притоа да биде ослободен од плаќањата на дупли доприноси? И што со плаќањето на тие доприноси? Ниту ќе биде здравствената услуга поквалитетна ниту основицата за пензија ќе биде поголема.
Сакаат да поттикнат вработувања нека почнат од сите јавни институции и буџетски корисници да ги вработат тн. волонтери, практиканти и останати хонорарци кои работат со дог. за дело. Сакаат да проверат кој држи хонорарци “фиктивно“ лесно можат да проверат кој во континуитет месец за месец во текот на цела година исплаќа дог. за дело.
Начини има ама не им е тоа целтта.
И доста размислувате себично јас сум вработен баш ми е гајле за другите. Каде ви е колективната свест? Утре можеби ти ќе бидеш у ситуација да крпариш од хонорар до хонорар, или твоето дете, внук....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom